Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Српската опозиција се судри со „Чациленд“, полицијата интервенира, нереди пред српското собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryvalnce1o9tao7Tdnf1x
Х

Пред зградата на српското Собрание утрово повторно избувнаа тензии, откако полицијата ги спречи опозициските пратеници да влезат во парламентот. Дел од пратениците се обиделе да поминат низ импровизираниот камп „Чациленд“, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе има непречен пристап до институцијата.

— реклама —

Инцидентот избил во моментот кога опозициските пратеници Ѓорѓе Станковиќ и Богдан Радовановиќ се обиделе да го отстранат шаторот поставен на скалите. Лицата од кампот реагирале бурно, по што следеле турканици и вербални напади. Полицијата веднаш интервенирала за да ја смири ситуацијата.

Слични расправии се случија и вчера, кога до судири дојде меѓу учесниците во протестот и пратениците од движењето Србија центар (СРЦЕ) предводени од Здравко Понош.

— реклама —

Опозициските партии бараат од Брнабиќ да се премести оградата поставена околу шаторите, со образложение дека се нарушува нормалниот влез во парламентот. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе излезе со иницијатива во врска со кампот, додека Брнабиќ вети дека во рок од два дена пратениците ќе можат непречено да влегуваат.

Кампот „Чациленд“ е присутен пред парламентот повеќе од половина година. Првично никнал како студентска вик-форма под мотото „само сакаме да учиме“, но со текот на времето значително се проширил. Независните медиуми во Србија известуваат дека во кампот сè почесто се појавуваат групи блиски до власта, вклучително и агресивни лица кои се позиционираат како противтежа на студентските протести што се заострија по трагичната смрт на 16 луѓе во Нови Сад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryretpbucd202maFVi2fP

Спајиќ со порака до Вучиќ: „Ќе ве чекаме во ЕУ од 2028 година и навиваме да побрзате“

Свет | пред 23 часа

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ во Белград: ЕУ да нè прими сите заедно, инаку проблемите остануваат

Македонија | пред 1 ден

vucic-45345

Вучиќ: Изморен сум од претседателската функција, но премиерската е опција

Свет | пред 1 ден

media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

Српските служби тајно ги „хакале“ телефоните на активисти: БИА инсталирала шпионски софтвер, полицијата вадела податоци преку Cellebrite

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања