Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Данска ги преполни затворите: На Косово ќе му дадат 210 милиони евра за да се реши проблемот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Косовскиот парламент вчера го одобри предлог-законот за издавање на дел од затворскиот простор на Данска. Одлуката доаѓа откако беше постигнат договор за обезбедување помош на скандинавската земја, која се соочува со пренатрупан затворски систем.

— реклама —

Според договорот потпишан пред две години, данските власти ќе испраќаат странци осудени во Данска на отслужување на казната во Косово. Договорот не се однесува на данските граѓани, затворениците осудени за тероризам или воени злосторства и ментално болни затвореници.

Косовските пратеници го поддржаа законот со 86 гласа, додека седум пратеници беа против, пишува Асошиејтед прес. Законот вели дека Данска ќе добие 300 ќелии во затворот во градот Гњилан, јужно од Приштина, за 10 години користење. Законот допрва треба да го потпише претседателот на Косово.

— реклама —

Сè уште не е јасно кога Данска, која се согласи да му плати на Косово 210 милиони евра за користење на затворскиот простор, ќе почне да испраќа осуденици на Косово. Договорот предвидува осудените лица испратени на Косово да ја отслужуваат казната под исти услови како и во затворот во Данска, во согласност со меѓународните обврски на Данска.

Договорот предвидува и можност за депортирање на странци директно во нивните матични земји по завршувањето на нивната казна во Косово. Косовските власти најавија дека парите од Данска ќе ги потрошат за подобрување на затворските институции.

Данскиот министер за правда Питер Хумелгард резултатите од вчерашното гласање ги нарече „навистина добри вести“. Тој верува дека испраќањето осуденици на Косово „ќе помогне да се врати во рамнотежа тешко притиснатиот дански затворски систем“.

„Истовремено, тоа испраќа јасен сигнал до странските криминалци дека нивната иднина не е во Данска и затоа тие не треба да ја отслужуваат казната ниту овде“, истакна Хумелгард. Дански управник ќе управува со објектот во Косово, потпомогнат од локалниот затворски персонал. Инаку, косовскиот затворски систем има капацитет да смести до 2.800 затвореници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања