Исченза поддршката за Косово, констатира хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, на денот кога де одбележува годишнина од биткат на хрватсктие војници против османлиската војска, каде гостинка му е косовската претседателка Вјоса Османи. Милановиќ рече дека ја викнал неа, оти тоа според него е признание за пријателството помеѓу двете земји.
„Почнавме тешко, бевме заштитени од малку добри луѓе и на почетокот немавме помош. Сите тие сојузници и пријатели стоеја со скрстени раце. Косово почна поинаку, со голема поддршка која во меѓувреме се изгуби и исчезна. И сега се препуштени сами на себе. Пет членки на ЕУ и НАТО не го признаа. Затоа таа (Османи) е денес овде како моја гостинка и затоа, покрај нашите прослави и денови на гордост и слава, ова е и почит и признание за нашата пријателска земја“, рече Милановиќ.
Османи, пак, рече дека Милановиќ е пријател на Косово, а Милановиќ врати дека Хрватска е пријателска земја за Косово.