Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

србија

media-libraryretpbucd202maFVi2fP

Спајиќ со порака до Вучиќ: „Ќе ве чекаме во ЕУ од 2028 година и навиваме да побрзате“

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, му одговори на предлогот на српскиот претседател Александар Вучиќ Западен Балкан заеднички да се приклучи кон Европската унија. Иако ја поддржа идејата за заедничка европска перспектива, Спајиќ порача дека Црна Гора очекува да биде подготвена за членство веќе во 2028 година.На социјалната мрежа Икс, Спајиќ напиша: „Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму од 2028 година и навиваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“.Изјавата следи по настапот на Вучиќ на панелот „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ на форумот Белтолкс во Белград, каде српскиот претседател образложи дека најдобрата опција за Унијата е истовремено членство на сите земји од регионот.„Ако прифатите една, две или три од нас, тогаш што ќе правиме со другите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, рече Вучиќ, најавувајќи дека идејата ќе ја изложи пред претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.Според Вучиќ, заедничкиот прием би бил од придонес за стабилноста и на регионот и на Европа.

Свет | пред 22 часа

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ во Белград: ЕУ да нè прими сите заедно, инаку проблемите остануваат

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европската Унија може да ги реши геополитичките предизвици на Западен Балкан само доколку ги прифати сите земји од регионот истовремено, без селективен пристап. Тој зборуваше на панел-дискусијата „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ во рамки на форумот „BELTALKS“.„Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“ рече Вучиќ, нагласувајќи дека прашањето се однесува и на иднината на регионот и на иднината на Европа.Тој најави дека утре во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, каде што ќе ја претстави својата иницијатива за заеднички прием на сите држави од Западен Балкан. Според него, таков пристап би донел стабилност и позитивна перспектива за целиот регион.Осврнувајќи се на кризата со Нафтената индустрија на Србија (НИС), Вучиќ ги наведе трите можни решенија, посочувајќи го 15 јануари како краен рок. Првото сценарио, кое го оцени како малку веројатно, е укинување или суспензија на американските санкции. Втората опција е продажба на мнозинскиот пакет акции од страна на руските сопственици, а третата – интервенција на државата како последно средство.Тој додаде дека Србија мора да внимава да не го загрози финансискиот систем и инвестицискиот рејтинг, истакнувајќи дека земјата, според економските проекции, во следните пет години ќе биде меѓу најуспешните во Европа. Во излагањето предупреди и на ризик од голем глобален конфликт во наредната година и пол, наведувајќи дека, и покрај бројните критики од регионот, досега не одговорил на нив.Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека делумно го поддржува предлогот на Вучиќ Западен Балкан заеднички да влезе во Европската Унија, додавајќи дека Црна Гора веќе „ќе чека“ таму од 2028 година. „ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот регион, но ние ќе ве чекаме и ве охрабруваме да побрзате“, напиша Спајиќ на социјалната мрежа X.

Македонија | пред 1 ден

vucic-45345

Вучиќ: Изморен сум од претседателската функција, но премиерската е опција

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да го менува Уставот за да остане на претседателската функција, но ја остави отворена можноста да стане премиер, доколку има доволна јавна поддршка. Во изјава за време на форумот „Beltalks: Белградски економски разговори“, Вучиќ додаде дека е уморен и дека би сакал во иднина оваа функција да ја преземе некој друг, пренесува Blic.rs.„Уморен сум и исцрпен. Можам да бидам премиер, но за тоа ви треба јавна поддршка, а и јас треба да ја донесам таа одлука. Тоа не е лесно, ниту по едно прашање“, рече Вучиќ. „Како што им велам на моите соработници – не бидете оптимисти и не го потценувајте противникот. Но јас би сакал некој друг да ја врши оваа работа во иднина.“Осврнувајќи се на своето владеење, Вучиќ истакна дека Србија има стабилна економска ситуација. „Изградивме повеќе патишта за 10 години отколку што е направено од 1945 година. Имаме голем број градилишта, Експо, работиме и на метро. Кога ќе дојде до промена на власта, луѓето можеби ќе бидат среќни во првиот момент, но потоа ќе сфатат колку било добро и колку напредувавме“, изјави тој.На крајот додаде дека е човек што го водат свои убедувања „кои никој не може да ги промени“.

Свет | пред 1 ден

media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

Српските служби тајно ги „хакале“ телефоните на активисти: БИА инсталирала шпионски софтвер, полицијата вадела податоци преку Cellebrite

Активист од здружението „Крокодил“ открива за БИРН Србија дека при информативен разговор во Безбедносно-информативната агенција (БИА) му било наложено да го остави телефонот пред канцеларијата. Кога по еден час и половина си заминал, на уредот имал известување дека сите негови контакти биле експортирани.Независното вештачење на „Амнести интернешнел“ потврдило дека службите не само што извршиле дигитална форензика, туку и инсталирале spyware – шпионски софтвер за следење.„Две недели гледаа што прави ќерка ми, како се капе, фотографиите што ги споделуваме со родителите. Сè. Страшно“, изјавил активистот, инсистирајќи на анонимност.БИРН разговарал со повеќе активисти кои биле приведени или повикани „на разговор“, а форензичарите на „Амнести“ утврдиле дека нивните телефони биле компромитирани – податоците биле извлечени, а шпионски софтвер тајно инсталиран.Српските служби користеле различни тактики:„покани“ за информативни разговориненадејни приведувањаодземање телефони и пристап без согласностИзвлечените уреди биле поврзувани со Cellebrite – израелска технологија што ја користат безбедносни служби ширум светот за отклучување мобилни телефони.Случајот на Иван Бјелиќ: „Тие буквално знаат сè за мене“Еколошкиот активист Иван Бјелиќ од групата „СвиЧе“ бил приведен на денот на изборите на 17 декември 2023 година и држен два часа во станица, додека полицијата го поврзувала неговиот телефон со Cellebrite систем.Форензичките записи покажуваат дека уредот бил поврзан преку USB околу 17:55 часот, што овозможило извлекување на:лични податоципораки, вклучително и избришанилокациска историјаподатоци од iCloud/Google Driveапликации што корисникот мислел дека се заштитени„Тие знаат кога одам во теретана, што купувам за кучето, кога ги полевам растенијата. Сè“, раскажува Бјелиќ.Што може Cellebrite?Документи и протечени спецификации откриваат дека опремата може:да отклучува телефони, па дури и силно заштитени апликациида извлекува избришани пораки и скриени податоцида чита податоци за Bluetooth и Wi-Fi конекциида мапира движење преку базни станицида користи AI анализа, препознавање лица и визуелизација на мрежи на контактиОвие можности на службите им овозможиле да вметнат spyware и да го следат секое движење и комуникација на активистите.Истражувањето на БИРН и вештачењата на „Амнести интернешнел“ откриваат систематско и незаконско следење на граѓански активисти во Србија, со злоупотреба на технолошки алатки кои вообичаено се користат во борбата против организиран криминал.

Свет | пред 5 дена

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Рафинеријата Панчево се гаси и се полни со азот, во Србија ,,клуч” на петтина од бензинските пумпи

Состојбата на пазарот на нафтени деривати во Србија, и покрај санкциите на САД врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост, сè уште можеби не е драматична, но наскоро би можело да предизвика постепено затворање на една петтина од бензинските пумпи во земјата, објавуваат српските медиуми.Санкциите што ги воведе Канцеларијата на Министерството за финансии на САД врз рускиот енергетски сектор, воведени на почетокот на годината, се во сила за руско-српската компанија од 9 октомври, и нема индикации дека НИС ќе добие лиценца за обезбедување на проток на сирова нафта преку нафтоводот Јанаф или од други извори.Рафинеријата за нафта Панчево веќе го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.За да се спречи корозија, системите се полнат со азот. Ова може да трае до три месеци, а повторното активирање би било можно дури за околу еден месец.Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е договорено плаќањата со НИС да бидат обезбедени на ризик на државата до крајот на неделата.Вучиќ призна дека Русите не сакаат да го продадат својот удел во компанијата, тврдејќи дека „не станува збор за пари, туку за политика“.Според официјалните податоци, НИС управува со околу 20 проценти од бензинските пумпи во Србија, но генерира речиси 50 проценти од својот промет на пазарот од продажба на гориво, што значи дека продава повеќе гориво од кој било друг. НИС е во ко-сопственост на државата Србија (29,87 проценти), а акциите се исто така во сопственост на граѓани, сегашни и поранешни вработени и други малцински акционери.Негативниот исход од ситуацијата би можел да доведе до постепено затворање на станиците на НИС и Газпром - 356 од вкупно 1.520 во цела Србија.

Свет | пред 6 дена

media-library04jip6kbu81cdtkdLuz

(Видео) Студенти и граѓани ја блокираа РТС: Вашето право да не знаете ништо

Група студенти и граѓани вечерва околу 21 час, го блокирааа влезот во зградата на Јавниот сервис, Радио-телевизија на Србије.Тие се револтирани за, како што велат, непрофесионалниот начин на известување на РТС од локалните избори во три општини.Велат дека на програмата на РТС немало информации за купувањето гласови, насилството, заканите и нерегуларностите за изборите во Мионица, Неготин и Сечањ.Во порака, објавена на Инстаграм порачаа:„Ваше право да не знате ништо за кражбата на изборите во Мионица, Неготин и Сечањ”, алудирајќи на логото на РТС ,, Вашето право да знаете се”.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryidb1llg6mfnm9hWkxQj

(Видео) Локални избори во три општини во Србија под сенка на насилство и тешки нерегуларности

Локалните избори во Неготин, Мионица и Сечањ денес се одбиваа и завршија во атмосфера обележана со напади, притисоци и сериозни пријави за изборни злоупотреби и нерегуларности.Општините беа окупирани со лица кои не живеат во тие места, често криејќи се со качулки.Видеата на социјалните мрежи и медиумите покажуваат дека изборите не беа слободни и демократски.Граѓанската организација ,,Црта” ги повлече своите набљудувачи од Мионица по напад на нивниот мобилен тим, а истовремено полицијата на пат кон Неготин заплени палици, нож и бибер-спреј. Црта пријави и купување гласови во Сечањ.Во Сечањ, полициски кордон потиснувал мирни граѓани од пред општинската зграда, додека во непосредна близина се наоѓале просториите на СНС. Зелено-левиот фронт објави дека маскирани напаѓачи поврзани со владејачката партија го нападнале нивниот пратеник Богдан Радовановиќ.Движењето ,,Крени-Промени”, пријави бројни нерегуларности на речиси сите избирачки места, а како најтежок инцидент го посочија случајот кога гласач упатил смртна закана кон студентка – контролор.Напнатата атмосфера беше придружена и со политички притисоци: покраинскиот секретар за урбанизам Немања Ерцег и неговиот помошник навредувале студент-набљудувач во Сечањ.НУНС остро го осуди нападот врз фоторепортерот Гаврило Андриќ во Неготин, кој бил соборен и повреден од група лица при што му бил одземен телефонот. Набргу потоа следел физички судир помеѓу студенти и подржувачи на СНС, во кој, според снимките, бил присутен и владеачки функционер.Изборниот ден, наместо демократски процес, го одбележа страв, насилство и системска злоупотреба, оставајќи сериозни сомнежи за регуларноста на гласањето.

Свет | пред 1 седмица

media-library9n79ol04h7ug1DI0bfH

Нов инцидент во Белград: Маж избоден во „Чациленд“

Уште еден инцидент се случи во центарот на Белград, во близина на Народното собрание.Припадните на полициските интервентни единици кои го обезбедуваат „Чациленд“ пред Собранието на Србија, уапсиле маж, кој, според Министерството за внатрешни работи нападнал жител на оваа шаторска населба.27-годишниот Д.П. со нож го нападнал 37-годишниот М.Н.Досега во „Чациленд“, се случија повеќе насилни инциденти и физички пресметки.Повредениот М.Н. бил веднаш пренесен во Ургентниот центар, а полицијата го уапсила напаѓачот.Министерството соопшти дека нападот се води како дело на лесна телесна повреда, спротивно на првичните шпекулации на социјалните мрежи дека се работи за терористички напад.Како што пренесе Б92, институциите брзо ја демантирале таа информација.Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на инцидентот.,,Граѓаните не треба да се плашат, државата ќе знае како да се справи со насилниците. Нема да дозволиме сценарија на уличен хаос. Институциите ќе реагираат строго на секој обид за нарушување на јавниот ред,“ изјави Вучиќ.

Свет | пред 1 седмица

media-library2ctip5bldfkb33YrMx2

Србија денес гласа на локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ

Денеска во Србија се одржуваат локални избори во Неготин, Мионица и Сечањ. Во Неготин и Мионица гласањето е редовно, додека жителите на малата банатска општина Сечањ излегуваат на вонредни избори. Сите три места се сметаат за упоришта на владејачката Српска напредна партија.Во споредба со локалните избори во Заечар и Косјериќ во јуни, атмосферата пред денешните избори е помирна, со помалку тензии и забележливо отсуство на големо внимание од јавноста. Избирачките места се отворени од 7:00 часот утрово, а гласањето ќе трае до 20:00 часот.Право на глас имаат над 56.000 граѓани во сите три општини.

Свет | пред 1 седмица

873x400-2-2-400x240-1

Просечната декемвриска пензија во Србија зголемена за 50 евра

Просечната пензија за декември во Србија ќе биде зголемена за 12,2 проценти и ќе изнесува околу 56.860 динари, односно 485 евра. Директорот на Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), Реља Огњеновиќ потенцираше дека ќе биде поголема за околу 6.000 динари.„Овој метод на прилагодување е најповолен за корисниците. Благодарение на растот на БДП од јули 2024 до јуни 2025 година, учеството на нето пензиите во БДП е помало од 10 проценти, а со примена на формулата за прилагодување од Законот за ПИО, се добива процент од 12,2 проценти“, истакна тој.Додаде дека фондот ги обезбедил парите за исплата на зголемени пензии со финансискиот план за 2026 година.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryeadgnra9i75fd7vTMUF

(Видео) Потпорен ѕид и пат се урнаа во Крагуевац, биле градени без дозвола

На градилиште во Крагуевац, Србија, во близина на комплексот Центар за извонредност, утрово се урнаа потпорни ѕидови и дел од пристапниот пат. Инвеститорот РП Инвест градел целосно нелегално бидејќи неговото барање за градежна дозвола било одбиено претходниот ден.Во образложението на одлуката се споменуваат голем број неправилности. Меѓу другото, е утврдено дека димензиите на подземните катови не се во согласност со Локациските услови и Урбанистичкиот проект. Инвеститорот бил предупреден дека темелната плоча и ѕидовите не смеат да ги преминуваат границите на соседните парцели.Во научниот комплекс биле инвестирани околу 23 милиони евра, работите беа завршени на почетокот на минатата година, но пристапните патишта и потпорниот ѕид се урнаа.

Свет | пред 1 седмица

media-librarybv3jsb396h9087TQWyZ

Тешка несреќа во Србија: Четири лица загинаа во судир меѓу комбе и градежен валјак

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот меѓу Ириг и Рума во Србија, според првичните информации, загинаа четири лица, а три се повредени. До трагедијата дошло кога патничко комбе од засега неутврдени причини удрило во градежен валјак, пренесува „Телеграф“.Сцените од местото на настанот се морничави. Од силниот удар, комбето буквално се подвлекло под машината и останало целосно згмечено. На терен веднаш биле испратени повеќе екипи на итната помош, пожарникари и полиција.Акција за спасување и увидПожарникарите вложиле големи напори за да ги извлечат загинатите и повредените од уништеното возило. Според неофицијални информации, три лица биле извадени без знаци на живот. Сите повредени веднаш биле пренесени во болница.Полицијата врши увид за да го утврди точниот причинител што довел до оваа тешка несреќа.Сообраќајот е во прекинСообраќајот на овој дел од патот е целосно запрен за сите возила. На возачите им се препорачува до понатамошно известување да користат алтернативни правци.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvalnce1o9tao7Tdnf1x

Српската опозиција се судри со „Чациленд“, полицијата интервенира, нереди пред српското собрание

Пред зградата на српското Собрание утрово повторно избувнаа тензии, откако полицијата ги спречи опозициските пратеници да влезат во парламентот. Дел од пратениците се обиделе да поминат низ импровизираниот камп „Чациленд“, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе има непречен пристап до институцијата.Инцидентот избил во моментот кога опозициските пратеници Ѓорѓе Станковиќ и Богдан Радовановиќ се обиделе да го отстранат шаторот поставен на скалите. Лицата од кампот реагирале бурно, по што следеле турканици и вербални напади. Полицијата веднаш интервенирала за да ја смири ситуацијата.Слични расправии се случија и вчера, кога до судири дојде меѓу учесниците во протестот и пратениците од движењето Србија центар (СРЦЕ) предводени од Здравко Понош.Опозициските партии бараат од Брнабиќ да се премести оградата поставена околу шаторите, со образложение дека се нарушува нормалниот влез во парламентот. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе излезе со иницијатива во врска со кампот, додека Брнабиќ вети дека во рок од два дена пратениците ќе можат непречено да влегуваат.Кампот „Чациленд“ е присутен пред парламентот повеќе од половина година. Првично никнал како студентска вик-форма под мотото „само сакаме да учиме“, но со текот на времето значително се проширил. Независните медиуми во Србија известуваат дека во кампот сè почесто се појавуваат групи блиски до власта, вклучително и агресивни лица кои се позиционираат како противтежа на студентските протести што се заострија по трагичната смрт на 16 луѓе во Нови Сад.

Свет | пред 2 седмици

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Помош пристигнува од Будимпешта: „Унгарија нема да дозволи Србија да остане без енергетски извори“, порача Сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска допатува во Белград, каде што разговара со српските власти за начините на кои Унгарија може да ѝ помогне на Србија по прекинот на испораките на нафта од Хрватска. Тој ја соопшти целта на посетата во видео-порака објавена на неговиот профил на „Фејсбук“.„Србија е во тешка позиција. Ние, Унгарците, јасно, ќе им помогнеме на Србија и на српскиот народ и на српската економија, а деталите за оваа помош ќе ги разговараме денеска во Белград“, порача Сијарто во видеото.Посетата доаѓа само еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека рафинеријата НИС – која е под контрола на руски „Газпром“ – може да ја прекине работата за четири дена доколку САД не ги ревидираат новите санкции. Застојот во производството би можел да создаде сериозни проблеми со снабдувањето со нафтени деривати во пресрет на зимата.Вашингтон минатиот месец воведе санкции за НИС како дел од мерките против компании поврзани со Русија поради војната во Украина. Како последица на тоа, Хрватска го стопираше транспортот на сурова нафта кон Србија, оставајќи ја земјата во исклучително незавидна позиција.Сијарто уште во април најави дека е во подготовка проект за нафтовод кој би ја поврзал Унгарија со Србија. Според неговата изјава, оваа инфраструктура би можела да профункционира до 2028 година и да ги задоволува речиси сите српски потреби за сурова нафта, пренесувајќи четири до пет милиони тони годишно.Односите меѓу двете земји последните години значително се продлабочија, а Војводина, Белград и Будимпешта интензивно соработуваат, паралелно продолжувајќи да одржуваат блиски врски со Москва. Сијарто и Вучиќ се меѓу европските лидери кои најотворено соработуваат со Русија.Според агенцијата Танјуг, по средбата на министрите во Белград, шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ изјави дека темите на разговор вклучувале забрзување на изградбата на нови нафтоводи и гасоводи што треба да ја подигнат енергетската сигурност во Србија и Унгарија.„Јасно е дека во времето во кое живееме, не можеме да зависиме само од еден правец на снабдување... ако сакаме да создадеме добри економски услови, ова е услов без кој не може да се направи“, истакна Ѓуриќ.На заедничката прес-конференција, Сијарто повтори дека сите технички детали за унгарската поддршка ќе бидат финализирани во Белград и подвлече: Унгарија нема да дозволи Србија да остане без енергетски извори.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryecq0cmuegd2tbuoqeDA

(Фото) Студентката Ана Радовиќ исчезната на пат кон Белград: Службите трагаат по автомобил кој според очевидци паднал во езерото Меѓувршје

Дваесетгодишната студентка Ана Радовиќ од Златибор исчезнала на пат кон Белград, каде што живее и студира. Од домот тргнала сама, но никогаш не пристигнала на својата дестинација.Случајот е објавен на страницата „Исчезнати во Србија“, а службите во меѓувреме трагаат и по автомобил за кој очевидци пријавиле дека завршил во езерото Меѓувршје со две лица во него. Поради оваа дојава, вчера беше спроведена опсежна акција за пребарување на теренот.Последен пат Ана се јавила на својот брат додека се движела во реонот на Чачак.Младата девојка е висока околу 170 сантиметри и има светлозелени очи. Семејството и пријателите упатуваат апел до сите што располагаат со каква било трага да се јават на надлежните служби.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања