Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Скопје1.мк

zernovski

Жерновски се сретна со специјалниот претставник на Канцеларијата на ОН во Македонија, Лујза Винтон

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, ја прими Лујза Винтон, специјален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија.Состанокот беше во функција на информирање и консултации во однос на престојното 73.  Генерално собрание на Обединетите нации, кое ќе се одржува во Њујорк од 24 до 28 септември оваа година, а на кое Жерновски ќе ја претставува Република Македонија како дел од македонската делегација.Винтон ги посочи заедничките предизвици во поглед на борбата против радикализацијата на насилен екстремизам и тероризам, профелирација на оружје за масовно уништување како закана за светската безбедност, потребата за заедничка акција за подобрување на човековите права и промоција на дијалогот како средство за разбирање и соработка помеѓу нациите.Жерновски истакна дека Македонија е силен подржувач на мултилатерализмот и дека ќе работи со сите земји членки на Обединетите нации со цел да се заштитат човековите права, да се подобри безбедноста и да се зачува мирот во светот.На состанокот стана збор и за актуелните внатрешно-политички состојби, текот на домашните реформи и надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, со акцент на  актуелностите поврзани со спроведувањето на претстојниот референдумот.„Убеден сум дека граѓаните ќе ја препознаат сериозноста на одлука пред која сме исправени, а со приближување на денот на референдумот, поддршката за евро-атлантската иднина на земјава ќе расте сѐ повеќе”, потенцираше Жерновски на состанокот.„Ова е неповторлива шанса и сите обединети мора да се вложиме за да ѝ помогнеме на сопствената земја и на сопствените граѓани, во исполнување на нашите аспирација за членство во ЕУ и НАТО”, заклучи Жерновски на состанокот.

Македонија | пред 7 години

magasi

Почеток на кампањата против насилство во училиштата

Првата детска амбасада во светот Меѓаши од денеска, 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, почнува кампања против врсничкото насилство кое, како што велат од таму, за жал е сè поприсутно, особено во училиштата низ државата. Кампањата ќе се одвива и развива во текот на целата учебна година на национално ниво под слоганот „И зборовите повредуваат“, а за училиштата под слоганот ,,Булинг? НЕ во моето училиште“.Во рамки на кампањата ќе бидат поделени материјали за учениците и ученичките од вклучените училишта во програмата за мировно образование при Детската амбасада со содржини кои го промовираат ненасилството и поттикнуваат на подобро меѓусебно разбирање. Дел од промотивните материјали се објавени и на албански и турски јазик, а во текот на учебната година ќе бидат објавени и на јазиците на другите етнички заедници.Исто така, во рамки на кампањата преку целата учебна година ќе бидат одржани серија обуки за наставните кадри на тема ,,Булинг“ и како да се превенира и работи на намалување на врсничкото насилство и последиците од истото. Во рамките на училиштата ќе се одржат серија активности, работилници, форум-театри, танц-театри, дискусии на темата ,,Булинг“, а исто така ќе биде објавен и прирачник за наставниците. Во склоп на другите печатени материјали децата ќе имаат можност да се запознаат на повидлив начин со ЅОЅ контактите за деца и млади при Детската амбасада Меѓаши на 0800 1 2222 – бесплатна телефонска линија (само преку фиксен телефон) и на 02 2465 316 како и на [email protected] и на фесјбук-страницата https://www.facebook.com/SOSHELPLINEMEGJASHI.Целта на кампањата е препознавање, навремено и адекватно реагирање на различни случаи на врсничко насилство.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Кисела Вода почна со санација на улицата Студеничанска во село Драчево

Општина Кисела Вода почна со санација на улицата Студеничанска во село Драчево.Од Општината соопштија дека со градежните зафати ќе се изврши целосно гребење на асфалтот и тој ќе биде заменет со нов слој, а на другиот дел ќе се изврши крпење на ударните дупки. Покрај ова, на улицата ќе се постават и легнати полицајци, со што ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.Активностите на терен ги изведува фирмата „Изолација“ ДОО. Увид во работните активности изврши градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, при што оствари и средби со жители од селото.Локалната самоуправа вчера почна и со активности за санација/крпење на ударните дупки на улиците во село Усје.

Скопје | пред 7 години

36469043_2193690153980511_6088255432164376576_n

Општина Гази Баба избира нови членови на советите во урбаните и месните заедници

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска на прес-конференција најави дека на 23 септевмри, недела, во сите месни заедници, од 17 до 20 часот, ќе се спроведат избори на членови на советите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Гази Баба.„Со тајно гласање ќе бидат избрани оние што ќе треба да бидат поврзувачи меѓу граѓаните и општината, нишка што ја изгуби својата вредност во овие години и наместо потребите на жителите, пред сè, беа ставани партиските потреби, но и манипулации. Затоа, сметам дека редно време е и месните и урбаните заедници да почнат да работат со целиот свој капацитет. Месните заедници повторно ги ставаме во функција за граѓаните да може своите предлози, иницијативи, барања и критики да ги достават до мене, со што општината ќе ја направиме транспарентен сервис на граѓаните“, истакна Георгиевски.Тој изрази очекување од новоизбраните членови целосно да се вложат во својата работа за, како што рече, и тие да придонесат во развојот на општината и за доброто на сите што живеат и создаваат во неа.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

МОСТ во извештај за референдумот го критикува апелот на Заев финансиски да се мотивираат вработените да гласаат

Набљудувањето на референдумот од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ започна на 3 септември, со распоредување на 80 долгорочни набљудувачи, кои ги покриваат сите општини во Република Македонија. МОСТ ја следи работата на Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, како и активностите на сите субјекти поврзани со претстојниот референдум.Како што информираат од граѓанската асоцијација, согласно Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, кампањата започна на денот на неговото распишување 30. јули, но активностите на субјектите се интензивирале од 31 август.Од МОСТ истакнуваат дека анализирале 311 извештаи за кампања и 978 дневни извештаи за настани и случувања во општините, од кои може да се заклучи дека единствениот субјект кој има интензивни активности на терен е коалицијата „Заедно за европска Македонија“.„Забележани се главно директни средби со граѓаните и повисок интензитет на т.н. кампања врата до врата. Забележан е и значително помал процент на активности на субјекти кои пропагираат граѓаните да не гласаат на референдумот. Во исто време, меѓународни и домашни организации и останати субјекти одржуваат информативни дебати и трибини. МОСТ цени дека овие информативни активности придонесуваат за зголемување на нивото на знаење и информираност на граѓаните“, се наведува во соопштението.Од МОСТ истакнуваат дека апелот на претседателот на Владата до бизнисмените, финансиски да ги мотивираат вработените во нивните компании да гласаат, е неетички потег кој не треба да биде дел од еден ваков важен процес. Ваквото однесување поставува преседан кој во иднина може да стане составен дел од кампањите и однесувањето на политичарите.„За поздравување е воведувањето на веб-алатката од Министерството за информатичко општество и администрација која овозможува пријавување притисоци во администрацијата. Особено позитивно е што алатката овозможува анонимно пријавување, што уште повеќе треба да ги охрабри вработените во администрацијата да пријават евентуални притисоци. Во текот на набљудуваниот период не бил пријавен ниту еден случај на оваа веб-алатка“, сметаат од граѓанската асоцијација.Во однос на новиот состав на ДИК, од МОСТ потсетуваат дека истиот бил избран неспоредно пред распишување на референдумот, со мандат од 6 месеци.„Претседателот и два члена беа избрани на предлог на опозицијата, додека потпретседателот и три члена на предлог на власта. Во набљудуваниот период ДИК работеше во колегијална атмосфера и сите одлуки ги донесе едногласно, што е за поздравување. Исто така, позитивно се оценува и транспарентноста на работата на ДИК, имајќи предвид дека првпат сите седници се јавни и за првпат се почитува обврската од Изборниот законик за редовно објавување на записниците од седниците на Интернет. Дополнително, ДИК ги одржува седниците во временскиот интервал пропишан со нејзиниот Деловник“ стои во соопштението.Понатаму се додава дека, при разгледувањето на барањата за изземање од извршување на должност член на ОИК, ДИК прифати едно барање поради службени обврски, иако тоа не е предвидено со Изборниот законик. Оттаму, можеби е потребно да се разгледа можноста за проширување на основите по кои може да се бара изземање од членство во изборните органи. Забележани се и извесни пропусти во прирачникот за едукација на изборната администрација, како и неусогласеност на одредени делови со видео-прирачникот кој го подготви ДИК и кој се користи за обуките на изборната администрација.МОСТ ја набљудуваше и постапката за дополнување на составот на избирачките одбори во 73 општински изборни комисии. Треба да се нотира дека истата заврши неколку дена по законски предвидениот рок. За првпат изборот не се вршеше паралелно за повеќе општински изборни комисии одеднаш, туку поединечно, што придонесе за зголемување на транспарентноста и можноста за набљудување и контрола на процесот. Генерален заклучок од набљудувањето е дека базата на службеници во администрацијата содржи неажурирани податоци кои го отежнуваат случајниот избор на членови на избирачките одбори. Дополнително се отвора дилемата дали одредени професии како што се на пример лекарите и останатите здравствени работници, коишто не се дел од администрацијата во потесна смисла на зборот, треба да бидат дел од базата од која се избираат членовите на изборните органи. Оттука, МОСТ препорачува да се подобри софтверот и базата за избор на членови на изборните органи, како и да се преиспита начинот на избор и составот на изборните органи.МОСТ ги охрабрува сите граѓани да се информираат за секој аспект од референдумот, активно да се вклучат во носењето одлуки и својот глас да го дадат согласно нивното лично уверување и волја. Секаков притисок, уцена или заплашување на граѓаните се спротивни на демократските вредности и принципи.МОСТ исто така ги поттикнува граѓаните да пријават какви било притисоци или нерегуларности на бесплатната телефонска линија 080-080-080.

Македонија | пред 7 години

gorge-ivanov

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во Детроит.Најавен како поддржувач на принципите на пазарната економија и политичкиот плурализам, македонскиот претседател говореше на тема: „Раѓањето на нов свет: Предизвици и можности за генерациите Y, Z и Алфа“.Зборувајќи за хиперповрзаноста, за предизвиците и можностите на новите генерации низ призмата на познатите филозофи, претседателот Иванов ги објаснуваше промените во светот, предизвикани од брзиот напредок на технологијата, миграцијата, демогафијата, климатските промени.„Настапува период на пост-демократија. Тоа не е недемократија, туку демократијата ќе влезе во поинаква фаза кога ќе се види дека на неа не делуваат толку тие што ги избираат политичарите, туку спин докторите. Спин доктори се креатори на политиките, програмите и активностите на политичарите“, рече претседателот Иванов.Говорејќи за големата криза од 2008-та година и за причините поради која се случија промени, и во реалноста и во размислувањата, тој посочи дека се загубила етиката и ги охрабри младите да го искористат својот потенцијал, во ова време на хиперповрзаност во дигитално трансформиран свет. Според македонскиот претседател таквиот нов свет на sharing philosophy, block-chain технологии и старт ап бизниси, го создаваат младите дигитални генерации, преку социјалните мрежи.„Знаењето нема смисла ако не се користи, тоа треба да има апликативна функција, да го примените тоа знаење, да ви користи во животот. Се претпоставува дека едно од тие најтајни учења е дека се што е човекова креација, се што е создадено од човек, без разлика дали е политика, спорт, војна, медицина, култура, сè подлежи на исти четири правила. Ако ги почитувате, секој пат ќе најдете решение за сè. Тие четири златни правила се состојат од четири мудрости: бидете трпелив, учете од другиот, искористете го моментот и четврто, ако сакате да успеете бидете подготвени за жртва“, изјави претседателот Иванов.Пред студентите, македонскиот претседател истакна дека е восхитен од нивната самодоверба, храброст и подготвеност да бидат социјално активни за бројни прашања, но истовремено им порача да го канализираат уникатниот потенцијал на нивната генерација за достигнување на трајни вредности.Државниот универзитет Вејн, основан во 1868 година, е меѓу топ 50-те американски државни универзитети за истражувачка дејност. Во рамките на овој универзитет е Мајк Илич Бизнис Школата, која го носи името во чест американскиот бизнисмен со македонско потекло г. Мајк Илич.За време на престојот во Детроит, на претседателот Иванов ќе му биде врачена наградата Глобален државник, највисоко признание што го доделува Обединетата Македонска Дијаспора. Посетата на македонскиот претседател на САД е по повод учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, каде е предвидено да се обрати на 27 септември.

Македонија | пред 7 години

vmro-dpmne-bela-zgrada

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев ги распродава државните интереси, низ цела Македонија царува криминал и насилство

Република Македонија се претвора во ветена земја за криминалците и тоа нема да се смени со промената на името и идентитетот што ги предлага Заев, се наведува во соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму велат дека јавноста е сведок на постојани нарушувања на безбедноста, а како што велат, одговорност нема од никого.„Главниот град Скопје наликува на сцена од криминален филм, а не на град каде што граѓаните можат да живеат без да се плашат за сопствениот живот и животот на најблиските. СДСМ ја уништува државата, а безбедноста на граѓаните е ставена под знак прашалник. Откако е СДСМ на власт секојдневно сме сведоци на насилства по улиците, неразјаснети убиства и криминални вооружени пресметки низ целата држава. Едноставно криминалот царува, а безбедноста не ја гарантира никој. Брутални убијци се шетаат на слобода, а доказ за тоа е егзекуторот што среде бел ден, на прометна улица го ликвидираше младиот фудбалер Мартин Јанушев. Поминаа десет месеци, против убиецот нема никаква постапка и не е приведен“, стои во партиското соопштение.Од партијата додаваат дека додека криминалот, насилството, уцените и хаосот царуваат по улиците низ Македонија, Зоран Заев забрзано ги распродава националните и државни интереси на Република Македонија.„Зоран Заев ги прифати сите грчки барања, прифати ново име за севкупна употреба, се откажа од македонскиот идентитет и се согласи на бришење на македонската култура и историја“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и ги повикуваат сите граѓани кои не се согласуваат со штетните политики на, како што велат, криминалната влада на Зоран Заев и СДСМ да дојдат во недела во 13 часот во Охрид на голем протестен марш.

Македонија | пред 7 години

tevdovski-1-777x437

Тевдовски: Со влезот во ЕУ и НАТО платите ќе одат во нагорна линија

Растот на платите и проектите за локален развој беа една од темите во фокусот на денешната средба на министерот за финансии Драган Тевдовски со граѓаните и стопанствениците во Демир Хисар.„Ја зголемивме минималната плата на 12 илјади денари. Ги зголемивме платите пет проценти во образованието и здравството. 10 проценти им се зголеми платата на припадниците на АРМ. Направивме целосна системска реформа за социјална и детска заштита, која треба да ги извлече граѓаните од сиромаштија. Со влезот во ЕУ и НАТО животниот стандард значително ќе се подобри. Ќе се обезбедат поголеми фондови за патишта, за образование, за болници“, порача Тевдовски.Тевдовски информира дека ќе почне изградбата на патот Битола-Демир Хисар, а ќе се објави и тендер за проектирање експресен пат Битола-Меџитлија.„Преку проектот за подобрување на општинските услуги на Светската банка изграден е и локален пат Обедник-Смилево до манастирот. Со изградбата на патот се подобрува локалната економија. Им се помогна на 500 жители кои собираат шумски плодови. Се зголеми и локалниот тузирам. Сега 1.500 посетители на манастирот имаат полесен пристап. Преку проектот МСИП во финална фаза е постапката за одобрување набавка на 4 минибуси за превоз на ученици“, рече Тевдовски.

Македонија | пред 7 години

vmro-dpmne-bela-zgrada

ВМРО-ДПМНЕ повика на голем протестен марш в недела во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со штетните политики на Зоран Заев да дојдат в недела во 13 часот во Охрид на голем протестен марш.„СДСМ и Зоран Заев се целосно неспособни да ја управуваат државата. Продажбата на името и идентитетот тоа нема да го смени. Прифаќањето на грчките црвени линии нема да помогне да се достигнат европските стандарди. СДСМ удри на крадење и задолжување на државата како да треба Македонија да влезе во сојуз со Северна Кореја или најсиромашните африкански земји, а не како да се приближува кон ЕУ и економска благосостојба.„Работите им бегаат од контрола. Власта вчера како најголем успех и достигнување го презентираше пронаоѓањето и чистењето пелени од страна на Петре Шилегов, кој ангажираше цела армија, полиција, противпожарна единица на Скопје и болнички возила за пронаѓање стари пелени кои смрдат во стан. Трагедијата да биде поголема, презентираше и снимки од успехот.Во Зоолошка слободно се штетаат крокодили надвор од нивните кафези, а власта се правда дека тоа било нормално бидејќи крокодилите биле во пубертет. Добро е што не станале полнолетни па да почне и надвор од Зоолошка сами да излегуваат.Заев ја лаже јавноста дека дневно 23 часа одговара на пораки.Градоначалници се фалат дека прислушкуваат, додека Заев ветува 100 евра за глас со кој ќе се откажете од вашите предци. Судовите не реагираат, државата е во медиумски мрак кога станува збор за големите национални прашања. Со СДСМ на власт државата е комплетно на колена.Власта е нефункционална и не може да ги извршува ниту основните потреби. И додека не си ја работат работата за која се платени од парите на граѓаните, тие вршат кампања за промоција на капитулантскиот договор што го потпишаа со Грција, во кој Република Македонија е оштетена страна, со кој го губиме институционалниот идентитет, историјата, културата и традицијата.Свесни за штетноста на договорот и неговата целосна асиметричност, ги кријат од граѓаните и уставните амандмани кои ги добија во вид на нонпејпер од грчката влада.Наместо да бегаат од дебата за суштинските прашања, Заев треба да се охрабри и да излезе на дебата со Христијан Мицкоски. Граѓаните очекуваат одговори. Заев не смее да бега. Тоа не е демократски, тоа е кукавички“, велат од опозициската партија.

Македонија | пред 7 години

Radmila_Shekerinska_VP

Шекеринска: Перспективите што се отвораат за Македонија најмногу ќе ги искористат младите

Пред речиси три децении, политичарите и граѓаните на оваа држава се согласија дека сакаат Македонија да биде посилна, побезбедна, попроспериетна, на тој начин што ќе стане членка на Европската Унија и НАТО и ветија дека ќе ги решаваат сите проблеми кои што се пречка на тој пат. Како Влада, како граѓани се трудевме да го направиме токму тоа – да најдеме решение на проблемите кои долго време ја мачат оваа земја зашто со секоја помината деценија проблемот што сме го криеле под тепих излегува пострашен, полош и потежок за решавање.Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешното отворање на Четвртиот мобилен летен универзитет на Балканот, кој се одржува во организација на Правниот факултет во Скопје и партнерски универзитети од Франција и од Германија.Министерката рече дека владата ја презеде одговорноста проблемот кој е можеби најтежок во историјата на Македонија, а поврзан со соседите да се реши на достоинствен начин кој ќе им покаже на македонските граѓани дека е можен компромис, со зачувување и зацврстување на македонскиот јазик, култура и идентитет. „Тоа ни ги отвора вратите на НАТО и ЕУ и создава перспектива која повеќе ќе ја искористат младите“, додаде Шекеринска.Министерката истакна дека пристапувањето кон ЕУ и НАТО зависи од две други приближувања – приближувањето помеѓу соседите и приближувањето во рамките на земјите, помеѓу различните групи, националности, религии…„ Наместо да се фокусираме на тоа што нè разделува, да се обидеме да најдеме заеднички јазик… Верувам и горда сум на тоа дека Македонија поставува поинаков пример. Пред помалку од една година го потпишавме Договорот за добрососедство со Бугарија, го потпишавме Договорот со Грција и верувам дека нашите три земји и регионот се посилни заради тоа, а не послаби“, рече министерката.Додаде дека Македонија во последните неколку години покажа дека како земја со многу различности, може да креира можности од кризи.„Поминавме низ многу тешка политичка криза и мислам дека ние сите научивме од оваа криза и видовме дека заедниците можат да се приближат зашто сфативме дека ги споделуваме истите проблеми, тешкотии. Затоа за нашите земји, респектирањето, прифаќањето на различностите и почитувањето на правото е формула без која не можеме да очекуваме нашите земји и регионот да бидат подобри и без кои не можеме да очекуваме нашиот регион да се приближи кон ЕУ и НАТО“.Правејќи паралела со делот од младите британски граѓани кои не излегоа на британскиот референдум, а очекувале поинаков исход, ги повика младите граѓани на Македонија да не ја прават, како што рече, истата грешка во овој важен и пресуден момент на нашата држава.„Ние навистина го немаме луксузот уште еднаш да создадеме изгубена декада за Македонија и ве повикувам вашите одлуки, одлуките на вашата генерација да ги направите навреме за да не мора товарот од моите плеќи да помине на вашите плеќи“, рече министерката.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Еве на кого Дрејк ја посветил песната „Кики“

Старлетата и раперот одамна не ја кријат нетрпеливоста еден кон друг, речиси и не пропуштаат прилика пред медиумите да нагласат колку не се сакаат. Но дали се случува некој пресврт?Неодамна почнаа гласини за наводна афера на Ким и Дрејк на што Ким кратко и јасно изјави:"Никогаш ништо не се случило,крај!"Но по излегувањето на мегахитот "In My Feelings", и маслото кое го додал Дрејк со тоа што почнал Ким да ја следи на инстаграм и нетрпеливоста која постои помеѓу Дрејк и Кание, се упатува на тоа дека сепак "КИКИ" на Дрејк е Ким Кардашијан.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Анџелина Џоли ќе се мажи за британски милијардер?

Анџелина Џоли повторно ќе се мажи, пишува „New Idea“. Според публикацијата, актерката планира да се омажи за британски милијардер, но името не е пријавено.Џоли уште го нема завршено разводот со Бред Пит, но планира да направи свадба во Лондон, пишува уште изданието, цитирано од агенциите.Разводот меѓу Џоли и Пит тече веќе втора година, а двајцата меѓусебно се обвинуваат за различни гревови и не можат да се разберат за финансиските услови по раскинувањето на бракот. Според адвокатите на Бред Пит, тој веќе дал 8 милиони долари на бившата сопруга, за да си купи стан во кој во моментов живее, а исто така пренел 1,3 милиони за издржување на нивните шест деца.Ѕвездената двојка не може да постигне договор за старателство над деца. Претходно жолтите медиуми соопштуваа дека Џоли се сретнала со мистериозниот британски бизнисмен од арапско потекло 6 месеци пред да ја објави разделбата со Пит, но тоа досега не е потврдено од сериозни извори.

Магазин | пред 7 години

mickoski-1

Мицкоски на средба со европратениците Кукан и Флекенштајн

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.„Соговорниците се согласија дека евро-атлантската интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на животниот стандард на граѓаните, како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја посочи посветеноста на партијата на евро-атлантските интеграции на државата, кои се од стратешки интерес“, соопштија од партијата.Мицкоски го истакнал фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати договорот што актуелната власт го потпиша со Грција поради фактот, како што рекол, што тој е спротивен на македонските национални и државни интереси, а во иднина се отвора и можноста тој да биде искористен како правен механизам за блокада на македонските еверо-атлантски интеграции.„На средбата со претставниците од Европскиот парламент се говореше и за актуелната политичка ситуација во државата, а им беше укажано дека актуелната Влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ и дека нивната лична поддршката и залагање ќе бидат клучни за напредокот во интеграцискиот процес на Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски-Лаин: Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лаин.Како што соопштија од партијата, соговорниците се согласиле дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за раст на животниот стандард на граѓаните, како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.„На средбата се разговараше и за актуелните политички случувања во Македонија и за претстојниот референдум. Мицкоски потенцира дека договорот со Грција е неприфатлив бидејќи е спротивен на начелата и принципите на партијата, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира ставот дека граѓаните имаат доволна политичка зрелост и достоинство самите да одлучат како ќе постапат на денот на референдумот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

zernovski

Жерновски: Проектот за интеграција во ЕУ нè обединува по етничка линија

Особено треба да нè радува фактот што проектот за интеграција во Европската Унија нè обединува по етничка линија и тоа нè прави уште посилни, рече заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, на средбата со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001-2002 година.Како што соопшти МНР, Жерновски истакнал дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска шанска за граѓаните да го трасираат патот на државата во иднина. Воедно, тој навел дека нашата држава е на чекор поблиску до остварување на нашата стратешката цел – членство во ЕУ и НАТО.„Особено треба да нè радува фактот што проектот за интеграција во Европската Унија нè обединува по етничка линија и тоа нè прави уште посилни. Деновите што ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме по 30 септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да нè обедини сите“, рекол Жерновски на состанокот.Тој информирал за реализираните реформи, како и напорите што Владата ги презема во насока на почнување преговори со ЕУ во 2019 година и членство во НАТО.Амбасадорот Ле Роа упатил силна поддршка за престојниот референдум – „Официјален Париз цврсто стои зад евро-атлантските аспирации на Република Македонија“, нагласил Ле Роа на состанокот.

Македонија | пред 7 години

mickoski

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра

Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра кои никој не знае каде завршуваат. Нема нови проекти, нема нови инвестиции ама затоа трошоците за живот се зголемуваат, стандардот паѓа, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до јавноста.„Со СДСМ на власт, јавниот долг за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди. Потврда на катастрофата што ја донесе СДСМ е податокот дека капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33 проценти за првите 7 месеци од годината.Граѓаните не знаат каде завршуваат нивните пари, ама затоа Зоран Заев во обидот да го покрие капитуланскиот договор фрла десетици милиони евра народни пари да се служи со лаги и манипулации со цел да го оправда прифаќањето на грчките линии“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Опозицијата додава дека Заев преку задолжувањата се обидува да им наметне на граѓаните дека подобро би им било ако се самоукинат да ги сменат името, идентитетот, културата, традицијата и историјата кои се наследени од нивните претходници.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Принцот Вилијам ги помеша државите, па стана хит на социјалните мрежи

Принцот Вилијам присуствувал на свеченото отворање на јапонскиот дом на културата во Лондон, а за таа прилика учествувал во разни работилници.Токму на отворањето му се случил незапаметен гаф кој брзо станал вирален на социјалните мрежи.Во Лондон во четвртокот беше отворен јапонскиот дом на културата, чии изложби, настани и гастрономски уживања ја претставуваат културата на Далечниот исток во британската метропола. Во склоп на својот кралски аранжман, на свеченото отворање присуствувал и принцот Вилијам.Една од задачите на учениците од интернационалното училиште била да ги покажат своите вештини со јапонските стапчиња за јадење, а на предизвикот им се придружил и добро расположениот принц. Со цел да ја разбие тремата на масата, тој пробал да ги забавува децата поставувајќи им неколку прашања, но потоа му се испуштил гаф поради кој станал предмет на потсмев.„Сакате ли кинеска кујна? Ммм, мислам јапонска храна, јадете ли често јапонска храна?“, брзо се поправил 36-годишниот принц, а децата не биле претерано заинтересирани за разговор.„Не? Не баш… Сакате ли суши? Сушито е вкусно“, продолжил принцот Вилијам.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: ТВ станица евакуирана среде програма

Официјални лица предупредуваат дека обилните дождови од ураганот Флоренс ќе траат со денови и дека жителите на Северна Каролина можеби ќе се соочат со најлошите поплави од почетокот на новиот милениум.Секретарот за сообраќај, Џим Трогдон, рече дека државата ja очекуваaт поплави во областите меѓу крајбрежните градови Вилмингтон и Шарлот.Гувернерот Рој Купер изјави дека во Северна Каролина и натаму не се регистрирани смртни случаи од ураганот Флоренс, но додаде дека е загрижен за безбедноста на луѓето во понатамошното дивеење на бурата.Метеоролозите тврдат дека средиштето на ураганот Флоренс се наоѓа веднаш при влезот на копното, во близина на местото Кејп Фиер во Северна Каролина.Флоренс во овие моменти и натаму е ураган од прва категорија со брзина на ветерот од 130 километри на час, иако на некои места се забележани и посилни ветришта.Надојдената вода поради силните бранови и врнежи од дожд принуди телевизиска станица од Северна Каролина да го евакуира персоналот, среде известувањата за ураганот.Неколку часови пред ураганот Флоренс да пристигне на копното, новинарите на WCTI-TV во местото Њу Берн биле принудени да го напуштат студиото.Портпаролката на оваа телевизија изјави дека патиштата околу зградата на телевизијата почнале да се поплавуваат, поради зголеменото ниво на реката во тој град, во близина на Атлантикот.Градот се наоѓа на околу 145 километри од плажата каде што ураганот Флоренс удрил на копното денес во 7:15 часот по локално време. Реките доаѓаат од северната страна на ураганот Флоренс, кој се движи спротивно од насоката на движењето на стрелките на часовникот и ги внесува брановите од плимата длабоко во копното.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Челзи поради бизарна причина не потпишал договор со Мбапе

Со само 19 години младиот Французин Килиан Мбапе е вистинска ѕвезда, а неговата кариера можеше да се движи и во друга насока ако во 2012 година, како 13-годишен фудбалер потпишал за Челзи. Бил на проба, но поради бизарна причина, англискиот клуб не потпишал договор со него.„Беше на проба, но не нè увери дека може да потпишеме договор, бидејќи дефанзивно беше слаб. Потоа, ја замоливме неговата мајка да дојде уште еднаш на проба, но таа го одби нашето барање. Дефанзивно како да не постоеше. Беше неверојатен со топката, но без неа како да го немаше на теренот. Сега е играч кој сите сакаат да го гледаат, го има тоа што модерниот фудбал го бара и во наредните десетина години ќе биде меѓу најдобрите во светот“, вели некогашниот скаут на Челзи, Даниел Бога.Во тој период, Мбапе играл за Бонди, мал тим од предградието на Париз, а сега е член на ПСЖ, а овој тим му плати на Монако 180 милиони евра за да го доведе на „Паркот на принцовите“.

Спорт | пред 7 години

Нема фотографија

Познатата плажа на Закинтос затворена за туристи по одронот на камења

Крајбрежната стража на Закинтос, денеска соопшти дека популарната плажа Навагио на овој остров, ќе биде официјално затворена за јавноста од денеска.Тие пренесуваат дека на сите видови на пловни објекти, им е забрането да и приоѓаат на оваа плажа.Одлуката е донесена, откако вчера седум лица заработија повреди поради одрон на камења од карпа на оваа плажа.Помеѓу повредените е и 34-годишна жена од Чешка, која се здоби со повреди на ‘рбетот, како и нејзиниот сопруг и двете деца, кои се хоспитализирани со полесни повреди.Останатите тројца повредени се пуштени од болницата.Локалните медиуми пренесуваат изјави на очевидци, кои тврдат дека голема карпа паднала во морето и создала голем бран, кој ги потопил малите бродови.Според зборовите на сопственикот на приватни бродови, за време на одронот на тоа подрачје се наоѓале три бродови со патници.„Слушнавме звук и мал дел од карпата падна во морето, потоа падна и другиот дел, а на крајот и третиот голем дел, кој предизвика бранови и ги преврте бродовите“, вели неименуван сведок за тамошните медиуми.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Метју Меконахи откри дека го спасил синот од трагедија

Познатиот актер Метју Меконахи е во брак шест години со Камил Алвеш, со која има три деца, синовите Леви и Ливингстон и ќерката Вида. Иако ретко зборува за приватниот живот, 48-годишниот актер откри интересен детаљ од минатото во својот најнов телевизиски настап.Имено, за време на еден излет со својата сопруга и тогаш шестмесечниот Леви, Метју за малку ќе доживеел голема трагедија.„Отидовме на излет во планината Гранд Кањон. Се сместивме на едно место и почнавме семеен пикник. Идилата беше прекината во еден момент. Зад нас имаше голем муфлон. За да го спасам мојот син, морав да ѝ го фрлам тогаш шестмесечниот син на сопругата која стоеше на мал премин 4,5 метри под нас“, го почна своето непријатно искуство, кое, за среќа, заврши без последици.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

„Топлик“: Тројца сведоци ќе бидат приведени за следното рочиште

Со сослушување сведоци денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот Сончев град во Сопиште.Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани, на почетокот кажа дека за денешното рочиште освен двајцата присутни сведоци, биле уредно поканети уште тројца сведоци кои не се присутни и за следното рочиште ќе бидат приведени.Првиот сведок што денеска сведочи била вработена во секторот за управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски и била заменик член на комисијата за јавно надавање за изградба на државно земјиште.На прашања од СЈО кажа дека како заменик член на комисијата учествувала на состанок каде била разгледана доставената документација, која била некомплетна, поради што било донесено решение да не биде објавена. Констатирале дека не е комплетна и не може да се даде на јавно надавање. За тоа бил составен и записник.

пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Политиките на Заев се колективна несреќа за македонскиoт народ

Претставници на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска остварија средби со граѓани во Валандово.Во однос на овие активности, обраќање имаше членот на извршниот комитет на партијата, Орце Ѓорѓиевски, кој оцени дека од средбите со граѓаните може да се види дека кај народот владее тага.“Од цела оваа политичка, но и економска состојба моментално во државава може слободно да се каже дека Зоран Заев како политичар е колективна несреќа за целиот македонски народ и за Република Македонија. Наоѓаме негодувања кај народот и за економскиот дел на политиката каде што јасно се кажува дека не само што СДСМ не го спречи иселувањето на народот, туку напротив народот уште толку се иселува од Република Македонија. Немаме ниту едно вработување во последниов период, особено во овој регион луѓето се соочуваат со сериозни финансиски проблеми во нивните семејства и се плашат дека може да ескалира и понатаму“, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.Истакна и дека луѓето сериозно ги мачи и засега, како што рече, срамниот и штетен Договор со Грција.„Може да се види дека сериозно се негодува од страна на нашиот македонски народ за тој договор и дека не го поддржуваат истиот и се исплашени за катастрофалните последици за нашата држава токму од тој договор“, изјави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој порача дека неговата партија нема да дозволи вечно да трае колективната катастрофа што Заев и ја прави на Република Македонија, односно дека заедно со народот ќе се изборат за победа врз, како што рече, режимот кој моментно е на власт.

Македонија | пред 7 години

Screenshot_2

Македонските кошаркари славеа победа на гостувањето кај Косово

Со победа на гости во Приштина, македонската кошаркарска репрезентација го започна вториот круг од предквалификациите за ЕП 2021 година.Во првиот меч од Б групата одигран во Приштина, македонските кошаркари слава победа со 73:76 против Косово со што избраниците на селекторот  Јорданчо Давитков му се реваншираа на овој противник за минатогодишниот пораз во мундијалските квалификацииЦрвено-жолтите одличо го отворија мечот па на самиот почеток имаа предност од 12:2 и највисоки 19:6. Но, сепак во продолжението наместо да продолжиме со нашата игра му дозволивме на противникот на ја намали негативата на 34-29Во третиот период домаќините дури и поведоа (41:39), на што нашите кошаркари брзо возвратија со серија за нова предност од осум поени разлика.И кога сите очекуваа дека лесно ќе го приведеме мечот до самиот крај, домаќините со неколку брзи поени стигнаа и до шанса да се изборат за израмнување.Сепак нивниот најдобар играч Дардан Бериша кој реализира 32 поени, 7 секунди пред крајот, реализира две од трите слободни фрлања, за на спротивната страна нашиот капитен Војдан Стојановски ги погоди двете и да го постави конечниот резултат Македонија – Косово 79-76.Во нашата селекција двајца кошаркари остварија дабл-дабл ефект. Бојан Трајковски постигна 17 поени, а имаше и 11 скока, додека Ричард Хендрикс на 10 поени придодаде 12 скока. Двоцифрен број на поени имаа и Дамјан Стојановски постигна 15 и Стојан Ѓуровски еден помалку (14).Црвено-жолтите нема да имаат многу време за одбор бидејќи веќе во недела, ја пречекуваат селекцијата на Романија против која ќе играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18 часот и 15 минути.

Спорт | пред 7 години

vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Заев јавно поткупува гласачи, нема кој да го казни

Правдата и законите во Македонија не важат подеднакво за сите! особено не за премиерот  Зоран Заев и неговата клика.Тој може отворено да повикува на криминал, и поткуп на гласачи а нема кој да го казни, обвини денеска повторно ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму велат дека по јавниот повик на заев за поткупување на гласачи за референдумот, молчи и јавното обвинителство, но и ДИК и меѓународните организации. Оод опоизицијата најавувата дека доколку Јавното обвинителство не реагира тие ќе поднесат кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања