Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Вучиќ: Изморен сум од претседателската функција, но премиерската е опција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
vucic-45345

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да го менува Уставот за да остане на претседателската функција, но ја остави отворена можноста да стане премиер, доколку има доволна јавна поддршка. Во изјава за време на форумот „Beltalks: Белградски економски разговори“, Вучиќ додаде дека е уморен и дека би сакал во иднина оваа функција да ја преземе некој друг, пренесува Blic.rs.

— реклама —

„Уморен сум и исцрпен. Можам да бидам премиер, но за тоа ви треба јавна поддршка, а и јас треба да ја донесам таа одлука. Тоа не е лесно, ниту по едно прашање“, рече Вучиќ. „Како што им велам на моите соработници – не бидете оптимисти и не го потценувајте противникот. Но јас би сакал некој друг да ја врши оваа работа во иднина.“

Осврнувајќи се на своето владеење, Вучиќ истакна дека Србија има стабилна економска ситуација. „Изградивме повеќе патишта за 10 години отколку што е направено од 1945 година. Имаме голем број градилишта, Експо, работиме и на метро. Кога ќе дојде до промена на власта, луѓето можеби ќе бидат среќни во првиот момент, но потоа ќе сфатат колку било добро и колку напредувавме“, изјави тој.

— реклама —

На крајот додаде дека е човек што го водат свои убедувања „кои никој не може да ги промени“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryretpbucd202maFVi2fP

Спајиќ со порака до Вучиќ: „Ќе ве чекаме во ЕУ од 2028 година и навиваме да побрзате“

Свет | пред 21 час

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ во Белград: ЕУ да нè прими сите заедно, инаку проблемите остануваат

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

Српските служби тајно ги „хакале“ телефоните на активисти: БИА инсталирала шпионски софтвер, полицијата вадела податоци преку Cellebrite

Свет | пред 5 дена

media-library2ov5378spb5h7GdcQaM

Рафинеријата Панчево се гаси и се полни со азот, во Србија ,,клуч” на петтина од бензинските пумпи

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања