Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Скопје1.мк

ne-niz-vodno

„Го сакам Водно“ до Шилегов: Каприциозни сме затоа што ја работиме вашата работа и се грижиме за животната средина

Граѓанска иницијатива „Го сакам Водно“ реагира на изјавите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, според кој активистите против изградбата на гасовод низ Водно ги игнорирале фактите и биле каприциозни. Тие му порачуваат: „Каприциозни сме затоа што не дозволуваме да се уништува заштитено подрачје кога има алтернативи? Каприциозни сме затоа што ја работиме Вашата работа, затоа што со активни членови од важечки закони ве демантираме Вас и заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, кога велите дека Водно не е заштитено и со тоа да си ѝ олесните на Вашата совест што ќе дозволите да се уништува парк-шумата Водно и да Ви го загрозат градот? Каприциозни затоа што не дозволуваме опасност за жителите во подножјето на Водно од лизгање на земјиштето? Каприциозни зашто редица процедури, закони, конвенции се прекршени во целата постапка на изградба на овој гасовод и тоа Ви го укажуваме?“Активистите во обраќањето до Шилегов посочуваат дека во изминатите неколку месеци на темата – гасовод низ Водно, стотици аргументи и факти му биле ставени на располагање и на него и на претставниците на другите инволвирани институции.„За да бидеме попрецизни, уште пред неколку месеци, ние како активисти Ви ги дадовме клучните податоци за трасата, нејзината должина и штетата по природата и планината. До тогаш вицепремиерот Анѓушев беше уверен дека се работи за само 600 метри по што се договоривме заедно да се качиме на Водно и го провериме тој податок на самото место. Измената на трасата во потег од 4,3 км се должи токму на тие факти презентирани од наша страна. Факт е дека до ден-денешен не е презентирана компаративната анализа врз која се донела одлука трасата да помине низ Водно. Факт е дека договорот за заемот од 90 милиони евра со Дојче и Ерсте банка за изградба и на овој гасовод не е даден на увид. Факт е дека има низа нерегуларности во целата постапка, некои од нив ги наведовме и доставивме и до Вас и до надлежните инспекторати. Факт е дека Вие во декември и март баравте:– преиспитување на трасата на гасоводот,– изготвување нова оцена на влијание врз животната средина,– повторување на постапката за добивање на потребната документација за изградба на предметната делница на гасоводот,– наведувате дека од 53 документи врз основа на кои е издадено одобрението за градење нема документ со кој е одобрена градба во заштитено подрачје– потенцирате дека не било земено предвид оти трасата на гасоводот минува низ заштитениот локалитет Парк-шума Водно.Интересно, како тогаш парк-шумата Водно била заштитено подрачје, а сега не е. Или тогаш или сега не ја кажувате вистината. Во кој било случај тоа зборува за Вас и Вашиот интегритет и како фактите се менлива категорија по потреба.Господине Шилегов, додека Вие нè убедувавте дека ќе ја глумите кокошката што ќе се сопне по сопствено уверување во најдобриот час за да не се продаде лесно, не најдовте потребно да дојдете на терен со нас, да ги видите фактите оставајќи ги претставниците на другите институции со врелиот костен на погрешни информации, да се печат пред новинарите, цело време, Вие и Вашите советници, на многуте состаноци што ги имавме минативе месеци ни потврдувавте дека сме 95 отсто во право за сега во првиот момент кога се најдовте под притисок на политиката, во јавност да нè навредувате?Конечно, велите сме биле малкумина. Побарајте од Вашите многубројни нови и стари советници во градот да ви направат реална процена на жителите на Скопје кои се против изградбата на гасовод низ Водно. Побарајте, ако можат, да Ви направат анализа за граѓанското незадоволство од уште еден обид да се уништи парк-шумата. Нека Ви ги кажат реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, ама нека ги исчистат Вашите партиски ангажирани коментирачи за да можете конечно да добиете чувство за јавноста. Ако ништо друго, нека Ви ги прочитаат здруженијата и иницијативите што стојат зад потписот на „Го сакам Водно“, комплетно обединети зад овој став.Да, знаеме дека ќе најдете контрапротестанти, неколкупати ни беше дадено на знаење, да не кажеме закането со нивно активирање, а еве на последната дебата кај што бевте домаќин, некои од нив беа донесени, веројатно убедени дека играњето на националистичката карта ќе нè поколеба и исплаши.Градоначалниче Шилегов, навредите кон граѓанските активисти никогаш не се добра стратегија за пиар. Во политички контекст многу бргу ќе сфатите дека претворајќи ги граѓаните кои волонтерски работат за општествен бенефит, притоа во добар дел работејќи ја и Вашата работа (грижа за загадувањето, за животната средина, за чистотата, за животните…), во непријатели, најочигледно ќе се рефлектира врз Вашиот углед. Притоа ниту првата година од вашиот четиригодишен мандат не е измината. Што Ве чека допрва ако сега сме каприциозни и малкумина?“, се вели во пораката на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ до скопскиот градоначалник.

Скопје | пред 7 години

kosovo-parlament-2-35wp6vjnb3t34lhe2fy41s

Весели: Ниту промена на граници, ниту размена на територии

Нема да има промена на граници, ниту размена на територии категоричен е претседателот на косовското собрание, Кадри Весели. Во интервју за Дојче веле Весели тврди и дека Приштина нема ниту да дозволи формирање на заедницата на српски општини на северот на Косово.По појавувањето на идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, како еден од можните начини за целосно нормализирање на односите, секојдневно има реакции од двете страни.Косовскиот претседател Хашим Тачи, за кого се верува дека е застапник на идејата од косовска страна, се соочи со низа опструкции и критики, како од владата така и од опозицијата во Приштина.„Верувам во идејата дека Прешевската долина треба да му се приклучи на Косово. Никој не може да убеди поинаку. Овие прашања не можат да бидат употребувани за политички поени или лични добивки“, изјави Тачи по средбата со политичките претставници на Албанците од Прешевската долина.Размената на територии стигна и во Брисел пред минатата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и таму не наиде на одобрување. Помал дел од европските дипломати сметаат дека предлогот има потенцијал да стане идеално решение и дека Белград, за разлика од Приштина сериозно ја разгледува идејата. Но мнозинството тврди дека размената на територии ќе ги отвори старите рани и ќе предизвика нова серија насилства на Балканот.Извор: Телма

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

СЈО: Четворица судии работеле по политички нарачки

Специјалното јавно обвинителсто во Посебниот извештај што го објави денеска наведува дека поранешната претседателка, а сега член на Судскиот совет, Александра Зафировска, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, судијката во Вишиот управен суд, Светлана Костова и судијката од скопскиот Кривичен суд, Софија Лаличиќ постапувале несоодветно по директни политички нарачки, што е утврдено врз основа на прислушуваните разговори и смс-комуникаците што ги поседува Обвинителството.– Неовластените прислушувања резимирани во овој извештај покажуваат интеракции помеѓу високи функционери во судството и членови на Владата на Република Македонија кои во основа ја поткопуваат судската власт. Неовластените прислушувања откриваат разговори во кои членовите на судството се откажуваат од својата независност и непристрасност за да ги унапредат интересите на владата или нивните сопствени интереси. Таквата комуникација несомнено дека остава простор за создавање на недоверба кај јавноста во целиот судски систем, стои во Посебниот извештај на СЈО.Целта на поднесувањето на Посебниот извештај, како што велат од СЈО, не е единствено за да се документира минато несоодветно постапување, туку за ваквото несоодветно постапување да не продолжи да го поткопува владеењето на правото во Република Македонија и да ја попречува евроатланската интеграција на нашата земја.–  Од доказите со кои располага СЈО, особено телефонските разговори на Александра Зафировска, во периодот од 2011 година до 2013 година, а од кои дел беа и јавно објавени, произлегува дека додека ја вршела функцијата претседател на Судски совет на Република Македонија, била во постојана координација со извршната власт… Тогашниот претседател на Судскиот совет на Република Македонија, премиерот на Владата на Република Македонија, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање одлучувале за избор на „подобни“ судии и разрешување на „неподобни“ судии, стручните соработници ги бирале според партиски списоци, ја менаџирале работата, интервенирале во судски постапки, се наведува во Посебниот извештај.СЈО  во извештајот го посочува и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој во 2011 и 2012 година во повеќе наврати на своите соговорници им изнсувал информации од судските постапки, интервенирал кај други судии за предметите и давал сугестии за постапувањето.На судијката Софија Лаличиќ пак, како што е посочено во извештајот, повеќе од една година пред да биде избрана за судија и била ветена судиската функција.–  Содржината на јавно објавениот телефонски разговор меѓу Софија Лаличиќ и Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој во таа прилика и соопштува дека е избрана за судија претставува само илустрација на спрегата меѓу извршната и судската власт. Нејзните конекции со извршната власт не завршуваат со изборот за судија, туку напротив уште повеќе се интензивираат во насока која претставува флагрантна повреда на независноста на судството и злоупотреба на угледот на судиската функција… За судија Лаличиќ судиската функција значела сѐ освен тоа што е нејзиното вистинско значење – привилегија да се служи на заедницата преку улогата на делење на правдата согласно законите и еднаквоста на сите граѓани вклучително и себе си пред Уставот и законите во Република Македонија, се наведува во Посебниот извештај.Судијката Светлана Костова за која се наведува во извештајот дека паралелно извршувала работни задачи и како судија и во Управата за безбедност и контраразузнавање, со што според СЈО се доведува во прашање нејзиниот личен интегритет, но и институционалната независност на судиската функција.– Телефонски комуникации остварени од страна на судија Светлана Костова во месец септември и октомври 2011 година, односно два до три месеци по нејзиното стапување на функцијата судија на Виш управен суд, покажуваат дека таа продолжила активно да учествува во дневните обврски на Управата за безбедност и контраразузнавање околу организирање и посредување при состаноци и превземање на други работни задачи кои спаѓаат во делокругот на секојдневното работење на УБК, стои во извештајот.Посебниот извештај СЈО го доставило до Собранието на Република Македонија.

пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Интер го најави кам-бекот во Лигата на шампионите со феноменалниот гол на Пандев

По неколку лоши сезони во домашното првенство, Интер во месец мај во директна пресметка со Лацио за четвртото место обезбеди пласман во Лигата на шампионите, натпреварување чиј старт сега со големо нетрпение го очекуваат големите фанови на клубот од Милано.https://www.facebook.com/Inter/videos/531015694016296/Интер се најде во навистина тешка група и за противници во првата фаза ќе ги има Барселона и Тотенхем, но сепак тоа не го обесхрабрува Италијанците кои сега на навистина интересен начин го најавија новото учество на тимот во најелитното натпреварурвање.Италијанскиот тим во вторник ќе ги одмери силите со Тотенхем, а официјалниот Фејсбук профил на Интер го прослави враќањето во Лигата на шампионите со потсетник на клучниот гол на нашиот Горан Пандев против Баерн Минхен во победата на Италијанците од 2:3.– Назад во Лигата на шампионите! Пандев против Баерн Минхен. Каков кам-бек, – гласи објавата на Интер.Извор: Дерби

Спорт | пред 7 години

41644146_596452047436077_5083117391366324224_n

Евровизија ќе се одржи во Тел Авив поради безбедносни причини

Кога израелската пејачка Нета во мај победи на Евровизија со песната „Тоу“, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) денес соопшти дека град домаќин на 64. издание на фестивалот ќе биде Тел Авив. По неколкумесечни преговори, организаторите велат дека го избрале Тел Авив, а не Ерусалим поради инфраструктурата и можностите што ги нуди. Финалето ќе се одржи на 18 мај 2018 година, а полуфиналињата се закажани за 14 и 16 мај, во „Експо центарот“ во Тел Авив.„Сакаме да им се заблагодариме на сите израелски градови што се вклучија во трката за домаќин на Евровизија 2019 и на националната телевизија КАН што ни помогна да направиме темелна процена пред да донесеме конечна одлука. Сметаме дека Тел Авив го нуди најдоброто решение за најголемиот музички фестивал. Возбудени сме што фестивалот ќе се случува во нов град и се радуваме што ќе работиме со КАН за да ја направиме следната Евровизија најспектакуларна досега“, изјави Јон Ола Санд, претседателот на ЕБУ.Израелските медиуми пишуваат дека Тел Авив е избран од безбедносни причини.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Џеј Зи за една година заработил 76,5 милиони долари

Раперот Џеј Зи е прогласен за најплатен хип-хоп музичар во 2018 година. Во изминатите 12 месеци заработил 76,5 милиони американски долари.Шон Картер, познат како Џеј Зи, успеал да го помине раперот и продуцент Шон Комб или Паф Деди, кој три години по ред беше на врвот на листата на „Форбс“.Џеј Зи во втората половина на 2017 година го промовира својот последен албум „4.44“, а оваа година настапуваше со својата сопруга Бијонсе на заедничката турнеја „Он д ран 2“. Двојката во јуни го објави албумот „Евритинг ис лав“.Паф Деди заработил 64 милиони долари, Кендрик Ламар е трет на листата со годишна заработка од 58 милиони долари. Зад него се наоѓа Дрејк со заработка од 47 милиони долари.

Магазин | пред 7 години

mkd-302407

СЈО бара да биде автономна институција

Специјалното јавно обвинтелство го објави извештајот за своето работење во периодот од 15 март 2018 година до 15 септември 2018 година, во кој се наведува дека во овој извештаен период конечно започнаа судските рочишта по сите обвиненија поднесени од страна на ова Јавно обвинителство и одобрени од страна на судот.– Пресудите донесени во текот на шестиот извештаен период против три лица во два различни предмети, како и пресудите донесени од страна на Апелацискиот суд Скопје со кои се потврдени првостепените пресуди против вкупно пет лица ја потврдија оправданоста на поднесените обвиненија во смисла на кривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите, се наведува во извештајот од СЈО.Во извештајот пишува дека СЈО очекува во претстојниот период од надлежните институции да се превземат потребните мерки и законски услови ова обвинителство да се инкорпорира во Јавното обвинителство на Република Македонија како самостојна институција, која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција од висок профил.– СЈО е на ставот дека во периодот до истекување на законскиот мандат на ова Јавно обвинителство треба единствено да се направат соодветни подготовки за прилагодување на законските норми со кои би се овозможила интеграција на СЈО во Јавното обвинителство на Република Македонија. Од овие причини сметаме дека по 2020 година со имплементација на соодветни законски решенија кои би се донеле е потребно на ова Јавно обвинителство како самостојна институција во јавнообвинителскиот систем на Република Македонија да му се овозможи автономност во постапувањето, и тоа не само по делата од сегашната негова надлежност, туку да добие надлежност и за гонење на кривични дела на корупција од висок профил, стои во извештајот.Од СЈО посочуваат дека во идниот период судот поинтензивно ќе ги закажува рочиштата по одобрените обвиненија со што ќе се овозможи во соодветни судски постапки да ги докаже кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со поднесените обвиненија.

пред 7 години

Нема фотографија

Додик: Нема скриено руско влијание

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека нема „скриено руско влијание“ во соработката на Република Српска со Русија. Тој вели дека Република Српска е подготвена за соработка со сите држави во регионот и пошироко кои тоа го сакаат, но не сака да се одвои од пријатели како што е Русија и се гордее со таа соработка, пренесуваат „Независнe новинe“.Додик потенцира оти не е добро секој вид на соработка на РС и Русија да се прикажува „на малиген начин со цел да се спречи руското влијание на тој простор“.– Тоа се глупости кои треба да се отфрлат, бидејќи не смееме да бидеме заморче на еден политички пристап, кој зборува дека соработката во областите здравство, култура и економија може да бидат нешто друго, освен за добробит на тие кои во тоа учествуваат, вели Додик, истакнувајќи дека Русија е „ несомнено пријател на РС“.Во текот на обраќањето на форумот за стратешки дијалог за соработка меѓу Санкт Петербург и РС, на кој присуствува гувернерот на тој град Георгиј Полтавченко, Додик рече дека рускиот став кон БиХ не е навивачки за една страна, туку принципиелен во поддршката на Дејтонскиот договор.Полтавченко зборуваше за досегашната и за можностите за идна економска соработка со РС.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Смени во српската војска, Вучиќ именуваше нов Началник на ГШ

Нов началник на Генералштабот на Армијата на Србија е генерал-мајор Милан Мојсиловиќ, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со министерот за одбрана Александар Вулин и претставниците на воениот врв.Како што изјави Вучиќ, според Уставот на Србија и по бројни консултации со министерот за одбрана Александар Вулин и водечките луѓе на армијата, издал неколку налози за назначување, именување и разрешување.Најважна одлука е назначувањето на Милан Мојсиловиќ за шеф на Генералштабот.Досегашниот началник Љубиша Диковиќ поднел барање за пензионирање, што Вучиќ го прифатил и му го доделил на Диковиќ орденот Караѓорѓева ѕвезда од прв степен.Милан Мојсиловиќ беше назначен за помошник министер за одбрана- за одбранбена политика со одлука на владата во јуни оваа година. Пред тоа, од 2013 до 2017 година бил шеф на Военото преставништво во Мисијата на Република Србија во НАТО во Брисел. Дипломирал на Воената академија, Командно-штабната школа и Националната школа за одбрана во Белград.

Свет | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ возвраќа: Ќе има дебата кога Мицкоски ќе излезе со став за референдумот

СДСМ веднаш со реакција по повод прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерската партија истакна дека дебата ќе има кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе го искаже својот став за референдумот.„Христијан Мицкоски да каже како може да му се помогне за побрзо да го дефинира својот став. Иднината на државата не смее да биде ризикувана заради нискиот рејтинг на Мицкоски. Во политиката и во дебатата, најлошо е да немаш став. Охрабри се Мицкоски, соопшти став за референдумот и ќе има и дебата и иднина и напредок за европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев: Верувам до небо во народот, барам да застане зад мене

-Пријатели имаме огромни, оваа наша земја, заедно со граѓаните, ќе ја направиме земја за почит. Животот овде да го живееме, тоа е првата цел, не само за нас туку и за младите, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на граѓанската трибина во Демир Хисар.Тој ги повика граѓаните на референдумот да покажат пред земјите членки на НАТО и на ЕУ дека овој народ знае што е добро и дека и Демир Хисар ќе гласа За европска Македонија.-Ги повикувам сите граѓани, ова е наша заедничка татковина и наша заедничка обврска е да водиме грижа за неа. Носев одлуки за договорот со Бугарија, Грција, едно општество за сите, застанаа зад мене Владата и Парламентот, сега барам да застане и народот. Одлуките ги носев верувајки дека огромното мнозинство граѓани ќе ги поддржи и верувам дека и цензусот ќе го постигнеме. Овој народ секогаш кога станувало збор за државата носел правилни одлуки, рече премиерот, Заев.-Цензусот е крупна работа, 904 илјади гласачи треба да гласаат. Секој има обврска кон државата да гласа. Може да биде "за", може "против", но секој кој бојкотира е против државата. Верувам до небото во нашиот народ, додаде премиерот, Заев.Тој посочи дека со договорот од Преспа "добивме држава што никој повеќе не ја спори, со македонски идентитет потврден од сите и македонски јазик, потврден од сите во светот".-Европскиот парламент ќе го користи македонскиот јазик како 26. официјален јазик, 156 илјади страници европско законодавство ќе бидат преведени и на македонски јазик. Вчера во ЕП зборував на македонски јазик, посочи претседателот на СДСМ и премиер, Заев.-Затоа, да излеземе на 30. септември и да гласаме за европски Демир Хисар и За европска Македонија, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на граѓанската трибина во Демир Хисар.

Македонија | пред 7 години

BEG-toplana-Istok-i-TE-TO-elektrana-1-bg

БЕГ: По кој закон Шилегов тврди дека мрежата за парно е дивоградба?

Балкан енерџи груп (БЕГ), компанијата што во моментов ја користи топловодната мрежа во Скопје, тврди дека таа, согласно важечките закони, никогаш не била третирана како дивоградба а согласно обврските со новиот закон, почнaла постапка за легализација, којашто е во тек. Реакцијата на БЕГ следи по ставот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов дека топловодната мрежа во Скопје е дивоградба и нема имотен лист.„Согласно Законот за регистрирање на подземни и надземни инфраструктурни објекти и придружни инсталации од 2012 година, за објекти во кои влегува и топловодната мрежа, се водеше посебен Регистар од страна на општините во Градот Скопје и град Скопје Овој закон важеше до април 2013. Со влегувањето во сила на Законот за катастар на недвижности, БЕГ како оператор на топловодната мрежа, согласно обврските од новиот закон, уште во јуни 2014 покрена иницијатива до ‘АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката’, да се спроведе постапката за легализација на топловодната мрежа. Дистрибутивната топловодната мрежа е во сопственот на Република Македониja, и со неа стопанисува ова АД. Барањето за легализација до Министерството за транспорт и врски е поднесено во ноември 2015 година“, објаснува БЕГ, додавајќи дека ова значи оти согласно важечките закони мрежата никогаш не била третирана како дивоградба, и во моментот кога законот укажал, компанијата навреме покренала иницијатива, ангажираше геодетска фирма за снимање на топловодната мрежа, како и лиценцирана фирма за финансиска процена, по што почнaла законската постапка за легализација, која е во тек.„Би сакале да нагласиме дека постапката за легализација во никој случај не може да ги наруши правата и обврските на нашата компанија по однос на лиценцата и договорот за користење на мрежата кои се со важност до 31.12.2047 година. Таквиот потег би значел кршење на законите, превземените договорни обврски како и нарушување на правната сигурност на инвеститорите со сите правни последици. Нашите инвеститори сѐ уште го држат приматот на најголем странски green field ивеститор во Република Македониjа со инвестирани преку 200 милиони евра во македонската енергетика“, укажува БЕГ.Компанијата вели дека во целост се согласува со ставот на Град Скопје за превземање на функциите за планирање на енергетската политика на градот Скопје, со која што Градот ќе ги има ингеренциите за планирањето на греењето на градските зони од различни извори централно греење, природен гас, електрична енергија.„БЕГ во рамките на подготовката на новиот закон за енергетика предлагаше Градот и единиците за локална самоуправа да се овластат да ја планираат енергетската структура на градовите и населените места. Ние го подржуваме Градот да добие надлежности за ширење и градба на енергетската инфраструктура вклучувајќи ја и топловодната мрежа, при што ќе ги добие и правата за финансирање на истото преку наплата на приклучни такси и амортизација на мрежата. Нашата компанија ќе продолжи да ја користи мрежата согласно договорот за користење и важечката лиценца, односно ќе ја врши енергетската дејност дистрибуција на топлина. На тој начин ќе се задоволат оправданите барања на град Скопје да ја планира и гради топловодната инфраструктура со обезбедени финансиски алатки, а од друга страна енергетската компонента на дејноста ќе остане во рацете на високо специјализираната енергетска компанија БЕГ, која има развиено специфични кадровски и технички ресурси за професионално вршење на дејноста и ги има сите неопходни вештини, искуства и знаења“, посочува БЕГ и вели дека тоа е важно за квалитетно и ефикасно дистрибуирање на топлина.БЕГ укажува и дека концептот каде локалните самоуправи се сопственици на топлификационите мрежи и се одговорни за нивно планирање и развој согласно урбанистичкиот планови, а професионални енергетски компании ги користат и ја обезбедуваат енергетската услуга за која се специјализирани, е  во согласност со европските директиви но и со новиот закон за енергетика.За проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, БЕГ објаснува дека  централното греење е економски оправдано само во урбаните централни делови на градот и општините кои се карактеризираат со голема концентрација на колективни станбени објекти, институции и деловни објекти на релативно мал простор.„Тоа се оние делови од градот кои се греат или на централно греење или на електрична енергија и воопшто не се извор на загадување во Скопје. Изворот на загадувањето согласно сите објавени студии се индивидуалните станбени објекти кои користат огревно дрво, јаглен, нафта итн, а кои се распределени во периферните делови на градот. Воведување централно греење во куќите е прескапо од аспект на трошок за опрема кај потрошувачите и трошок за линиска инфраструктура. Затоа сметаме дека Градот и локалните самоуправи треба да се фокусираат за изнаоѓање алтернативни начини на загревање на куќите на економски оправдан начин со што реално ќе се реши загадувањето на воздухот, наместо да се насочуваат кон топлификациониот систем кој не е ниту извор ниту решение за загадувањето“, тврди БЕГ.Според анализите на БЕГ направени во соработка со еминентни стручни институции во земјава, за загревање на куќите во делови на градот со низок степен на урбанизација, економски оправдано решение е замена на печките со високо ефикасни инвертер клима уреди. Во просек една печка на дрва или јаглен може да се замени со 2 инвертер клима уреди со грејна моќ од 3,8 kW. Вкупната инвестиција не надминува повеќе од 30.000 денари по домаќинство, а трошоците за електрична енергија се дури пониски од трошоците за огревно дрво. Во деловите на градот каде постои среден степен на урбанизација со комбинација на куќи, деловни објекти и помал број колективни објекти, оптимално решение е гасификацијата, смета БЕГ.

Скопје | пред 7 години

shilegov

Шилегов најави внатрешна контрола за поефикасна градска администрација

Најновата реформа во работењето на градската администрација е воведувањето на внатрешна контрола со цел обезбедување поголема ефикасност во работата и подобри  и навремени услуги за сите граѓаните на Град Скопје.– Во Градот Скопје за првпат се воведува внатрешна контрола, која во наредниве два месеци треба да изготви регистар на сите предмети кои се пристигнати во Градот, во чии рамки предметите ќе ги категоризира по тип и време на постапување. Целта на оваа активност е да се спречи закочувањето на постапките во Градот, и да се поштедат граѓаните од стресот и изгубеното време талкајќи по шалтери и канцеларии барајќи одговори за непостапувањето за нивните предмети. Определуваме категорија по специфична тежина за колку работни денови треба да биде сработен еден предмет. На пример, данокот на промет би се пресметувал за 5 дена, данокот за имот за 10 дена, лиценцата за такси возачи би се издавала за 30 дена – кажа градоначалникот Шилегов.Покрај спречувањето на можноста за одолговлекување на постапките во Градот, со оваа реформа ќе се воведе и можност за следење и на ефикасноста на секој вработен во градската администрација, а внатрешната контрола на овој начин ќе води досиеја за секој вработен.– Со ова значително ќе се зголеми ажурноста, квалитетот и брзината во работењето на администрацијата. Од понеделник сите граѓани, коишто имаат активни или ново поднесени предмети до Градот, ќе имаат можност  каков било  проблем да пријават до внатрешната контрола на е маил адресата [email protected]. Пријавете доколку Вашиот предмет не се сработува брзо, пријавете доколку Вашиот предмет не се сработува на време, пријавете доколку чувствувате дека имате непринципиелни побарувања од градската администрација – додаде Шилегов.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања