Во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот меѓу Ириг и Рума во Србија, според првичните информации, загинаа четири лица, а три се повредени. До трагедијата дошло кога патничко комбе од засега неутврдени причини удрило во градежен валјак, пренесува „Телеграф“.
Сцените од местото на настанот се морничави. Од силниот удар, комбето буквално се подвлекло под машината и останало целосно згмечено. На терен веднаш биле испратени повеќе екипи на итната помош, пожарникари и полиција.
Акција за спасување и увид
Пожарникарите вложиле големи напори за да ги извлечат загинатите и повредените од уништеното возило. Според неофицијални информации, три лица биле извадени без знаци на живот. Сите повредени веднаш биле пренесени во болница.
Полицијата врши увид за да го утврди точниот причинител што довел до оваа тешка несреќа.
Сообраќајот е во прекин
Сообраќајот на овој дел од патот е целосно запрен за сите возила. На возачите им се препорачува до понатамошно известување да користат алтернативни правци.