Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

КОСОВО

Screenshot-2024-09-06-at-09.03.13

(Видео) Албин Курти грешно реши математичка задача, министерот за образование му апаудираше во училница

Косовскиот премиер Албин Курти јавно им се извини на учениците што направиле грешка при решавањето математички задачи на почетокот на учебната година.„Ви благодарам на топлината, добредојдовте во вашата нова училишна зграда... Но, морам да кажам дека ми е драго што повеќе не сум ученик, бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, напиша Албин Курти на Фејсбук, пренесува Политико.Коментарите за Курти се шират откако видеото на кое се обидува да реши алгебарски проблем стана вирално на социјалните мрежи.Курти е снимен во училницата за време на отворањето на новото училиште во Подуево.Откако Курти самоуверено ја реши математичката задача, сите во просторијата аплаудираа, а на тоа се вклучи и министерот за образование Арберија Нагавци.Имаше само еден проблем - одговорот беше неточен.Корисниците на социјалните мрежи брзо ја забележаа грешката во решението на Курти, која требаше да биде X=0 наместо X=5.Размислувајќи за грешката, Курти додаде:„Да размислував подолго за тоа, ќе сфатев дека точниот одговор е x=0, но во тој случај, мислам дека немаше да имам храброст да ја земам кредата и да го напишам точното решение. Се извинувам. Решението на таа равенка, како што знаете подобро од вашиот премиер, е X=0“, напиша тој.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-09.17.00

(Видео) Пукање во Приштина: Има убиени и ранети

Едно лице загина, а пет се ранети во престрелката што се случи синоќа во Приштина.Според медиумите, во престрелката учествувале семејствата Секирака и Чапај.Меѓу убиените е и Премтим Гаши од семејството Гаши, познат како Чапај.Еден од петмината повредени наводно е Салих Секирака.

Свет | пред 1 година

20191016070724_563639

Амбасадата на САД во Косово загрижена и разочарана поради упадот на полицијата во српските општини

Амбасадата на САД во Косово излезе со соопштение по рацијата на косовската полиција во српските општини посочувајќи дека ја изразува својата загриженост и разочарување поради континуираните некоординирани активности преземени од Владата на Косово кои продолжуваат да имаат директен и негативен ефект врз припадниците на српската заедница и другите малцински заедници во Косово.„Оваа акција не е координирана со ниту еден елемент на меѓународната заедница“, се вели во соопштението на амбасадата на САД на Косово.САД и меѓународните партнери постојано бараат од Владата на Косово да и даде приоритет на координацијата со меѓународната заедница и да не презема еднострани дејствија за прашања кои се на агендата на Дијалогот со посредство на ЕУ.„Неуспехот на Владата на Косово да одговори на овие барања го одразува вистинското и растечко влошување на нашето партнерство. Некоординираните акции на Владата на Косово ги ставаат косовските граѓани и војниците на КФОР во поголем ризик, непотребно ги ескалираат регионалните тензии и го поткопуваат угледот на Косово како доверлив меѓународен партнер“,соопшти амбасадата на САД во Косово.

Свет | пред 1 година

297938504_590012862837162_7129961007234952633_n

Семејство донело мртво бебе во болница во Косово: Тврдат дека паднала и се тркалала од лулката, полицијата започнала итна истрага

Косовската полиција покрена истрага за смртта на двегодишното бебе во Подуево. Според полицијата, нејзиното семејство без знаци на живот ја однело во Ургентниот центар.„Со одлука на обвинителството телото е испратено на обдукција. Случајот е под истрага“, се вели во соопштението.Трагедијата се случила во селото Пенух. Според семејството, таа се тркалала од лулката додека спиела, пренесува Телеграф.

Свет | пред 1 година

IMG_6204

Косовската полиција привела македонски државјанин со над шест килограми хероин

Косовската полиција на 21.08.2024 година, по добиени информации за случај со наркотици, како резултат на преземање истражни и оперативни дејствија на терен, привела македонски државјанин осомничени и запленила наркотични супстанции од типот хероин и кокаин.Косовската полиција, односно Дирекцијата за истрага на трговијата со наркотици во Приштина, во соработка со локалните безбедносни институции, на 21.08.2024 година, по интензивна истражна работа на терен, презеле оперативни чекори, при што е идентификуван државјанин на Северна Македонија, кој беше осомничен дека кај него, подготвена за продажба, имало количество осомничена наркотична супстанца од типот хероин.Наведените осомничени ја донеле сомнителната наркотична материја кај други две лица, кои со автомобил го напуштиле местото на настанот.По интервенција на косовската полиција, кај пријавениот се пронајдени 6 (шест) пакувања со сомнителна наркотична супстанца од типот хероин со вкупна тежина од 6.137,6 грама (6 килограми и 137 грама), при што вредноста на осомничената наркотична материја од е одземен се проценува на околу 150.000 евра (сто и педесет илјади евра).Во врска со случајот како материјални докази се одземени и следните други материјални докази:• 2 мобилни телефони,• автомобил,• 4305 денари.Сите преземени дејствија и пронајдените докази се одземени по овластување на обвинителот старател.Осомничениот бил придружуван на разговор во присуство на бранителот и со решение на државен обвинител на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, додека по другите две лица полицијата трага.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-05-at-13.21.11

„Ако се потврди ова ќе има одговорност“, рече Мицкоски на прашање дали ќе одговара обезбедувачот на Гаши за вперувањето пиштол во глава

Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека инцидентот на косовската претседателка Вјолца Османи се расветлува, а посочи дека доколку има пречекорување на овластувањата од обезбедувањето на Африм Гаши – ќе има и одговорност. На прашање „дали ќе бара одговорност бидејќи обезбедувачот ставил репетиран пиштол на главата“, Мицкоски рече: „Ако ова што вие го тврдите се потврди, ќе има одговорност“.„Има надлежни институции кои ќе го расветлат случајот во два дела: првиот момент е додека не доаѓа лицето за кое зборувате и вториот е кога доаѓа лицето за кое зборувате. Доколку институциите увидат дека има сторување на кривично дело, лицето ќе биде изведено пред лицето на правдата. Нема луѓе над законот додека јас сум премиер. Ако ова што вие го тврдите се потврди, ќе има одговорност“, рече Мицкоски.Инцидентот со Вјоса Османи се случи на 2-ри август. Тогаш, според ТАВ, не дозволувала да се извршат контроли според прописите на аеродромот и меѓународните правила. По ова, се вмешало и обезбедувањето на Гаши, кое дошло да ја спасува Османи.

Македонија | пред 1 година

453866030_1033985288086010_4315092714071671917_n

Исчезна поддршката за Косово, препуштени се сами на себе, констатираше хрватскиот претседател

Исченза поддршката за Косово, констатира хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, на денот кога де одбележува годишнина од биткат на хрватсктие војници против османлиската војска, каде гостинка му е косовската претседателка Вјоса Османи. Милановиќ рече дека ја викнал неа, оти тоа според него е признание за пријателството помеѓу двете земји.„Почнавме тешко, бевме заштитени од малку добри луѓе и на почетокот немавме помош. Сите тие сојузници и пријатели стоеја со скрстени раце. Косово почна поинаку, со голема поддршка која во меѓувреме се изгуби и исчезна. И сега се препуштени сами на себе. Пет членки на ЕУ и НАТО не го признаа. Затоа таа (Османи) е денес овде како моја гостинка и затоа, покрај нашите прослави и денови на гордост и слава, ова е и почит и признание за нашата пријателска земја“, рече Милановиќ.Османи, пак, рече дека Милановиќ е пријател на Косово, а Милановиќ врати дека Хрватска е пријателска земја за Косово.

Свет | пред 1 година

Vjosa-Osmani-cair

Вјоса Османи и претходно правела инциденти на скопскиот аеродром, обезбедувањето им се заканувало на вработените дека „ќе летаат” од работа

Не се смируваат страстите, реакциите и обвинувњта со инцидентот на претседателката на Косово Вјоса Османи на скопскиот аеродром.Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово чека итно и целосно објаснување во врска со инцидентот, во кој како што тврдат, Претседателката била соочена со несоодветен и незаконски третман од страна на аеродромското обезбедување. Македонските власти сепак ќе ги чекаат резултатите од истрагата за инцидентот на Скопскиот аеродром со косовската претседателка, па потоа ќе одговорат на барањето на Приштина за извинување кое го испратија синоќа.ВЛЕН и ДУИ влегоа во отворена војна во желбата кој повеќе ќе ја зштити Османи.Инаку според информациите на СДК од ТАВ и МВР, ова не е прв инцидент на Осмни на скокога Османи летала со комерцијален лет на „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“ не ѝ било дозволено да биде изземена од граничната контрола.На косовската претседателка Вјоса Османи не ѝ е првпат да направи инцидент кога при патување со комерцијален лет одбила да го предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер пред влез во авионот.Кога летала со комерцијални летови на „Туркиш ерлајнс“ и „Аустријан ерлајнс“, не ѝ било дозволено да биде изземена од граничната контрола, бидејќи тоа е законска процедура. Авион на редовна линија за Истанбул доцнел час и половина, бидејќи обезбедувањeто на Вјоса Османи се карало со претавникот на авиокомпанијата кој не дозволил авионот да полета без контрола според меѓународните воздухопловни стандарди.ТАВ на 2 август инсистирало таа да го почитува законот и нејзиниот телефон и рачен багаж да помине низ скенер, па нејзините телохранители предизвикале инцидент.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР): „Едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж.Полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши со уште две лица почнал да им се заканува на вработените од ТАВ.„Кога се лета со комерцијална линија секој патник, меѓу кои и шефови на држави, мора да помине низ контрадиверзиона заштита, бидејќи шефот на држава не лета сам, туку со над 100 други патници во авионот, а контролата е за безбедноста на сите патници и на екипажот кои се на тој комерцијална лет. Секое досегашно македонско државно раководство, секогаш кога лета со комерцијален лет.Со секое полетување обезбедувањето на аеродромот им гарантира на компаниите дека нивните екипажи и сите патници се проверени и се безбедни. Шефови на држави не поминуваат низ безбедносна контрола само кога летаат со владини авиони, но тогаш се сами одговорни за безбедноста“, велат нашите аеродромски извори.ТАВ Македонија категорично ги отфрли наводите дека нивниот вработен од Одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на претседателката Османи.

Македонија | пред 1 година

vjosa-osmani-2

„Намерно предизвикавте инцидент и провоцирате“, Косово со тешки обвинувања за Македонија поради инцидентот со нивната преседателка

Остра реакција и обвинувања за Македонија пристигнаа од Косово, откако тамошната претседателка Вјолца Османи имаше инцидент среде скопскиот аеродром, каде се вклучија и обезбедувачи на собранискиот спикер Афирм Гаши. Косово испрати и протесна нота со барање од Македонија одма се да објасни поврзано со турканиците. Тие бараат и МВР со Обвинителството да делуваат побрзо при расчистување на случајот. Косово даде и свои квалификации за настанот, па велат: „Ситуацијата на скопскиот аеродром не може поинаку да се објасни ниту да се оцени освен како чиста провокација и намера за предизвикување инцидент“.Министерката Грвала денеска во МНР оствари средба и со вицепремиерот на Македонија, Арбен Фетаи со кого разговараше за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала вчера попладне прими телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при што беше изразена загриженоста на косовските институции за вчерашниот инцидент, се наведува во соопштението од косовското МНР.Оттаму ја правдаат Османи дека таа ја дала чантата да се стави на скенирање, иако, како што тврдат, тоа не смееле да го прават. Признаваат дека нивната преседателка одбила да го тргне телефонот на страна, пред да помине на скенер.„Ова е невидена тенденција за оцрнување не само на претседателката, туку и на државата Косово. Северна Македонија треба да има предвид дека ваквата пропаганда се прави против една претседателка, која во текот на целиот свој мандат придонесе единствено за продлабочување на позитивните односи меѓу Косово и Северна Македонија“, додаваат од косовското МНР.

Македонија | пред 1 година

IMG_0675

Косовската претседателка му благодари на Гаши, обвинува за дипломатски скандал, се бунела за ташната и телефонот

По повод инцидентот на скопскиот аеродром, за кој информираше МВР, во кој обезбедувањето на косовската претседателка Вјоса Османи реагирало, како и лица од обезбедувањето на спикерот Африм Гаши, се огласија и од кабинетото на косовската претседелка Османи.„Спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да и го земе личниот телефон на претседателката. Претседателката не дозволи такво нешто, бидејќи тоа би било сериозно прекршување. И покрај образложението на правилата што тимот на претседателката му ги соопштила на аеродромскиот функционер, тој се обидел физички да ја турне претседателката, при што косовската полиција била принудена да реагира за да го отвори патот. Ваквото однесување на вработените на македонскиот аеродром е спротивно на секоја меѓународна практика, според која шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети. Прекршувајќи ги овие правила, македонската страна ја одзеде личната чанта на претседателот. Иако тоа беше спротивно на правилата, тимот на претседателот го дозволи тоа за да може претседателот да влезе на аеродромот, поточно во ВИП салонот, кој беше резервиран од нашата амбасада, како што е практика за патувањата на шефовите на држава. Но, од безбедносни причини не е дозволено предавање на личниот телефон на кој било начин. Арогантното и насилничко однесување на службеникот на скопскиот аеродром е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателот никаде во светот, вклучително и во непризнаени земји. Јасно се забележува дека во предметниот случај имаше тенденција да се испровоцира делегацијата на Република Косово и да се предизвика инцидент. За овој дипломатски скандал предизвикан од македонска страна, претседателката го известила претседателот на Собранието, г-дин Африм Гаши, кому му се заблагодарува за понудената помош. Вреди да се напомене дека по влегувањето на претседателот во авионот, скопскиот аеродром не дозволи комерцијалниот авион да полета повеќе од еден час, под изговор дека словенечката држава не дозволува полетување, бидејќи не бил подготвен за слетување. Кабинетот на претседателот стапи во контакт со словенечката страна, која не информираше дека такво нешто апсолутно немало, и дека авионот ќе може да слета во предвиденото време. Претседателството го смета секој напад и нерегуларно постапување во спротивност со меѓународните конвенции на високи државни функционери како напад врз самата држава Косово. Република Косово никогаш во својата историја не се однесувала на таков начин кон претседателот/претседателката, премиерот или министрите на Северна Македонија или која било друга земја, ниту пак некогаш ќе дозволи такво нешто“, стои во соопштението од Кабинетот на Османи.

Свет | пред 1 година

kosovo-422

Нов инцидент во Косово: Србин бил нападнат во маркет

Во продажен објект во Доња Брњица кај Приштина синоќа околу 21:00 часот Албанец физички го нападнал Србинот Младен Ѓошиќ и го повредил во главата.Според очевидци, Србинот поради ударите што ги добил е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Приштина, јавува дописникот на Танјуг.Случајот бил пријавен во во косовската полиција која, според мештаните, прво го привела таткото на нападнатиот Младен Ѓошиќ, додека само два часа подоцна го привела напаѓачот, кој исто така е жител на Доња Брњица.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Данска ги преполни затворите: На Косово ќе му дадат 210 милиони евра за да се реши проблемот

Косовскиот парламент вчера го одобри предлог-законот за издавање на дел од затворскиот простор на Данска. Одлуката доаѓа откако беше постигнат договор за обезбедување помош на скандинавската земја, која се соочува со пренатрупан затворски систем.Според договорот потпишан пред две години, данските власти ќе испраќаат странци осудени во Данска на отслужување на казната во Косово. Договорот не се однесува на данските граѓани, затворениците осудени за тероризам или воени злосторства и ментално болни затвореници.Косовските пратеници го поддржаа законот со 86 гласа, додека седум пратеници беа против, пишува Асошиејтед прес. Законот вели дека Данска ќе добие 300 ќелии во затворот во градот Гњилан, јужно од Приштина, за 10 години користење. Законот допрва треба да го потпише претседателот на Косово.Сè уште не е јасно кога Данска, која се согласи да му плати на Косово 210 милиони евра за користење на затворскиот простор, ќе почне да испраќа осуденици на Косово. Договорот предвидува осудените лица испратени на Косово да ја отслужуваат казната под исти услови како и во затворот во Данска, во согласност со меѓународните обврски на Данска.Договорот предвидува и можност за депортирање на странци директно во нивните матични земји по завршувањето на нивната казна во Косово. Косовските власти најавија дека парите од Данска ќе ги потрошат за подобрување на затворските институции.Данскиот министер за правда Питер Хумелгард резултатите од вчерашното гласање ги нарече „навистина добри вести“. Тој верува дека испраќањето осуденици на Косово „ќе помогне да се врати во рамнотежа тешко притиснатиот дански затворски систем“.„Истовремено, тоа испраќа јасен сигнал до странските криминалци дека нивната иднина не е во Данска и затоа тие не треба да ја отслужуваат казната ниту овде“, истакна Хумелгард. Дански управник ќе управува со објектот во Косово, потпомогнат од локалниот затворски персонал. Инаку, косовскиот затворски систем има капацитет да смести до 2.800 затвореници.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Во Косово од денеска трансакции само во евра

Истече преодниот период што го постави централната банка во Приштина за почеток на примената на уредбата за забрана на употреба на динари на Косово.Во периодот од 1 февруари, кога стапи на сила Уредбата на ЦБК, досега не се изречени казнени мерки, а граѓаните се информирани за примената на новите правила за готовинско плаќање.ЦБК соопшти дека после 12 мај – сите трансакции ќе се извршуваат во евра.  Во меѓувреме, комерцијалните банки кои работат во Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот.Другите валути освен еврото можат да се користат во Косово како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се во евра, за извршување на меѓународни плаќања во валути што не се евро и за девизни активности, се вели во декретот на ЦБК.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ден на жалост во Косово поради убиство на две жени

Во Косово денеска е Ден на жалост поради убиството на две жени. Одлуката за ова вчера ја донесе претседателката на Косово, Вјоса Османи, по убиството на жена во Пеќ.Вчера во Пеќ е убиена четириесет и тригодишна жена. За убиство е осомничен нејзиниот сопруг, кој претходно бил осуден за семејно насилство.Ова е втор случај на убиство на жена во Косово за краток временски период.Пред само пет дена, на 12 април, пред канцеларијата на Центарот за социјална работа во Урошевац беше убиена дваесет и едногодишна жена. Се сомнева дека убиството го извршил нејзиниот поранешен сопруг, пишува Радио Контакт плус.„Утре ќе биде ден на жалост во Косово, но нашето општество ќе биде во жалост секој ден се додека има убиства на наши жени и девојки“, напиша Османи на Фејсбук.

Свет | пред 1 година

kosovo-1srbija-f

Косово влегува а Србија излегува од Советот на Европа?

Утре, на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, ќе се дебатира за апликацијата за членство на Косово.Предлогот ќе го образложи пратеничката и поранешна грчка министерка Дора Бакојани, која веќе препорачала Косово да стане членка на таа организација.Србија е револтирана ид ваков можен исход а Александар Вучиќ најави излегување на Србија од Советот на Европа како можна реакција на неговата земја доколку Косово биде примено.Брисел порача дека со оваа закана Белград блефира, но претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ тврди дека не е блеф, туку не се согласуваат со „лицемерието и шарадата“.Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања