Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Скопје1.мк

Screenshot-2025-09-14-at-21.55.02

Тепачка со боксови и клоци заврши со смрт во паркот „Жена борец“, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против две лица на возраст од 44 и 46 години, кои се сомничат за кривично дело „Тешка телесна повреда“ по член 131 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, настанот се случил на 10 септември во вечерните часови, во паркот „Жена-борец“ во Скопје. Осомничените заедно со оштетениот пиеле алкохол, по што настанала вербална расправија која прераснала во физичка пресметка. Двајцата, со удари со тупаници и клоци по главата и телото, му нанеле сериозни повреди на оштетениот.Нападнатото лице било пренесено во болница, каде по два дена им подлегнало на повредите.Поради тежината на делото и опасноста од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Скопје | пред 2 месеци

jancev1

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа - прифатени мерките по сообраќајката

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје ги прифати мерките на претпазливост што ги предложи Обвинителството за пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.Со одлуката, на Јанчев привремено му се одземаат патната исправа и возачката дозвола, со што му се ограничува можноста да ја напушти државата и повторно да управува моторно возило. Целта на ваквите мерки е да се обезбеди негово присуство и непречено водење на кривичната постапка.Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случи во неделата по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „Хјундаи тусон“ удрил во мопед „Јијинг“ управуван од 16-годишен малолетник. Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека полесни повреди доби сопатникот на Јанчев.Според извршените анализи, ниту еден од возачите не бил под дејство на алкохол или други супстанции. Автомобилот и мопедот се подигнати за вонреден технички преглед, а во тек е и сообраќајно вештачење.Обвинителството најави дека ќе продолжи со прибирање на докази за целосно расчистување на случајот.https://skopje1.mk/archives/348344

Македонија | пред 2 месеци

jancev

Пратеникот Јанчев од Левица осомничен за сообраќајна несреќа со тешко повредени малолетници: свртел лево, без да се увери дека е безбедно

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека повело постапка против пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за сторување на кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 3, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Според обвинителството, околу еден часот по полноќ во селото Марино, Јанчев управувал автомобил „Хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки спротивно на правилата за безбедност. Тој најпрво преминал на левата страна од коловозот, а потоа нагло свртел десно без да се увери дека тоа може да го направи безбедно. Во тој момент во десниот страничен дел од возилото удрил мопед „Јијинг“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник.Од ударот, возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, кои не носеле заштитни кациги, се здобиле со тешки телесни повреди. Полесни повреди добил и сопатникот во автомобилот на Јанчев.Извршените анализи покажале дека ниту кај Јанчев, ниту кај малолетниот возач на мопедот не е утврдено присуство на алкохол или други психоактивни супстанции. Автомобилот и мопедот се одземени и ќе бидат подложени на вонреден технички преглед, а ќе биде извршено и сообраќајно вештачење.Јавниот обвинител, земајќи ги предвид сите околности, предложил на осомничениот да му се изречат мерки на претпазливост – привремено одземање на патната исправа и возачката дозвола – со цел да се обезбеди негово присуство и непречено водење на постапката.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

Побаран краткотраен притвор за 4 лица во врска со пожарот во Трубарево

„Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица.Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 месеци

pozar-trubarevo

Слабее чадењето во Трубарево, и натаму се затрупува просторот со специјална пена и песок

Од опожарениот простор во Трубарево останува слабо чадење на само неколку точки, кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето“, изјави Ангелов, додавајќи дека со ваквата интервенција се очекува проблемот во целост да се надмине.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-03-18-at-23.08.48

Собир во вторник на плоштад за загинатите во Кочани: „Вака веќе не може, не смееме да отрпнеме“

Движењето „Кој е следен“ најави собир на плоштадот во Скопје, а по изминувањето на шестте месеци од трагедијата во Кочани каде во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица. Собирот е закажан за во вторник, во 20:16 минути.„Не беше несреќа, не беше трагедија, беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Вторник, 16 септември, 20:16 минути, младите повикаа на тивок собир и ѕвездено небо. Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да нѐ разбесни и поттикне на акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме мени пред неправдата, да преземеме одговронсот, секој на свој начин“, сои во највата.

Скопје | пред 2 месеци

orce-gjorgievski

Ѓорѓиевски најави „SKOPJE CITY GO“ – паметна картичка за услуги во главниот град

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, го претстави проектот „SKOPJE CITY GO“ – унифицирана паметна картичка која, како што вели, ќе им овозможи на граѓаните пристап до сите градски услуги на едно место.„Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана дигитална алатка“, напиша Ѓорѓиевски. Со картичката ќе може да се користи јавниот превоз, паркинзите, културните и забавните содржини како музеи, кина, театри, жичарата и Зоолошката градина.Тој најави дека „SKOPJE CITY GO“ ќе биде симбол на социјална еднаквост, бидејќи средношколците, семејствата со ниски примања, пензионерите, невработените и лицата со попреченост ќе ја добијат бесплатно, а услугите ќе бидат бесплатни или со значително намалени цени.Картичката ќе има вредност и во приватниот сектор, со што општествено одговорни компании ќе овозможат дополнителни услуги и поволности.„SKOPJE CITY GO“ ќе биде достапна како мобилна апликација и како физичка картичка, за да биде прилагодена на сите возрасни категории и технолошки навики, потенцира Ѓорѓиевски.Тој проектот го претстави како дел од визијата за „модерно, дигитално и европско Скопје“ кое ќе штеди време и пари на жителите и ќе обезбеди еднакви можности за сите.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-10.27.02

Чадењето на Дрисла намалено, останува да се затрупа уште третина од опожарената површина

Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Според него, изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови, што овозможило да се намали чадењето, иако тоа сè уште е присутно.„Сеуште чади, но во неспоредливо помал обем во однос на првиот ден. Затрупувањето продолжува и утре, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина“, изјави Ангелов.Интервенцијата продолжува со механизација и затрупување на критичните точки со цел целосно гаснење на пожарот.

Скопје | пред 2 месеци

0-02-05-0c18bfe524b6aae54a4bc506686e78d39d9b33df62f29043e4b6f3ab86e7536b_21d1182000d

ЦУК: Под контрола е ожарот во „Дрисла“ и пет други локации, изгаснати седум жаришта

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 18 часот на 14 септември 2025 година, на територијата на државата биле евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои ниту еден не е активен. Според податоците, шест пожари се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати.ПОД КОНТРОЛА: 6
Општина Студеничани: Депонија „Дрисла“ (ѓубре);
Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);
Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
Општина Гевгелија: Кожуф планина, кај с. Петрово (приземен пожар);
Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа).
ИЗГАСНАТИ: 7
Општина Прилеп: с. Лагово (ниска вегетација);
Општина Кавадарци: с. Возарци (ниска вегетација);
Општина Куманово: с. Черкези (ниска вегетација);
Општина Желино: с. Желино (депонија);
Општина Бутел: ул. „Брсјачка Буна“ (ѓубре);
Општина Гази Баба: ул. бр. 1, Булачани (дрвја);
Општина Ѓорче Петров: ул. „Франце Прешерен“ (ѓубре).

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

ОЈО Скопје по пожарот во Трубарево: Нема радијација, контаминацијата е хемиска

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека во врска со големиот пожар во складиште со отпад во Трубарево, засега не е детектирана радијација, туку станува збор за хемиска контаминација.„Радијација не е детектирана, контаминацијата е хемиска. Обвинителството бара поддршка, не издава наредби на АРМ. На барањето беше веднаш одговорено и беше првично детектиран опасен периметар со ниво на загаденост по сектори и согласно тоа надлежни служби пристапија на евакуација. Резултатите од мерењата на инспекторатот за животна средина се уште не се доставени до обвинителството“, соопштија од ОЈО.Пожарот, кој избувна во саботата, предизвика густ токсичен чад што се прошири над повеќе скопски населби. Жителите алармираа за печење на очите и проблеми со дишењето, а дел од нив беа евакуирани. Институциите и натаму вршат мерења и проценки за последиците врз здравјето на населението и животната средина.

Скопје | пред 2 месеци

ganikj

Инспекција влезе во компанијата со која граѓани поминаа патешествие од Истанбул до Скопје

По голготата на македонските туристи кои за Истанбул со „Ганиќ-Ексклузив“, Министерството за транспорт и врски започна со вонреден надзор. Истовремено, од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека во континуитет вршат контроли во доменот на нивната надлежност. Ова доаѓа откако патници се пожалија дека компанијата сакала да ги превезува со неисправен автобус, а по низа инсистирања (за некои се објавени и снимки), испратено е ново возило. Од Министерството за транспорт посочуваат дека проверките ќе бидат детални.„Во рамки на своите законски надлежности Министерството за транспорт ги презема сите активности за реализација на внатрешниот и меѓународниот транспорт на патници. Исто така Министерството за транспорт во континуитет го следи случајот со туристичкиот автобус. Според првичните информации се работи за техничка неисправност на автобусот што е надвор од надлежностите на Министерството за транспорт. Она што министерството согласно своите законски надлежности ќе направи е ќе се побара вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторатот за транспорт и ќе се извршат детални проверки. Доколку се утврди прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај, ќе се изречат соодветни законски санкции“, велат од Министерството за транспорт за „Скопје1“.Од Министерството за внатрешни работи, посочуваат дека секое моторно возило мора да биде технички исправно за да биде во сообраќај.„Во рамките на нашите законски овластувања, редовно спроведуваме контроли на техничките прегледи и работата на овластените станици, надзор над спроведувањето на прописите за безбедност во сообраќајот, проверки на исправноста на возилата во сообраќај, секоја констатирана неправилност се третира согласно важечките закони, со преземање на соодветни правни мерки“, велат од МВР.Патниците кои биле со компанијата за Истанбул, за назад патувале повеќе од 30 часови, сведочат самите. За нивниот револт има сведочења на социјалните мрежи, а некои од нив најавија и групна тужба за компанијата, а со цел вакво патешествие да не се повтори. Од компанијата пак, тврдат дека дефектот бил технички и надминат, а патниците се враќале со друго возило. Истовремено, спротивно на сведочењата, оттаму велат дека патниците правеле дури и забава, а не дека биле лути и гневни.

Македонија | пред 2 месеци

1000018679

(Фото) Приведен пратеникот Јанчев од Левица по сообраќајка во Илинден: повредени се малолетници, но и тој со сопатникот

Ноќеска, еден час по полноќ, во селото Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од пратеникот на Левица, Сашко Јанчев (36) од Гевгелија, и мопед управуван од 16-годишник од село Идризово.Според МВР, во несреќата тешко повредени се малолетниот возач и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден. Тие се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Телесни повреди добиле и возачот Јанчев, како и неговиот сопатник Х.М. (25) од Вевчани, кои биле прегледани во ГОБ „Св. Наум Охридски“.„Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.Од Левица остро реагираа на, како што ги нарекоа, „дезинформациите пласирани од куртонски медиуми“. Партијата тврди дека несреќата се случила поради удар на нерегистриран и неисправен моторцикл, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига.„Пратеникот Јанчев управувал совесно, со пропишана брзина и со вклучен жмигавец за вртење десно. Несреќата се случила за миг и практично не можела да се избегне. Јанчев веднаш повикал полиција и Брза помош, која пристигнала по околу 40 минути“, наведуваат од Левица.Од таму додаваат дека пратеникот и неговиот сопатник се здобиле со повреди, но посочуваат дека најтешко повреден останува малолетниот возач на моторциклот, кому му посакуваат закрепнување.„Стоиме на располагање за секаква помош и апелираме младите да бидат одговорни учесници во сообраќајот. Очекуваме институциите да ја завршат својата работа чесно и професионално, без притисоци и политички конструкции“, соопштија од партијата.Левица најави дека ќе чека на официјалното вештачење и заклучоци од истрагата на Обвинителството и ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-16.52.13-1

Директорот на ЦУК заврши на токсикологија поради изложеност на чад во Трубарево

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, повеќе од 12 часа престојувал на терен во Трубарево, каде се спроведуваа интервенциите за гаснење на големиот пожар во фабриката за пластика. Поради долготрајната изложеност на токсичен чад и интензивната работа во координацијата на тимовите и институциите, тој синоќа побарал медицинска помош во Државната токсиколошка болница.По извршените лекарски контроли е утврдено дека неговата здравствена состојба е стабилна и не претставува ризик.Центарот за управување со кризи изрази благодарност за пожртвуваноста на пожарникарските екипи, државните институции и волонтерите кои работеле во исклучително тешки услови за локализирање на пожарот и заштита на граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Поднесени 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека по завршувањето на рокот за поднесување кандидатски листи за локалните избори 2025 година, до општинските изборни комисии се доставени вкупно 312 кандидатури за градоначалници и 575 листи за советници во општините и Градот Скопје. Во бројката се вклучени и кандидатурите поднесени од политички партии и оние од групи избирачи.Најголем интерес е забележан во Град Скопје, каде се поднесени 18 кандидатури за градоначалник и 20 листи за членови на Советот на Градот.Согласно роковникот за спроведување на изборите, општинските изборни комисии веднаш по приемот на листите доставуваат барања до институциите кои ги поседуваат потребните податоци за проверка на исполнетоста на законските услови, најдоцна до 14 септември. По завршувањето на проверките и евентуалното отстранување на неправилности, потврдените листи треба да се достават до ДИК најдоцна до 20 септември, кога ќе биде утврден и редоследот во единствената листа на кандидати.По завршување на целата процедура, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини што ќе учествуваат на претстојните избори.Табеларен приказ на поднесени кандидатски листи за Локални избори 2025 година - Copy

Македонија | пред 2 месеци

policija-2457

Два случаи каде малолетници се жртви во Скопје, нападнат и 29-годишен скопјанец

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на 13 септември биле пријавени три одделни случаи на физички напади во различни делови на Скопје.Првиот инцидент бил пријавен во 13:30 часот од С.Д. (48) од Скопје, кој во СВР Скопје изјавил дека околу 00:30 часот, на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син и негов другар биле физички нападнати од група малолетници. Тие биле во друштво со свои врсници и уште едно лице што го познавале преку социјалните мрежи.Вториот случај бил евидентиран во 23:10 часот, кога У.О. (29) од Скопје пријавил дека околу 17:30 часот на подрачјето на Гази Баба бил нападнат од лице со иницијали А.Н.Во третиот настан, пријавен во 12:00 часот, Д.С. (44) од селото Шишево информирала дека нејзината малолетна ќерка на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзин соученик.Од МВР додаваат дека за сите три настани се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случаите.

Скопје | пред 2 месеци

DSC_0289

Киднапирана 21-годишна штипјанка: девојка од Кочани ја грабнала, нападнала и снимала

Полициските службеници од ОВР Кочани вчера уапсиле 28-годишна жена од Кочани, со иницијали Ј.Н., поради сомневање за киднапирање и напад врз млада девојка од Штип.Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 13 септември околу 22:10 часот во Штип, кога осомничената со употреба на сила ја внесла 21-годишната штипјанка во возило управувано од друго женско лице. Двете ја однеле жртвата во една штипска населба, каде Ј.Н. физички ја нападнала и притоа го снимала нападот со мобилен телефон.„На 14.09.2025 во 07:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н.(28) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава... По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-04-18-at-15.40.23

Четири лица побарале здравствена помош поради пожарот во Трубарево, сите надвор од животна опасност

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска на заедничката прес конференција при посетатата на Клиниката за токсикологија потенцираа дека од прв момент се следи состојбата со пожарот во скопското село Трубарево и се во постојана координација со сите надлежни институции.- Како што знаете од вчера, Министерството за здравство креираше кризен штаб за состојбата во Трубарево и ја следевме и следиме во реално време целата ситуација што се случува од здравствена гледна точка. Денес сме тука пред токсикологија, имаше 4 хоспитализирани од кои тројца беа амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, четвртиот пациент е хоспитализиран. Надвор од животна опасност се сите 4 пациенти. Со Институтот за јавно здравје и со директорот на Клиниката за токсикологија направени се протоколи во овој период, доколку има потреба да се интервенира во некој дел. Како што знаете, ИЈЗ вчера излезе со препораки за граѓаните, истите препораки важат и денес, кажа министерот Алиу.Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска посочи дека ова е една ситуација со која граѓаните и државата за првпат се соочуваат и многу е важно да не се политизира и да не се прави паника.- Најважно е што сите институции според моите информации се веќе вклучени во целиот процес и заедно се координираме.Институтот издаде одредени препораки, тие препораки се општи, но се во согласност со највисоките светски стандарди. Иако овие препораки изгледаат едноставни, сепак доколу се почитуваат од граѓаните од ранливите групи - овие препораки можат да придонесат да немаме онакви здравствени проблеми какви што би можеле да имаме. Институтот располага со најсовремена опрема и со професионалци кои во реално време ни покажуваат дали има отстапување од параметрите на радиоактивност во воздухот. Во моментов нема никакво, ниту минимално отстапување од нормалните параметри кои се однесуваат за радиоактивност во воздухот. Наши екипи ќе пристапат на терен токму во погодените места и ќе ги проверат почвата и водата во овие делови и граѓаните навремено ќе бидат информирани, заклучи Андоновска.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-14.08.36

(Видео) Kако се гаснел пожарот во Трубаревo: „мирисот е намален, се работи на затрупување“

Командирот на скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томески, изјави дека пожарот кој избувна вчера попладне е ставен под контрола и оти интервенцијата била успешна, и покрај тоа што станувало збор за обемен и тежок случај.„Во 13:30 часот добивме повик за пожарот. Беше интервенирано со цел капацитет, иако еден час претходно имавме интервенција во Лисиче каде имаше поголемо опожарување. За брзо време имаше контрола на пожарот за тој да не се прошири. Се продолжи кон гаснење на самиот отпад. Поради обемот на пожарот беше побарана дополнителна помош. АД Окта ни излегоа во пресрет и АД Макпетрол кои ни дадоа пена за да спречиме ширење на пожарот. Беа активирани сите капацитети кои ги имаше Комунална хигиена за дотур на вода“, изјави Томески. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Тој нагласи дека пожарот зафатил голем простор, но со ангажман на дополнителна механизација и песок, бил локализиран уште во доцните вечерни часови. „Со новиот ден имавме нова акција со механизација, која ни помогна да го ставиме пожарот под контрола. Осумдесет отсто од периметарот околу опожарениот објект е покриен со песок. Ниту еден колега не е повреден, сите се вратени дома. Нема повреден граѓанин. Оваа интервенција ја оценувам како успешна. Вакви пожари се тешки и тешко се гаснат, но успеавме брзо да ги ставиме под контрола“, додаде тој.Според Томески, состојбата на терен е значително подобрена. „Мирисот е интензивно намален, го нема оној што беше на почеток на пожарот. Се надевам до крајот на денот целосно ќе е затрупана и нема да има исчадувања од неа“, порача командирот на скопската противпожарна бригада.

Скопје | пред 2 месеци

mickoski-medziti

Мицкоски не одговори дали ќе побара одговорност од Меџити кој си тераше партиски настан додека имаше голем пожар

Премиерот Христијан Мицкоски, не одговори дали ќе побара одговорност од неговиот вицепремиер и минситер за животна средина, Изет Меџити, кој вчера наместо во Трубарево каде имаше голем пожар во складиште со опасен отпад, тој беше на партиски настан. Според Мицкоски, министерот бил цело време достапен за управувачкиот комитет, а сите мерења течеле без проблем.„Со Меџити бев цело време на линија јас вчера, и тој беше на линија со управувачкиот комитет. Сите мерки беа преземени, како во вчерашниот ден така и денеска. Така што да се намали тензијата, нема потреба од паника. Работата е под контрола.По партискиот настан, Меџити ноќеска, пред изгрејсонце, се појави во Трубарево. Тој тогаш откри дека фирмата имала лиценца која важи до 2031 година, но не откри дали биле извршени контроли и дали исполнувала услови за да ја има лиценцата.https://skopje1.mk/archives/348268

Македонија | пред 2 месеци

bespilotni-letala

Руски дрон 50 минути во НАТО-воздушен простор, дали ова е провокација за ширење на војната?

Романските воздухопловни сили не соборија руски дрон кој во петокот, 13 септември, влезе во воздушниот простор на земјата и таму се задржа околу 50 минути. Инцидентот го потврди министерот за одбрана Јоанут Моштеану за Antena 3 CNN, пренесе The Kyiv Independent.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека леталото навлегло околу 10 километри во длабочина на романска територија за време на руски напад врз Украина. Според него, станува збор за намерна провокација и ширење на војната кон НАТО-просторот.Министерот Моштеану појасни дека дронот бил откриен од радарските системи и дека два ловци F-16 веднаш полетале за да го пресретнат.„Авионите го воочија и беа многу блиску да го соборат, но дронот леташе на многу ниска височина и во еден момент се врати кон Украина“, изјави тој.Од романското министерство за одбрана соопштија дека дронот исчезнал од радарите на околу 20 километри југозападно од селото Чилија Вече и дека не прелетал над населени подрачја, ниту пак претставувал непосредна опасност за цивилното население.Иако Романија има донесено закон што ѝ овозможува на војската да соборува неовластени дронови кои го нарушуваат воздушниот простор во мирнодопски услови, спроведбените правила сè уште не се целосно усогласени.Инцидентот доаѓа само неколку дена по масовниот упад на најмалку 19 руски дронови во полскиот воздушен простор, кога Полска за првпат со помош на НАТО-сојузниците собори дел од леталата. Зеленски повтори дека Русија свесно ги испраќа дроновите и побара од меѓународните партнери построги санкции и заеднички одбранбен систем за спречување на ваквите напади.Руски напаѓачки дронови од 2022 година повеќепати го нарушиле воздушниот простор на НАТО, вклучувајќи ја Литванија, Полска и Романија, додека Москва редовно ги отфрла обвинувањата за намерно таргетирање на териториите на Алијансата.

Свет | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-54-5730PM

Тетовец загина откако дрво паднало врз него

Осумдесет и четиригодишен маж од Тетово го загуби животот при несреќа што се случила во близина на селото Подбреѓе, тетовско.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 септември 2025 година во 12:05 часот во СВР Тетово било пријавено дека е пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а полициските службеници на терен утврдиле дека станува збор за М.С. (84) од Тетово.Несреќата се случила додека починатиот сечел дрва во неговата нива. Во тој момент едно дрво паднало врз него, при што тој се здобил со тешки повреди и починал на самото место.Увид извршила екипа од СВР Тетово во присуство на јавен обвинител и судска медицина, соопштија од МВР.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-14.06.21

Мицкоски: Пожарите се резултат на подметнувања и диверзии од центри на моќ, ќе има и во идниот период

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите лица кои се наоѓаат во близина на пожарот треба да ги следат препораките на надлежните институции и да бидат евакуирани.„Сите кои се на периметар од 100 метри треба да се евакуираат. Иако мерењата покажуваат дека нема вонредно големо загадување – ако вчера беше помеѓу 8 и 9, денеска е меѓу 5 и 6,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека вакви пожари ќе продолжат да се случуваат бидејќи, како што нагласи, постојат центри на моќ во земјава и надвор од неа кои не сакаат Владата да успее.„Тие ќе продолжат да подметнуваат, тие ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе работиме и ќе победиме,“ изјави премиерот, додавајќи дека имаат информации од каде доаѓаат потпалувањата – и од домашни и од странски извори.Во врска со лиценците за работењето на депониите, Мицкоски потсети дека актуелната важи од 2021 до 2031 година и дека компаниите декларирале дека ги исполнуваат условите. „Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ додаде тој.Мицкоски истакна и дека доколку државата имала функционални беспилотни летала, вакви ситуации ќе можеле да се спречат.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

СДСМ бара одговорност за еколошките пожари, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со обвинувања за лицемерие

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора сериозни прашања за кои институциите мора да понудат одговори. Таа нагласи дека граѓаните имаат право да бидат информирани за загадувањето на воздухот и побара одговорност за, како што рече, еколошката катастрофа што ја зафаќа Скопје.Кузеска праша колкаво количество токсичен отпад изгоре, каква е концентрацијата на опасни материи во воздухот и дали престојот на отворено е безбеден за деца, бремени жени и хронично болни лица. Таа го нарече „врв на неодговорност и незаинтересираност“ тоа што, како што наведе, клучните луѓе во државата наместо решенија даваат изговори.„Премиерот Мицкоски вели дека воздухот само изгледа загаден, Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, Панче Тошковски е загубен, Орце Ѓорѓиевски гледа ‘политички пожари’. Граѓаните се гушат, а институционален одговор нема,“ рече Кузеска, додавајќи дека Владата личи на „шатор на циркузантска трупа која прави шоу додека горат депонии и фабрики“.СДСМ побара итна и темелна истрага за сите пожари и политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот, но и за институциите кои не постапиле навреме.На изјавите на Кузеска веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја СДСМ за лицемерие.„Додека на пресови шират паника и лажна грижа, раководството на СДСМ ужива на забави и заборава на маските и загриженоста што ја прикажуваат пред јавноста,“ стои во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните ја препознаваат „дволичноста“ на опозицијата, а како што додаваат, „најтрагично ќе биде ако се докаже дека СДС и ДУИ стојат зад подметнатите пожари пред избори“.

Македонија | пред 2 месеци

putin-oresnik-nuklearka-

Се зголемува тензијата: Русија и Белорусија со воени маневри покрај границите на НАТО

Испраќањето на дронови-мамци во полскиот воздушен простор пред само два дена беше тест за одбраната на НАТО и подготвеноста на Полска да одговори на заканите од исток. Само неколку часа подоцна, Русија и Белорусија ја започнаа долгoочекуваната воена вежба „Запад 2025“, која трае од 12 до 16 септември и која предизвикува сериозна загриженост кај источните членки на Алијансата.Иако Кремљ тврди дека маневрите се одбранбени и „не се насочени против никого“, сценаријата вклучуваат и симулации за употреба на новиот руски балистички проектил Орeшник, способен да носи и нуклеарни боеви глави. Западните разузнавачки служби предупредуваат дека ваквиот тренинг силно потсетува на „Запад 2021“, кој му овозможи на Кремљ под параван на „обука“ да размести трупи во близина на Украина, пред инвазијата во февруари 2022 година.Полска и Литванија, како одговор на зголемената закана, го затворија целосно или делумно воздушниот простор на своите источни граници и распоредија дополнителни војници и противвоздушни системи. Полска испрати 40.000 војници на границата со Белорусија. Францускиот претседател Емануел Макрон најави испраќање три борбени авиони за заштита на полскиот воздушен простор, со порака: „Нема да попуштиме пред руските закани.“И покрај уверувањата од НАТО дека не постојат директни индикации за напад, на источниот фронт расте вознемиреноста. Аналитичари предупредуваат дека симулациите за користење на Орeшник – проектил со дострел од 2000 до 5000 километри и брзина од 10 маха – претставуваат отворена демонстрација на сила кон ЕУ.Белорускиот лидер Александар Лукашенко се обидува да ја претстави вежбата како „шоу“ и отвори врата за странски набљудувачи. Истовремено, во обид да испрати порака на добра волја, неговиот режим пушти 52 политички затвореници, меѓу кои и познати опозициски фигури. Сепак, повеќе од 1100 политички затвореници остануваат зад решетки, што ја одржува сликата за Белорусија како последна европска диктатура.Рускиот воен аналитичар Василиј Кашин предупредува дека ваквите паралелни маневри – руски и на НАТО – ќе станат редовна пракса, слично на периодот на Студената војна. Во меѓувреме, руските пропагандисти го слават фактот што НАТО користи скапи воздушни системи за пресретнување на евтини дронови, што, според нив, ја покажува „слабоста“ на Алијансата.„Запад 2025“ се одвива во момент кога Москва нема намера да ја деескалира војната во Украина, а демонстрацијата на ново оружје и координираните вежби со Белорусија дополнително ја зголемуваат нервозата во Варшава, Вилнус и Рига. За НАТО, тоа е нов тест на единството и способноста да одговори на заканите што доаѓаат директно на неговите источни врати.

Свет | пред 2 месеци

93407653-32a8-48d7-9585-788b24101080

(Видео) Скандалозна изјава на водител од Fox News: „Дајте им смртоносна инјекција на бездомниците“

Водителот на популарната американска емисија Fox & Friends, Брајан Килмид, предизвика жестоки реакции во јавноста со предлогот бездомниците со ментални проблеми кои одбиваат помош да бидат еутаназирани. Контроверзната изјава се случи за време на дискусија за убиството на украинската бегалка Ирина Заруцка.Ko-водителите Ајнсли Ерхард и Лоренс Џонс разговараа за случајот, посочувајќи дека осомничениот има богатo криминалнo досие и дијагностицирана ментална болест, и требало одамна да биде отстранет од улица. Џонс нагласи дека проблемот со бездомништвото и менталното здравје не е изолиран, туку национален.„Ова се случува низ целата земја, и тоа не е прашање на пари. Потрошени се милијарди, а многумина од нив не сакаат да учествуваат во програмите и ја одбиваат помошта“, рече тој. Според него, решението е строго: „Или ќе ја прифатите помошта што ви ја нудиме, или ќе завршите во затвор.“A Fox News anchor saying "Or involuntary lethal injection or something just kill them" about people living on the streets live on air. This and the dehumanization that comes from this - is what political violence looks like. pic.twitter.com/zWjlhoYJFA— Housing 4 All is Hot (@ahouse4all) September 12, 2025 Во тој момент се вмеша Килмид со радикален коментар: „Или, хм, неволна смртоносна инјекција. Само убијте ги.“ Неговиот шокантен предлог не доби реакција од колегите во студиото, кои продолжија со разговорот како ништо да не се случило.Изјавата предизвика силни реакции. Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, во саботата реагираше преку социјалните мрежи, цитирајќи библиска изрека: „Кој го затвора увото пред вапајот на сиромавиот, и самиот ќе вика и нема да биде услишан.“Настанот ја отвори дебатата во САД за тоа до каде може да оди јавниот дискурс во медиумите и како ваквите изјави влијаат врз перцепцијата за една од најранливите групи во општеството.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања