Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Вучиќ во Белград: ЕУ да нè прими сите заедно, инаку проблемите остануваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европската Унија може да ги реши геополитичките предизвици на Западен Балкан само доколку ги прифати сите земји од регионот истовремено, без селективен пристап. Тој зборуваше на панел-дискусијата „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“ во рамки на форумот „BELTALKS“.

— реклама —

„Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“ рече Вучиќ, нагласувајќи дека прашањето се однесува и на иднината на регионот и на иднината на Европа.

Тој најави дека утре во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, каде што ќе ја претстави својата иницијатива за заеднички прием на сите држави од Западен Балкан. Според него, таков пристап би донел стабилност и позитивна перспектива за целиот регион.

— реклама —

Осврнувајќи се на кризата со Нафтената индустрија на Србија (НИС), Вучиќ ги наведе трите можни решенија, посочувајќи го 15 јануари како краен рок. Првото сценарио, кое го оцени како малку веројатно, е укинување или суспензија на американските санкции. Втората опција е продажба на мнозинскиот пакет акции од страна на руските сопственици, а третата – интервенција на државата како последно средство.

Тој додаде дека Србија мора да внимава да не го загрози финансискиот систем и инвестицискиот рејтинг, истакнувајќи дека земјата, според економските проекции, во следните пет години ќе биде меѓу најуспешните во Европа. Во излагањето предупреди и на ризик од голем глобален конфликт во наредната година и пол, наведувајќи дека, и покрај бројните критики од регионот, досега не одговорил на нив.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави дека делумно го поддржува предлогот на Вучиќ Западен Балкан заеднички да влезе во Европската Унија, додавајќи дека Црна Гора веќе „ќе чека“ таму од 2028 година. „ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот регион, но ние ќе ве чекаме и ве охрабруваме да побрзате“, напиша Спајиќ на социјалната мрежа X.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryretpbucd202maFVi2fP

Спајиќ со порака до Вучиќ: „Ќе ве чекаме во ЕУ од 2028 година и навиваме да побрзате“

Свет | пред 22 часа

vucic-45345

Вучиќ: Изморен сум од претседателската функција, но премиерската е опција

Свет | пред 1 ден

media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

Српските служби тајно ги „хакале“ телефоните на активисти: БИА инсталирала шпионски софтвер, полицијата вадела податоци преку Cellebrite

Свет | пред 5 дена

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Рафинеријата Панчево се гаси и се полни со азот, во Србија ,,клуч” на петтина од бензинските пумпи

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања