Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Скопје1.мк

toksikologija

Тројца жители на Трубарево денеска се амбулантски прегледани: Во текот на ноќта извршени се 13 интервенции од Итната помош

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место.- Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите, порача министерот Алиу.Директорот на Клиника за токсикологија, д-р Арѓенд Имери информираше дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но најважно е дека се наоѓа во добра состојба. Денеска во текот на денот уште тројца пациенти се амбулантски прегледани на Клиниката и пуштени дома, истакна д-р Имери.

Скопје | пред 2 месеци

kirk

Убиецот на Чарли Кирк и понатаму молчи – утре пред суд: Се проверува дали трансродовиот цимер е мотивот

Осомничениот за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, засега одбива соработка со истражителите и не дал никакво признание, соопшти гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Обвинителството сè уште ги реконструира неговите движења и контакти, а првото рочиште е закажано за вторник. Убиството на Кирк, кој беше застрелан за време на јавен настан на Универзитетот Јута Вели во Орем, предизвика жестоки дебати во САД за политичкото насилство и радикализацијата преку интернет.Во меѓувреме, низ повеќе американски градови се одржуваат бдеења во чест на 31-годишниот Кирк, близок сојузник на Доналд Трамп. Неговата вдовица најави масовна комеморација и порача дека ќе ја продолжи неговата мисија.Обвиненијата против РобинсонТајлер Робинсон е задржан без кауција во окружниот затвор во Јута и утре треба да се појави пред суд. Се соочува со обвиненија за убиство и попречување на правдата, а главниот обвинител на Јута, Дерек Браун, изјави дека „сите опции се разгледуваат“, не исклучувајќи ја можноста за барање смртна казна.Робинсон е сместен во специјално одделение каде внимателно се следи и е подложен на проценка на менталното здравје – мерки што се применуваат во случаи со тешки кривични дела.Потрага по мотивИстражителите се обидуваат да утврдат што го навело Робинсон да пука кон Кирк од покрив. Се разгледува и можноста неговата романтична врска со трансродовиот цимер да имала некаква улога во злосторството.„Партнерот соработува, тој немал поим за она што се случува и моментално помага во истрагата“, изјави гувернерот Кокс.Истрагата опфаќа и белешка што Робинсон ја оставил, како и пораки напишани на чаурите најдени на местото на злосторството. На една од нив пишувало: „Еј, фашисто! Фати го ова!“ Други пораки биле комбинација од интернет мемиња, цитати од видео игри, како и стихови од италијанска антифашистичка песна. Тоа, според истражителите, дополнително го отежнува откривањето на јасен мотив.АпсењетоРобинсон, студент по електротехника во трета година, беше уапсен по 33-часовна потера. Клучна улога одиграл неговиот татко, кој го препознал на снимките од надзорните камери и го убедил да се предаде. Полицијата добила помош и од пораките на „Discord“, каде што Робинсон шеговито напишал дека „двојник“ го извршил злосторството, а цимерот ја споделил содржината со истражителите.Реакции и комеморацииВдовицата на Кирк, Ерика Кирк, во првото јавно обраќање рече: „Ако мислевте дека неговата мисија досега беше силна, немате претстава што ќе следи. Нема да верувате што сте ослободиле во оваа земја.“Бдеења се одржуваат во Њујорк, Висконсин и Јута, каде што голем број студенти му оддаваат почит. Голема комеморативна служба е најавена за 21 септември на стадионот „Стејт Фарм“ во Аризона, кој собира над 63.000 луѓе. На погребот е најавено присуство и на Доналд Трамп.

Свет | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-38-8270PM

Тинејџер од Скопје ранет од лице на велосипед што пукало повеќепати

Осумнаесетгодишно момче од Скопје е донесено со прострелни рани во Ургентниот центар. Според пријавата, бил нападнат на ул. „Методија Митевски“ од лице на велосипед.На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го напуштило местото. Увид е извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

motor

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа кај Гевгелија

Мотоциклист од Гевгелија (37) загина откако со својот „кавасаки“ излетал од патот кај селото Богородица. Со тешки повреди бил пренесен во болница, каде починал.На 14.09.2025 околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Македонија | пред 2 месеци

dron1

НАТО ќе го затвори небото над западна Украина?

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски смета дека Русија „ја загубила конфронтацијата“ што ја започна со упадот на дронови во Полска на 10 септември. Во интервју дадено на маргините на конференцијата Јалта Европска Стратегија (YES) во Киев, Сикорски изрази оптимизам во врска со одговорот на НАТО и понатамошниот развој на настаните, пишува Kyiv Independent.„Мислам дека Русија ја загуби оваа конфронтација“, изјави Сикорски.Тест за НАТОЗа време на нападот, Полска успеа да собори само три или четири од вкупно 19 дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор, а еден од нив падна речиси 400 километри западно од украинската граница. Инцидентот ги принуди сојузниците на НАТО да подигнат борбени авиони вредни милиони долари за да се соочат со дронови чија вредност се мери во илјадници.Варшава по нападот формално побара консултации според Член 4 од Договорот на НАТО, кој им овозможува на членките да дискутираат кога сметаат дека нивната безбедност е загрозена. Тој чекор сепак не ја достигнува тежината на Член 5, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите. НАТО на 12 септември најави нова операција за одвраќање под името „Источен стражар“, но Сикорски објасни зошто Русија не се соочи со одмазда: „затоа што имаше само помала материјална штета и никој не загина.“На прашањето дали „смрт на луѓе“ или напад врз аеродромот Жешов, клучно логистичко јадро за помош на Украина, би било доволно за активирање на Член 5, Сикорски се согласи. „На тоа Русија опасно се доближува“, додаде тој. „Некои медиуми шпекулираат дека патеката на некои дронови водела кон Жешов, главниот аеродром низ кој минува опрема за Украина. Нашата прва должност е да го заштитиме тоа од руска саботажа, шпионажа и кибер напади.“Јакне соработката со УкраинаПолскиот министер смета дека рускиот напад бил обид за тестирање на одбраната и решителноста на НАТО на источниот фронт. Иако одговорот на Полска го оцени како успешен, тој призна дека земјата мора подобро да се подготви за идни напади. Заканата се потврди само неколку часа по интервјуто, кога руски дрон влезе во воздушниот простор на Романија.Украина понуди помош на Полска во зајакнување на способностите за електронско војување и пресретнување дронови, користејќи поевтина опрема за нивно соборување. Полското министерство за одбрана потврди на 12 септември дека експерти од двете земји ќе вежбаат користење на системи против дронови на полска територија.„Тоа е уште една работа што (рускиот претседател Владимир) Путин ја постигна со овој напад. Нашата јавност сега бара поблиска соработка со Украина, бидејќи вие имате најново, најрелевантно искуство“, рече Сикорски, додавајќи дека Путин „можеби ја забрза полско-украинската соработка во производството на оружје.“„Затворањето на небото над Украина повторно е на маса“Сикорски потврди дека по нападот врз Полска повторно би можела да се разгледа идејата за затворање на дел од украинскиот воздушен простор со користење на противвоздушна одбрана стационирана во земјите членки на НАТО. „Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, повторно ја потврди оваа украинска понуда... мислам дека со своите постапки претседателот Путин можеби ја унапреди оваа идеја затоа што ние заедно управуваме со нашиот простор, а мислењето се движи кон таа идеја“, рече тој.И покрај сè, Сикорски верува дека НАТО покажа единство и подготвеност. „Верувам дека ѝ покажавме на Русија дека НАТО е подготвен и обединет“, заклучи тој.Од другата страна, изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп не беа толку охрабрувачки. Трамп за Fox News, коментирајќи го нападот врз Полска, рече дека „нема да брани никого.“ Подоцна додаде дека би ја погодил Русија со „големи“ санкции само ако сите членки на НАТО се обединат, престанат да купуваат руска нафта и воведат царини кон Кина.Сикорски го поддржа барањето на Трамп за прекин на увоз на руска енергија, прозивајќи ја при тоа Унгарија, но беше повнимателен околу прашањето за царини кон Кина. „Треба да го санкционираме агресорот. А агресор е Руската Федерација. Ние во Европа воведовме 18 пакети санкции. Работиме на 19 пакет“, рече Сикорски.Што би значело затворање на небото?Кога се зборува дека НАТО би можел „да го затвори небото“, се мисли на воведување зона забранета за летање (no-fly zone) над одредено подрачје.Во пракса тоа би значело дека НАТО би распоредио противвоздушна одбрана и борбени авиони за да спречи непријателски авиони, проектили или дронови да влезат во тој воздушен простор. Ако некоја летелица сепак влезе, би била соборена.Во контекст на Украина, затворањето на небото би значело дека НАТО би ја презел контролата над дел од украинскиот воздушен простор, користејќи системи за противвоздушна одбрана стационирани во земјите членки на НАТО (на пр. Полска, Словачка или Романија), со што Украина би била дополнително заштитена од руските ракетни и дронски напади.Ако НАТО го затвори небото над Украина или барем дел од него (на пример долж границата со Полска и Романија), тоа би значело де факто влез во војна со Русија, бидејќи сојузниците би морале да ги соборуваат руските авиони и ракети. Поради огромниот ризик од поширока војна, оваа опција досега секогаш била одбивана, но со зачестените инциденти како нападите со дронови врз Полска и Романија, таа повремено се враќа во политичките расправи.

Свет | пред 2 месеци

sovet-glasanje-rebalans

ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за Советот на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници во Советот на Град Скопје. Од партијата велат дека изборот паднал на „чесни, образовани и успешни луѓе во својата област“, кои ќе работат за решавање на проблемите со кои се соочува главниот град.„Свесни сме за предизвиците што не очекуваат, имаме план и визија за промена на начинот на функционирање на градот кон подобро. Граѓаните се нашата водилка и мотивација да работиме повеќе и подобро“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.На листата се наоѓаат 45 кандидати:1. Даме Димитровски2. Луке Галески3. Жаклина Шопова4. Мартин Стојановски5. Дејан Шишковски6. Весна Маркоска7. Сашо Кукески8. Василка Китановиќ9. Анета Марковска – Илиевска10. Мирдита Салиу11. Александар Николовски12. Славчо Мисајлески13. Весна Стоименовска Атанасов14. Ибраим Сулејман15. Магдалена Забазновска16. Мунира Куч17. Филип Јаневски18. Борис Шамбевски19. Никола Стојковски20. Доце Павлова21. Валентин Манасиевски22. Тони Бојковски23. Даниела Костадинова24. Љупчо Настоски25. Љупчо Ристески26. Даниела Ристовска27. Никола Груев28. Емил Алиев29. Елизабета Стефковска30. Христина Јовановска31. Пане Антовски32. Анита Трајковска33. Митко Сланинкоски34. Мартин Талески35. Кристина Бундовска36. Димитар Николовски37. Луна Стефановска38. Христијан Перчинковски39. Мато Гласновиќ40. Милка Чолакова41. Слаѓана Бошковска42. Филип Наумовски43. Никита Шукутковски44. Марко Костов45. Мартина Анастасовска

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-15-135037

Филипче: Странска акредитирана лабораторија да направи испитувања на квалитетот на воздухот, водата и почвата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека по пожарите во депониите Дрисла и Вардариште, и последниот во Трубарево, потребни се итни анализи на почвата, воздухот и водата, од страна на странска акредитирана лабораторија.Филипче предупреди дека мора да се направи испитување на квалитетот на водата за пиење.„Сите изотопи кои што не се растворливи во вода ќе се детектираат. И тоа сметам дека час поскоро треба да го направи некоја странска акредитирана лабораторија, да не сведочиме на овие смешни изговори на Институтот за јавно здравје“, рече Филипче.Овие анализи, како што кажа Филипче, се важни бидејќи по вакви пожари постои ризик да е загадена почвата каде што има земјоделски производи.„Треба да се измери количината на диоксини, на фурани, на јаглеводородни честички во воздухот, не само на ПМ честичките. Треба да се испита количеството на тешки метали во земјата – никел, кадмиум, олово. Зошто е тоа важно? Поради тоа што можат тие тешки метали да влезат во синџирот на исхрана“, рече Филипче.За во иднина да се спречи нова еколошка катастрофа, Филипче нагласи дека е потребна итна детална анализа на сите институции и на сите депонии кои што работат во земјава. Ова, како што рече, е важно за да се превенира евентуална следна криза.„Имаат ли сите депонии лиценци? Сите ли се на доволна оддалеченост од населените места? Работи ли некој нелегално со отпад? Од каде се увезува отпад во земјава? Конечно, да знаеме што се случува во тој сектор. Што направи Владата по тоа прашање? Ништо“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

viena-logo-evrosong-2026

Кој ќе пее во Виена? Евросонг под закана од бојкот ако Израел не се повлече

Големото финале на 70. Евровизиски натпревар ќе се одржи на 16 мај 2026 година во „Виенер Штадхале“, најголемата затворена арена во Австрија, а полуфиналињата на 12 и 14 мај. Наместо јубилејната атмосфера, вниманието е свртено кон прашањето дали дел од земјите ќе настапат, ако Израел не се повлече или не прифати настап под неутрално знаме.Според Ynet, организаторите испратиле неофицијална порака до Израел да разгледа привремено откажување или учество под неутрално знаме за да се избегне исклучување. Неколку земји најавиле бојкот ако Израел биде дел од натпреварот, поради гневот од војната во Газа.Во моментов, Израел е меѓу 22 земји што изразиле интерес за учество во Виена, но повеќе држави велат дека конечна одлука ќе донесат дури по собранието на Европската радиодифузна унија (EBU) во декември. Ако не дојде до исклучување, шест земји веќе се заканија дека ќе се повлечат.Холандија се придружи на Ирска во најавата дека нема да учествува на Евросонг 2026 ако Израел биде дел од настанот. Холандскиот јавен радиодифузер AvroTros соопшти дека одлуката е донесена со оглед на страдањата во Појасот Газа, како и поради големиот број новинари кои загинаа во конфликтот. Ден претходно, ирскиот радиодифузер RTE оцени дека учеството на Израел е „несовесно“ со оглед на „ужасните загуби на животи во Газа“.Последните две изданија на Евровизија беа засенети од протести поради присуството на Израел, и покрај неговата воена кампања што следеше по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Израел, пак, негира дека намерно таргетирал новинари во енклавата.Шпанскиот министер за култура Ернест Уртасун во понеделник повтори дека неговата земја нема да учествува доколку Израел остане дел од натпреварот. „Мора да се осигураме дека Израел нема да биде во следното издание на Евровизија. Ирска, Словенија, Исланд и Холандија веќе го кажаа тоа. Ако Израел не биде исклучен, Шпанија исто така нема да учествува“, изјави тој за шпанското јавно радио.Покрај тоа, според Ynet, предложено било Израел да настапи под неутрално знаме со логото на јавниот радиодифузер Кан, бидејќи проблемот е со политиките на владата, а не со самата телевизија. Друг неофицијален предлог бил Кан да објави изјава со осуда на владата и IDF, што можело да помогне при гласањето во EBU.EBU се дистанцира од ваквите информации, наведувајќи дека консултациите сè уште траат и одлука нема да има пред крајот на процесот. Унијата и во јули во Лондон дискутирала за учеството на Израел, но тогаш одлуката беше одложена за декември. Кан, пак, изјави дека не добил никакви пораки од ваков вид.Меѓународниот притисок врз Израел да ја прекине речиси двегодишната војна во Газа продолжува да расте, а забележлив е и во забавната индустрија преку отворени писма од филмски автори, музичари и писатели кои бараат прекин на војната и бојкот на израелските организации. Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид, нагласувајќи дека се обидува да ги минимизира цивилните жртви и дека Хамас користи цивили како жив штит во домови, училишта, болници и џамии.

Магазин | пред 2 месеци

kaja-shukova

Шукова: Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од пожарот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција оцени дека жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар што избувна во саботата. Таа посочи дека граѓаните сè уште немаат информација какви токсини вдишувале и дали е безбедно да се движат надвор.Шукова додаде дека одлуката децата од Трубарево да следат онлајн-настава создава уште поголема збунетост, бидејќи не нуди одговор колку е загаден воздухот и каква е реалната опасност по нивното здравје и еколошка безбедност. Наместо брзи и ефикасни мерки за заштита на населението, според неа, институциите на локално ниво покажале целосна неодговорност и потфрлање.Таа нагласи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат утврден протокол за справување со еколошки хаварии. Според неа, и локалната и централната власт реагирале дури по силен притисок од јавноста и медиумите. „Не беше јасно кој носи одлуки – општината, градот или централната власт, но откако жителите на Трубарево се изнадишаа токсичен чад, вечерта сите се појавија за да се сликаат“, рече Шукова.Во врска со присуството на градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, таа праша во кое својство бил во Трубарево. „Јавноста не виде како помогнал во справувањето со еколошката катастрофа, но сите видоа дека дошол на сликање“, истакна таа.Шукова потсети дека Град Скопје и Општина Гази Баба биле првите што имале обврска да реагираат, но нивната пасивност и незаинтересираност, како што рече, најдобро ја отсликува неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со кризни ситуации.„Опасните пожари од депониите веќе не се проблем само на една општина, туку проблем на целиот град. Повеќе не смее да се чека, населението мора да биде заштитено. Јас кажав дека имам план – и краткорочни и долгорочни мерки за решавање на депониите и отпадот. Ова не е политика, туку конкретни чекори што мора веднаш да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители“, изјави Шукова.

Скопје | пред 2 месеци

gaza-palestina-zname

Жестоки напади на Израел во Газа, Палестинците масовно бегаат

Илјадници Палестинци побегнале во текот на ноќта од градот Газа откако израелските воени напади се интензивирале, се наведува во повеќе извештаи.Повикувајќи се на проценките на израелската војска, The Times of Israel објави дека околу 20.000 луѓе ја напуштиле главниот град на Појасот Газа во текот на ноќта.Палестинските власти исто така соопштија дека илјадници луѓе побегнале од разни населби кон југот на територијата, но дека многумина одбиле да го напуштат градот.Повик за евакуација во „хуманитарни зони“Израел во август најави дека неговите сили ќе воспостават целосна контрола врз градот Газа со цел да се справат со Хамас. Жителите беа повикани да се преселат во таканаречени „хуманитарни зони“ подалеку на југ.И покрај опасноста по нивните животи, многумина не сакаат да се преселат во безбедните зони, бидејќи Израел веќе ги нападнал тие подрачја.Израелската војска соопшти дека повеќе од 300.000 Палестинци неодамна го напуштиле градот и заминале во други делови од појасот. Медиумите под контрола на Хамас во Газа го проценија бројот на евакуирани на приближно 350.000.Сведоци изјавија дека израелските напади врз градот Газа во последните неколку часа биле особено силни и дека погодиле бројни згради. Лекарите соопштија дека од полноќ се убиени најмалку 16 лица.Израелската војска уништила десетици високи станбени згради во градот Газа, обвинувајќи го Хамас дека ги користи како набљудувачки позиции и за поставување експлозив.

Свет | пред 2 месеци

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Прва реакција од Русија: Ако НАТО го затвори небото над Украина, тоа значи војна со НАТО

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски даде на знаење дека НАТО планира да воведе забранета зона за летање над западна Украина, поради честите руски напади при кои дронови навлегуваат и во земји членки на НАТО што се граничат со Украина. На оваа идеја пристигна и првата реакција од Русија.„Идиоти, тоа би значело војна меѓу НАТО и Русија“Заменик-претседателот на руското Совет за безбедност Дмитри Медведев изјави дека спроведувањето на идејата за воспоставување забранета зона за летање над Украина и можноста земјите од НАТО да уриваат руски дронови би значело војна меѓу алијансата и Русија.„Сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите идиоти за создавање ‘зона забрана за летање над Украина’ и дозволувањето земјите на НАТО да ги соборуваат нашите дронови ќе значи само едно: војна на НАТО со Русија“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за воведување на ваква зона.Политичарот се осврна и на посетата на украинската престолнина од страна на естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. „Во Киев пристигна естонскиот министер за одбрана. Се заканува. Колку е земјата помала, толку нејзините лидери се посклони кон агресија и глупост“, наведе Медведев.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

Влен: Нуредини ја издал дозволата за складиштето со електронски отпад во Трубарево

Влен тврди дека поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е тој што ја потпишал дозволата за работа на ризичното складиште за електронски отпад во Трубарево, кое се наоѓа во густо населено подрачје веднаш до Скопје. Од партијата додаваат дека министерот бил личен избор на Али Ахмети и близок пријател на Бујар Османи.„ДУИ 20 години ја контролираше екологијата во земјава. Во тој период создадоа депонии во центарот на Тетово, Кичево, веднаш до Струга и десетици низ Скопје. Наместо решенија, ни оставија загадена и токсична животна средина“, велат од Влен.Тие обвинуваат дека и јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје е под капата на ДУИ, со директор избран од нивните редови. „Фактот што денес Скопје се гуши во чад и отрови е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалноста на институциите под нивна контрола“, стои во реакцијата.Во партијата нагласуваат дека додека граѓаните живеат во загаден воздух и труена почва, функционерите на ДУИ вложувале во трговски центри, фотоволтаици и нафтени бизниси. „ДУИ нема кредибилитет да зборува за екологија – тие се симбол за партизација, корупција и урбан хаос“, додаваат од Влен.Тие потсетуваат дека на 19 октомври граѓаните ќе имаат можност да ја прекинат оваа политика и да изберат власт која ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе внесе ред во управувањето со отпадот.„ДУИ треба да си вгради детектор за лаги, бидејќи количината на невистини што ја пласира веќе е медицински проблем. Како е можно да го обвинуваат Изет Меџити за дозвола издадена во време кога министер беше Насер Нуредини? Како е можно партијата што 20 години управуваше со загадената животна средина, да го обвинува Меџити, кој бил министер само една и пол година?“, прашуваат од Влен преку писмено соопштение.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-15-115432

Кандидатката на Левица за градоначалник на Кочани: Граѓаните сакаат да знаат кој е највиновен за трагедијата во „Пулс“

„Не може процесот да биде вечно заглавен во Обвинителство“, истакна кандидатката од Левица за градоначалник на Општина Кочани, Жаклина Филипова-Свеќаровска, во гостување во Канал 77, за случајот „Пулс“ кој сѐ уште се води во Обвинителството. Одговорните од одговорност не смеат да се кријат, потенцираше таа.„Пак ќе кажам, значи, мора да се процесуираат тие, не може да бидат вечно заглавени во Обвинителство. Значи, не може, едноставно. Луѓето сакаат да знаат. Сите сме виновни, тоа го кажав јас, генерално, ама треба да се знае кој е највиновен. Дефинитивно, дел се виновни со постапување, дел со непостапување, дел со премолчување, дел со невидување. Јас пак ќе кажам, доколку луѓето биле свесни на кое место ги пуштаат децата, таму едно дете немало да има, еден млад човек немало да има“, вели Филипова-Свеќаровска.Филипова-Свеќаровска посочува дека до Советот на Општина Кочани никогаш не стигнале какви било извештаи за криминални дејности во дискотеката „Пулс“. Таа вели дека родителите на децата и сите граѓани на Кочани не знаеле какво место е тоа, бидејќи се потпирале на системот кој има одговорност да обезбеди бројни дозволи за дискотеката да стане место за забава.„Сметајќи дека едно такво место треба да добие соодветни дозволи од бројни институции, воопшто не сум го доведувала тоа во прашање, во смисла дека може да се случи место коешто е крајно несоодветно да биде место за забава. Дури откако, за жал, се случи тоа што се случи, станавме свесни сите. Во спротивно, не би имало таму толкава маса на млади луѓе“, вели Филипова-Свеќаровска.Дури и полугодишните и годишните извешаи за криминалитетот на територијата на градот Кочани, кои се доставувале од Полициската станица од Советот, биле забележливо крајно розови, а дискотеката не била спомената како место на некакви криминални случувања. Фактичката состојба била различна, а извештаите покажувале намалување на малолетничката деликвенција, што доведувало до заклучокот дека е намален само обемот на работа.

Македонија | пред 2 месеци

univerzalna-sala2

Нова Универзална сала во Скопје со 1200 седишта и современа опрема до 2027 година

Универзалната сала во Скопје ќе добие нов, модерен изглед со капацитет од 1200 седишта, подобрена акустика и најсовремени техничко-технолошки системи, соопшти Министерството за култура и туризам. Во планот се вклучени HVAC, сценска механика, ЛЕД-осветлување, аудио-видео и електрични инсталации, како и современи материјали во ентериерот и екстериерот. Објектот ќе биде енергетски ефикасен, а околината ќе добие ново партерно и хортикултурно уредување.Од Министерството нагласуваат дека ќе се задржи постојната форма на салата, како знак на почит кон колективната меморија на скопјани.Идејното архитектонско решение е дело на проектантот Бујар Муча и беше задржано од Град Скопје. Во конструктивниот дел, пак, биле направени измени врз основа на насоки од испитувањата што Министерството ги побарало како неопходност по пожарот во објектот.Очекувањата се постапките за избор на изведувач и надзор да завршат до почетокот на октомври, по што ќе започне изградбата по системот „клуч на рака“. Планот е Универзалната сала да биде готова до крајот на 2027 година, а во 2028 да биде подготвена за програмата „Скопје – европска престолнина на културата“. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра.„Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, идентитетот и иднината на Скопје“, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, додавајќи дека салата ќе стане симбол на културна размена и заедништво достапна за сите граѓани.

Скопје | пред 2 месеци

dron1

Инцидент со дрон ја вжешти дипломатијата меѓу Букурешт и Москва

Руската амбасада во Букурешт го оцени влегувањето на дронови во Романија како „провокација“ од Украина, откако романското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор поради инцидентот.На средбата, амбасадорот Владимир Липаев ја отфрли реакцијата на Романија, која ја обвинува Русија за упадот, како „неоснована“, стои во соопштението што амбасадата го објави синоќа.„Сите факти укажуваат дека станува збор за намерна провокација од страна на режимот во Киев“, наведено е понатаму во изјавата.Инцидентот се случи само неколку дена откако десетици руски дронови беа соборени над полското небо.Романското Министерство за надворешни работи во неделата го повика Липаев за да му предаде протест поради, како што нагласи, „неприфатливото нарушување на романскиот воздушен простор од руски дрон“ во саботата – настан што следеше по спектакуларниот упад на повеќе руски дронови во Полска, кој беше остро осуден од Европската Унија.Во соопштението на министерството се наведува дека на рускиот дипломат му бил врачeн „силен протест“ поради „овој неодговорен и неприфатлив чин“. Дополнително, Москва била повикана „да преземе сите неопходни мерки“ за да се спречи повторно нарушување на суверенитетот на Романија.фото: Х

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-15-104623

Тошковски: Околу 200 луѓе кои живеат на Вардариште мора прво да се дислоцираат, за Трубарево следи детална истрага!

Постојано сме присутни на терен, како МВР, така и останатите институции и ве уверувам дека секој еден што е поврзан со еколошки криминал, ќе следуваат соодветни дејствија и од наша страна. Сметам дека во иста насока ќе продолжат и обвинителството и судството, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Во однос на трајно решавање на проблемот со депонијата Вардариште, министерот истакна дека тоаза тоа мора да се делува во повеќе насоки, бидејќи станува збор за неколку децениски проблем,-Прво мора да видише како да се направи дислокација на околи 200 луѓе, кои живеат на тоа подрачје, па потоа да се решава проблемот со отпадот.Во однос пак на хаваријата што се случи во Трубарево, Тошковски рече дека на терен биле екипи од повеќе институции, а бидејќи Македонија прв пат се соочува со ваков вид еколошка катастрофа, консултирале и странски експерти за да знаат како да постапуваат.-Институциите да си ја работеле работата како што треба во изминатиот период, во однос на дозволи и соодветно работење на погонот за електронски отпад, немало да дојде ова што се случи, истакна министерот. Факт е дека институциите во Македонија повеќе од 30 години се деградирани, уништувани, раководени од несоодветен кадар, нефокусирани на нивните надлежности. Должни сме овој случај да го истражиме како што треба, а тоа треба да го направат и сите останати институции, во однос на дозволи, во однос на соодветно постапување со ваков тип на отпад, се треба да биде согласно највисоките стандарди, рече Тошковски.Увид во Трубарево смее да се направи од 24 до 48 часа по гаснење на пожарот, рече Тошковски, нагласувајќи дека ова прашање заслужува најдлабока анализа.

Македонија | пред 2 месеци

sport

(Видео) Вечер на триумфи: Алексовска и Трајановски блеснаа пред домашната публика

Македонската публика уживаше во вистински спектакл на ММА сцената! На настанот „Армада 14“ нашите борци испишаа ново славно поглавје во спортската историја. Даниела Алексовска и Марко Трајановски вечерта ја заокружија со големи победи, потврдувајќи дека Македонија има шампиони на кои може да биде горда.Триумф на Даниела Алексовска со сензационален потегАлексовска приреди вистинска еуфорија меѓу гледачите со маестрална победа уште во првата рунда. Со совршено изведен арбар таа ја совлада противничката Флацеа Алда од Молдавија во последната минута од рундата. Алда не успеа да се ослободи од зафатот, па судијата мораше да ја прекине борбата и да ја прогласи македонската борка за победничка. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Прва полупрофесионална победа за Марко ТрајановскиМарко Трајановски го обезбеди својот прв полупрофесионален успех со убедлива судиска одлука. Во сите три рунди тој ја контролираше борбата и доминираше над противникот Петар Кликовац од Србија. Судиите едногласно му ја доделија заслужената победа. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Оваа вечер исполнета со победи ја донесе радоста и гордоста кај македонската публика, но и најави нови предизвици. Даниела Алексовска веќе се подготвува за својот нареден настап на Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија, кое ќе се одржи на 27 септември, каде повторно ќе ја брани македонската чест на највисоко ниво, носејќи ја силата од синоќешниот триумф.

Македонија | пред 2 месеци

ukraina-pukanje

Украина остана без клучна комуникација на боиштето

Сателитската интернет-мрежа во сопственост на Илон Маск, Старлинк, вчера претрпе глобален прекин, потврди компанијата на својата официјална страница.Сè уште не е потврдено дека „Старлинк“ во Украина целосно се вратил во функција. Пореметувањето ги погоди корисниците ширум светот, а особено одекна во Украина, каде што „Старлинк“ ја одржува врската на болници, училишта и воени единици на првата линија.„Старлинк повторно е во прекин долж целото боиште“, напиша на Телеграм командантот на украинската единица за дронско војување Роберт „Мадјар“ Бровди.Речиси еден час подоцна објави дека врската „постепено се враќа“, иако „Старлинк“ сè уште нема потврдено целосна обнова на услугата.Десетици илјади пријавени проблеми ширум светот„Downdetector“, платформата што следи прекини на интернет-услуги, забележа десетици илјади пријави за проблеми од корисници ширум светот. Од компанијата порачаа дека ја истражуваат причината за дефектот. Ова е втор голем пад на услугата во последните неколку месеци.„Старлинк“ во Украина ја замени поголемата дел од уништената комуникациска инфраструктура и денес ја одржува врската и за цивили и за војската. Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Киев доби повеќе од 50.000 „Старлинк“ терминали, од кои речиси 30.000 обезбеди Полска.„Ројтерс“ во јули 2023 година објави дека Маск привремено ја деактивирал покриеноста над Херсонската област за време на украинската контраофанзива во 2022 година, што го отвори прашањето за зависноста на критичната инфраструктура од одлуките на приватна компанија.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека би можел да прогласи национална вонредна состојба и да го федерализира Вашингтон, откако градоначалничката Мјуриел Баузер соопшти дека полицијата нема да соработува со Службата за имиграција и царина (ICE).Спорно е споделувањето информации за лица кои нелегално престојуваат во Соединетите Американски Држави или влегуваат во нив. Најновата закана на Трамп се надоврзува на потег што критичарите го сметаат за пречекорување на федералните овластувања.Неколку илјади демонстранти овој месец излегоа на улиците поради распоредувањето на единиците на Националната гарда во август со цел да се „воспостави повторно закон, ред и јавна безбедност“ во Вашингтон.„За само неколку недели, градот процвета... Првпат во неколку децении практично нема криминал“, напиша Трамп на платформата Truth Social.Тој ги обвини „радикалните левичарски демократи“ дека вршеле притисок врз градоначалничката Мјуриел Баузер да ја извести владата за несоработката со ICE.Националната гарда одговара на гувернерите на 50-те држави, освен кога е повикана во федерална служба. Националната гарда на Вашингтон директно одговара на претседателот.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

(Видео) Трамп ја нарече Русија агресор и најави нови санкции, но со услов за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата повтори дека е подготвен да воведе нови санкции кон Русија, но ја услови одлуката со посилен одговор од европските држави и НАТО-сојузниците. Тој остро ги критикуваше партнерите поради, како што рече, недоволен придонес кон заедничката безбедност.„Европа купува нафта од Русија. Не сакам да купуваат нафта. Санкциите што ги воведуваат не се доволно остри. Подготвен сум да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите мерки пропорционално на моите“, рече Трамп, додавајќи: „НАТО мора да се обедини, Европа мора да се обедини. Не можеме ние да бидеме единствените што одат полна пареа“.Трамп се осврна и на можноста за директна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, најавувајќи дека тој самиот можеби ќе мора да се вклучи.„Толку се мразат што не можат да дишат. Мислам дека јас ќе морам да ги натерам да разговараат“, изјави Трамп, додавајќи дека човечкиот данок од војната е „неприфатлив“.🇺🇲🇺🇦🇷🇺 There is boundless hatred between Zelensky and Putin, they hate each other so much that they cannot talk, — TrumpTrump stated that the next stage of negotiations regarding the war in Ukraine should be a trilateral summit.See the latest updates with us: @NSTRIKE1231 pic.twitter.com/oGnfg2iID4— Visioner (@visionergeo) September 15, 2025 За првпат по подолго време, Трамп отворено ја нарече Русија агресор.„Кога сте агресор, обично повеќе губите. Тоа е вистината во секој војна“, рече тој, наведувајќи дека „8000 млади војници загинале само оваа недела“.Изјавите на Трамп предизвикаа реакции на Капитол Хил. Демократскиот конгресмен Адам Смит оцени дека воведувањето царини кон Кина нема да има суштинско влијание врз конфликтот во Украина.„Русија нема никакви легитимни безбедносни причини да ја нападне Украина. Тие го започнаа овој војна и мора да ја завршат“, изјави Смит, повикувајќи на единство на САД и НАТО во поддршката за Киев.Иако Трамп сè почесто користи поостар речник кон Москва, неговиот однос кон Русија и понатаму е извор на контроверзии. Критичарите потсетуваат дека за време на неговиот мандат често бил попустлив кон Кремљ, а дел од заканите со санкции останале само на зборови.

Свет | пред 2 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Се проверува одговорноста на тие кои издале дозвола да има склад за отпад во Трубарево, среде населено место

Основното јавно обвинителство потврди дека се истражува потенцијалната одговорност и на други лица во врска со големиот пожар во складиштето за отпад во Трубарево. Дозволата ја издава Министерството за животна средина, па оттука, документацијата за работата на компанијата се наоѓа во нивните простории.„Се испитува потенцијална одговорност и на други лица. Во врска со документацијата и дозволите, издадени се повеќе наредби по кои МВР сè уште постапува“, велат од Обвинителството, одговарајќи на прашањето дали лицето кое ја издало и потпишало дозволата за работа на складиштето ќе биде предмет на истрага.Веќе е познато дека тие имале 10 годишна дозвола, издадена во 2021 година, кога министеруваше Насер Нуредини од ДУИ. Складиштето работело и во време на министерувањето на Каја Шукова и Изет Меџити. Засега не е познато дали се правени контроли, во делот на исполнувањето на условите за работа.На прашањето дали се проверува колкава количина отпад била складирана во магацинот на фирмата „Ф-групација“, од Обвинителството додаваат: „Се преземаат дејствија за проверки“.Со тоа останува отворено прашањето дали фирмата поседувала отпад во рамките на дозволените параметри и дали институциите вршеле навремени контроли на работењето.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-15-at-09.23.13

(Видео) Џамбазов откри неочекувана понуда од жена политичар: Подобро претседател во Сретеново отколку на Македонија

Игор Џамбазов во подкастот „Претрес со Ландов“ за прв пат откри дека пред година и пол добил изненадувачка понуда – да се кандидира за претседател на државата.Како што раскажа, сè започнало кога неговиот букинг менаџер му јавил дека од Скопје го бараат „за нешто поврзано со Скопје – европски град на културата 2027“. Џамбазов прифатил средба во Дојран, но набргу сфатил дека приказната е сосема поинаква.„Дојде човек и ми вели: ‘Јас сум дојден во име на 150 скопски интелектуалци, сакаме да се кандидираш за претседател на Македонија. Анкети се правени, ти влегуваш во втор круг’“, прераскажа Џамбазов.https://youtu.be/_bOlfR-esy4Тој вели дека бил збунет и изненаден од понудата, особено кога му било кажано дека зад него ќе стојат адвокати, медиуми и обезбедено финансирање за кампањата.„Го качив на мојата куќа во Дојран и го прашав најискрено – дали би го жртвувал овој мир за една неизвесна бесмислица? Јас би бил посреќен ако бидам претседател на месна заедница во Сретеново“, раскажа тој со иронија.Неколку дена подоцна, Џамбазов бил поканет на нов состанок во Скопје, овој пат со политичарка од женски род, која, како што вели, сериозно го убедувала дека токму тој е „победникот“. View this post on Instagram A post shared by Pretres.mk (@pretres.mk)„Верувајте ми, таа имаше и желба, и љубов, и радост да го прави тоа. А јас немав ништо од тоа. Беше навредена кога сфати дека не сакам“, додаде Џамбазов.Тој заклучи дека ваквите понуди се доказ дека државата не е подготвена за вакви експерименти. „Не сме ние подготвена држава за такво нешто“, заврши Џамбазов во својата исповед.

Македонија | пред 2 месеци

vardariste-protest

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“ – бараат трајно решение за Вардариште

Жителите на Ново Лисиче и околните населби од утрово го блокираа мостот „Близнаци“ во знак на револт поради депонијата Вардариште, која со години го загадува воздухот и ја труе околината.Иако огнот на депонијата во моментов е изгаснат и има обезбеден 24-часовен надзор, граѓаните порачуваат дека тоа не е доволно и бараат трајно системско решение. Според нив, само целосна санација и модерно управување со отпадот може да стави крај на деценискиот проблем. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Не сакаме само привремено гаснење на огнот. Бараме Вардариште конечно да престане да биде закана по здравјето и животот на луѓето“, велат демонстрантите.Тие предупредуваат дека вакви блокади ќе има секој ден сè додека надлежните институции не понудат конкретни чекори и рокови за затворање и трајно решавање на депонијата.

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-16.52.13

Краткотраен притвор за пожарот во Трубарево

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје за определување краткотраен притвор за 4 лица, кои доцна синоќа беа спроведени во судот а поврзани со пожарот кој на 13.09.2025 година се случи во Трубарево – Скопје, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на:В.М., З.С., М.Д. и Л.Д. им определи мерка притвор во траење од 48 часа.Четворицата се осомничени за кривичното дело до чл. 230 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ, односно Загрозување на животната средина и природата со отпад.Со почит Основен кривичен суд Скопје.

Скопје | пред 2 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

ИЈЗ: Нема зголемена радијација во воздухот, сите мерења се во рамки на нормалниот фон

Институтот за јавно здравје на Република Македонија соопшти дека во периодот од 7 до 14 септември 2025 година автоматскиот систем за мерење на радијација во воздухот работел непрекинато и ги следел податоците од сите 14 мерни станици во земјата.Според резултатите, во Скопје (станица MKMP-1) просечната вредност изнесувала 51 нано сиверт на час, со најниски и највисоки регистрирани вредности од 51 до 69 нано сиверти на час.Денес, на 14 септември во 11:30 часот, регистрирани биле 50 нано сиверти на час – што, како што нагласуваат од ИЈЗ, е во рамки на природниот радијациски фон и не претставува никаква опасност за здравјето на граѓаните.„Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на населението. Во моментот нема одстапувања од нормалните референтни вредности“, велат од Институтот.Екипи на ИЈЗ по насока на Министерството за здравство и инспекторатот за животна средина земаат примероци од почва и вода во непосредна близина на засегнатите подрачја за физичко-хемиска анализа и за дополнителна проверка на евентуално присуство на јонизирачко зрачење.Институтот најавува дека по обработката на податоците резултатите ќе бидат објавени за јавноста и додава дека состојбата внимателно се следи во координација со сите надлежни институции. Препораката до граѓаните е и понатаму да ги следат официјалните насоки и информации од ИЈЗ.

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања