Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

србија

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: „Сите се подготвуваат за војна – тоа значи дека ќе ја има“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на свеченото отворање на новата брза железничка пруга меѓу Белград и Суботица изјави дека светот влегува во многу опасен период и дека, според него, „сите се подготвуваат за војна“.„Ќе биде сè потешко во светот. Ќе биде потешко и кај нас, затоа што луѓето мораат да знаат дека сите се подготвуваат за војна. А кога се подготвуваат за војна, тоа значи дека таа и ќе се случи. Јас ви велам – ќе ја има,“ рече Вучиќ, пренесе Telegraf.Според српскиот претседател, глобалните сили веќе не се заинтересирани за разговори и дипломатија, туку исклучиво за конфронтација.„Не ги интересираат разговори и преговори. Ги копаат своите ровови и го чекаат почетокот, а знаат дека војната секогаш ќе дојде. Чекаат и се подготвуваат,“ изјави тој.Изјавата на Вучиќ доаѓа во момент на засилени геополитички тензии во Европа и светот, каде што честопати предупредува дека Србија мора да биде подготвена на сите сценарија.

Свет | пред 2 месеци

GmGKXsXWIAAcvu6-1024x602-1

Поминаа 11 месеци од уривањето на настрешницата во Нови Сад, граѓаните го одбележаа со протестен марш

Градовите низ цела Србија одбележуваат 11 месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица, со комеморативни прошетки и бдеења со свеќи.Неколку илјади луѓе синоќа тргнаа од железничката станица Прокоп кон онаа во Нов Белград по облачно време и влажен коловоз.Во колоната се вклучени студенти, граѓани, воени ветерани, но нема вообичаени скандирања, ниту звук на вувузели и свирчиња.„Нека тишината одекнува низ цела Србија“, напишаа тие во објава на социјалните мрежи, додека претходно побараа „свирчињата да се остават дома“.Студентите и демонстрантите бараат владејачките структури да бидат одговорни за несреќата и тврдат дека настрешницата се срушила поради корупција, додека владата на Српската напредна партија (СНС) и претседателот Александар Вучиќ го негираат ова.

Свет | пред 2 месеци

media-library7b9005956c067PIx0Cc

Зад милијардите на „MK Group“ се крие еколошка катастрофа во Врбас

Додека официјалните податоци на месната индустрија „Carnex“ се мерат во милијарди и тони производи, жителите на Врбас и околните места сведочат за сосема поинакво искуство – секојдневие исполнето со непријатни миризби, загадена вода и постојан страв за здравјето, пренесува порталот 24sedam.rs.Според истиот извор, во официјалните извештаи на „MK Group“ и нејзината месна индустрија „Carnex“ се истакнуваат приходи од над десет милијарди динари годишно, како и статусот на најголем производител и извозник во земјата. Но, зад овие импресивни бројки стои сосема поинаква реалност.Каналите и полињата околу фабриката сведочат за загадување на водата, почвата и воздухот, за неподносливи миризби и за помор на рибата во „Големиот бачки канал“. Жителите предупредуваат и на сè поголем број здравствени проблеми, што ја претвора оваа индустриска гордост во потенцијална еколошка катастрофа.

Балкан | пред 2 месеци

media-librarycoqhqjb31gba4tzRfN7

Пукање во Вишничка Бања: Пет лица ранети во кафе-бар во Белград

Пет лица се ранети во пукање кое се случило нешто по 14 часот во кафе-бар во белградската населба Вишничка Бања.Непознати напаѓачи влегле во локалот „Локал бар“ и отвориле оган врз присутните гости.Досега е познато дека меѓу ранетите се маж на возраст од 59 години и жена од 42 години, соопштуваа од Министерството за внатрешни работи (МУП) на Србија.Денеска околу 14:23 часот во угостителски објект во Вишничка Бања, од страна на засега непознато лице, било употребено огнено оружје, при што се повредени пет лица – три мажи и две жени. Повредените се пренесени и згрижени во Ургентниот центар. Во тек е увид и полицијата интензивно работи на расветлување на случајот, стои во соопштението на МУП.Според првичните, неофицијални информации, повеќе вооружени лица излегле од возило, упаднале во локалот и почнале да пукаат. Сведоци велат дека кафулето во минатото било собиралиште на навивачи, но засега не е познато дали нападот има поврзаност со тоа.Одеднаш слушнав пукање. Прво не знаев што се случува, а потоа видов дека луѓето трчаат на сите страни. Се слушаа истрели од повеќе страни, а на улицата имаше минувачи и луѓе на автобуската постојка. Сите почнаа да бегаат, изјавил еден од очевидците за порталот nova.rsПолицијата е на местото на настанот и врши увид.

Свет | пред 2 месеци

Atina-policija

Свински глави пред муслимански објекти: Србија уапси група осомничена за злосторства од омраза во Берлин и Париз

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 11 лица се приведени под сомнение дека учествувале во серија злосторства од омраза во главните градови на Германија и Франција. Осомничените, сите државјани на Србија, делувале во периодот од април до септември 2025 година, а акциите ги изведувале во Париз и Берлин.Според информациите, нивните активности вклучувале фрлање зелена боја на Споменикот на Холокаустот во Париз, неколку синагоги и еврејски ресторан. Дополнително, биле поставувани свински глави во близина на муслимански верски објекти во париската област, како и пред Бранденбуршката порта во Берлин.Министерството наведува дека групата броела 14 членови, од кои 11 се приведени и се наоѓаат во притвор во Смедерево, во близина на Белград. Тие ќе бидат испрашани во следните 48 часа. Главниот организатор, идентификуван со иницијали М.Г., е сè уште во бегство и, според истрагата, дејствувал по инструкции на „странска разузнавачка служба“. Не е наведено која служба стои зад тоа.Француските власти уште во 2023 година предупредија дека Русија се обидува да предизвика нестабилност во Европа, по појавата на Давидови ѕвезди на повеќе локации низ Париз. Српското министерство не потврди дали и во актуелните инциденти е вклучена Москва, но нагласи дека групата имала за цел да шири идеи што поттикнуваат омраза, дискриминација и насилство врз основа на вера, раса, етничка припадност или националност.Веста доаѓа во контекст на силните односи меѓу Белград и Кремљ. Владата на Српската напредна партија неодамна промовираше документ на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), во кој се обвинува ЕУ дека поддржува „шарена револуција“ во Србија преку антивладини протести. Србија остана меѓу ретките европски земји што не се приклучија на санкциите против Русија по инвазијата на Украина во 2022 година, а редовни авионски линии и понатаму ја поврзуваат со Москва и Санкт Петербург.

Свет | пред 2 месеци

protesti-srbija

Нова етапа на жестоки судири во Србија, студенти и поддржувачи на власта излего на улиците

Во Србиј синоќа протести и контрапортести: студентите и граѓаните кои пред РТС и низ повеќе градови излегоа со барања за правда и промени, и симпатизерите на владејачката СНС кои организираа контрамитинзи на над 200 локации. Во Белград, демонстрантите најавија масовен собир пред јавниот сервис и блокираа повеќе сообраќајници, обвинувајќи дека РТС е претворен во мегафон на власта.Сликата на терен уште повеќе го нагласи впечатокот за селективно известување. Државните медиуми речиси и да не информираа за протестите, додека според Н1 полицијата насилно ги потиснувала граѓаните кои им даваа поддршка на студентите, ограничувајќи им го пристапот. Во исто време, учесниците на собирите на СНС слободно маршираа низ центарот. Пред зградата на јавниот сервис е приведено едно лице, а на дел од партиските митинзи се појавија и високи функционери.Тензии имаше и надвор од главниот град. Во Богатиќ, двајца полицајци беа повредени при судир со присутни граѓани, а во Чачак, според извештаите, две лица завршија претепани од полицијата со пендреци. На повеќе локации органите на редот интервенираа за да ги раздвојат колоните и да спречат директни судири.Овие паралелни собири отвораат нова нервозна изборна фаза во земјата. Студентските протести ја ставаат под лупа улогата на јавниот сервис и полициските постапки, а власта одговара со масовна мобилизација и демонстрација на партиска сила. Нови собири се веќе најавени, со неизвесен развој и сè погласни барања за еднакви услови и транспарентен медиумски простор.

Свет | пред 2 месеци

mkd-355369

(Видео) Инцидент на пругата Ваљево – Косјериќ: излетани се цистерни со нафта

Две цистерни полни со нафта синоќа излетаа од шините на железничката пруга Ваљево – Косјериќ, во близина на местото Ражана, пренесуваат локалните медиуми.Според првичните информации, цистерните биле при крајот на товарниот воз што се движел кон Косјериќ. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, ниту дали имало истекување нафта од композицијата.Надлежните институции извршуваат увид на местото на настанот и истражуваат дали постои опасност од загадување и какви мерки ќе бидат преземени.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2024-03-23-at-19.53.31

Страотен злостор во Србија: Внук осомничен за убиство на баба и дедо

Во семејна куќа во близина на Деспотовец, Србија, пронајдени се мртви брачниот пар М.Р. (79) и Ж.Р. (76). Според изворите на српските медиуми, за двојното убиство осомничен е нивниот внук М.М., кој по делото наводно зел автомобил и побегнал.Мештаните се во неверување и за убиените сопружници велат дека биле мирни и чесни луѓе.„Живееја мирен, пензионерски живот. Ова е трагедија,“ изјави еден од соседите.За осомничениот младич велат дека повремено доаѓал кај бабата и дедото, а родителите му живеат во Италија.„Не делуваше проблематично, некогаш тргуваше со стока и на пазар,“ сведочат соседите.Телата на сопружниците во локва крв ги пронашле роднини, кои веднаш ја повикале полицијата. На лице место биле извршени увид од страна на полицијата и дежурниот јавен обвинител од Јагодина.Во селото кружат шпекулации за можни мотиви, меѓу кои и долгови или дрога, но официјални информации засега нема. Истражните органи продолжуваат да работат на расветлување на случајот.

Свет | пред 2 месеци

media-library2bnl5t35pij84UKTGrT

Дарко Лазиќ доживеа четврта сообраќајна несреќа, сопругата повредена!

Популарниот пејач Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина вчеравечер доживеаа тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Генекс, во близина на Белградската арена. Автомобилот на Лазиќ се судрил со автобус, по што удрил во банкина и целосно се уништил. Ова е четврта сообраќајна несреќа во која учествува пејачот.Лазиќ и претходно бил вклучен во неколку сообраќајни инциденти, а една несреќа од октомври 2018 година засекогаш го промени неговиот живот. Тогаш, на патот кај неговото родно село Брестач, автомобилот му се превртел, по што итно бил пренесен во Клиничкиот центар во Земун со тешки повреди опасни по живот. Лазиќ бил на апарати за дишење еден месец и поминал 23 дена во кома. Повредите биле сериозни: 12 скршени ребра, скршен колк, карлица и градниот кош, хематом на глава, како и повреди на внатрешни органи – слезина и бубрег.И покрај драматичната несреќа, Лазиќ продолжил со ризично возење. Во 2021 година, поради пукната гума, удрил во столб, а во 2023 година имал судир со комби во близина на местото каде што се случила и оваа несреќа.Според неофицијални информации, во моментот на несреќата Лазиќ бил под дејство на алкохол со повеќе од 1,9 промили во крвта, додека тестот за дрога бил негативен. Исто така, неговата возачка дозвола одамна му е одземена. Автомобилот што го возел Лазиќ, марка „Мерцедес“, не е во негово сопствеништво, туку изнајмен.По последниот инцидент, Лазиќ веднаш бил пренесен во Воено-медицинската академија (ВМА), каде му биле направени анализи и КТ на главата. Поради болки и исекотини бил задржан на испитување. Тој бил во свесна состојба и дал изјава на полицијата која била присутна во болницата. Негова сопруга Катарина била хоспитализирана во Клиничкиот центар Земун, се жалела на болки во главата и имала исекотини, но подоцна била пуштена на домашно лекување.Овој инцидент предизвика загриженост во јавноста, особено со оглед на претходните сообраќајни несреќи во кои Лазиќ бил вклучен и нивната сериозност.

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryqvmiahhal2qf9Yym6fz

По две и пол години започна извлекувањето на сплавот ‘Фристајлер’ од Сава

По две и пол години започна извлекувањето на познатиот белградски сплав „Фристајлер“, кој потона на 1 јануари 2023 година за време на новогодишната прослава.На местото кај Бранковиот мост, каде што сплавот исчезна под водата, поставена е голема механизација која работи на негово отстранување.Во моментов механизацијата вади наслаги од кал, по што се очекува сплавот постепено да биде подигнат на површината.И во минатото имаше обиди за извлекување на овој објект, но тие завршија без успех.Да потсетиме, „Фристајлер“ потона меѓу 1 декември 2022 и 1 јануари 2023 година. Како главна причина тогаш се наведуваше преголемиот број луѓе кои се наоѓале на сплавот во моментот на неговото потонување.

Свет | пред 2 месеци

vucic-brnabic

Брнабиќ: Вучиќ направи за Србија во 10 години она што други градат со генерации

„Покажавме сила на единството. Капацитетот да ја заштитите својата земја е еден од основните предуслови за нејзино градење и развој. Александар Вучиќ за 11 години на чело на Србија успеа да ги постави сите темели за понатамошен развој, кои до 2012 година, од различни причини, беа целосно разурнати,“ изјави Ана Брнабиќ.Таа нагласи дека Србија денес е стабилна држава, додека, како што рече, пред 2012 година многумина се труделе таа да живее „во некаков привремен режим, сè додека самата не се угаси“.„Денес претседателот Вучиќ продолжува со работа. Имаме нови мерки за граѓаните, решаваме проблеми од клучно значење кои досега не успеавме да ги решиме. Веќе утре претседателот ќе биде во Њујорк, на Генералното собрание на ОН, каде што ќе продолжи да се бори за Србија,“ истакна Брнабиќ.Таа додаде дека, и покрај критиките кон Вучиќ, неговата „неуморна борба за Србија, постојаната работа и натчовечката посветеност никој не може да му ги оспори“.„Таа енергија за само 10 години создаде од Србија она што во други земји генерации го граделе. Му благодарам за сета борба. Само напред,“ порача Брнабиќ.

Свет | пред 2 месеци

media-library671c23rfb7564wlIBxx

Војска и студентите се поздравија и покрај полицискиот кордон на парадата во Белград

На денешната воена парада „Снага јединства“ во Нов Белград, и покрај строгите полициски бариери, дојде до кратка интеракција меѓу студентите и припадниците на Војската на Србија, јавува Nova.rs.Според извештаите, полицијата прво спречила дел од студентите и граѓаните да присуствуваат на парадата, држејќи ги во полициски обрач. Истовремено, друга група луѓе која била организирано доведена, се движела без пречки.И покрај тоа, дел од војниците возвратиле на поздравите што им ги упатиле студентите и граѓаните од внатрешноста на полицискиот кордон. На социјалните мрежи се појави и видео од моментот, проследено со пораката на студентите: „Војска је народна“.Организацијата на парадата ја спроведоа Министерството за внатрешни работи и Жандармеријата под команда на директорот на полицијата Драган Васиљевиќ и министерот Ивица Дачиќ, а пред сè со поддршка на претседателот Александар Вучиќ.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Подржувачите на Вучиќ вечерва на протест против блокадите

Подржувачите на Вучиќ, членовите на СНС, вечерва ќе протестираат против студентските блокади.Протести се најавени низ цела Србија. Според нив блокадите го нарушуваат секојдневното функционирање на државата и дека граѓаните сакаат да се вратат во нормалниот живот и работа.Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека денес ќе присуствува на митинг и дека тоа ќе биде семеен собир кој ќе биде мирен и ќе испрати порака за тоа каква Србија сакаат мнозинството нејзини граѓани.„Ќе учествувам а таму нема да има полиција. Тие ја напаѓаат полицијата затоа што знаат дека нашите полицајци се толерантни“, изјави Вучиќ вчера на гостување во ТВ Пинк.Најавени е дека граѓаните ќе се соберат од 18:00 часот и тоа во 120 градови и населени места, по што се планирани мирни маршеви против блокадите.

Свет | пред 3 месеци

IMG_1006

Индексот-посилен од пендрекот: Утре нов студентски протест во Белград

Студентите во блокада на Универзитетот во Белград, револтирани од однесувањето на власта, најавија за в понеделник нов протест под мотото:„Индексот е посилен од пендрекот“.„Нови Сад не го простуваме“, порачуваат студентите во најавата на нови протести, како одговор на полициското насилство на протестите во Нови Сад.На социјалните мрежи, студентите напишаа дека протестот почнува во 14 часот.Тие објавија и план на протестот:првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и објекти и на крај Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.

Свет | пред 3 месеци

vucic-brnabic

По хаосот, Вучиќ: Полицијата работеше професионално; Опозицијата: Брутална злоупотреба на сила

По полноќ српската полиција упадна во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, придружена од ректорот Дејан Мадиќ. Според сведоштва на студенти, професори и граѓани, присутните биле собрани во амфитеатарот каде што полицијата им наредила да останат со часови. Студентите објавија дека припадник на жандармеријата нападнал студент кој во живо пренесувал од местото на настанот и му го одзел телефонот. Утринава околу три часот присутните биле пуштени.Полицијата претходно постави кордони околу Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование, користејќи солзавец, шок-бомби и палки за да го растера протестот организиран под мотото „Србијо, дали се слушаме?“. Според Министерството за внатрешни работи, акцијата била потребна поради сознанија дека демонстрантите планирале напад врз полицијата.Претседателот Александар Вучиќ по акцијата изјави дека полицијата постапила „строго професионално“, притоа најавувајќи дополнителни апсења. Тој соопшти дека биле повредени 11 полицајци и остро ги нападна европските политичари присутни на протестот, нарекувајќи ги „олош“.Опозицијата жестоко реагираше. Милош Павловиќ од Националното движење на Србија потсети дека според Законот за високо образование полицијата нема право да влегува во факултети без сериозна закана за безбедност. Мариника Тепиќ од ССП го обвини Вучиќ дека „видно алкохолизиран“ ликувал на полициската бруталност, а партијата Србија Центар (СРЦЕ) оцени дека акцијата е „непотребна, брутална и злоупотреба на органите против мирни граѓани“.Опозициските партии предупредија дека Нови Сад стана симбол на поделби и репресија, а невидениот степен на употреба на хемиски агенси и шок-бомби го нарекоа „намерно труење на граѓаните“.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања