Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

КОСОВО

vjosa-osmani-2

Вјоса Османи ја потпиша одлуката за распуштање на косовскиот парламент, пропадна уште еден обид за формирање влада

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска ја потпиша одлуката за распуштање на Собранието, откако вчера пропадна и вториот обид за формирање влада. Според регионалните медиуми, изборите за нов парламентарен состав би требало да се одржат кон крајот на годината.Расписот следува по неуспехот политичките лидери да постигнат договор за пратениците денеска да гласаат за неколку значајни спогодби, пренесе Радио Слободна Европа.„Во согласност со Уставот на Косово и важечкото законодавство, а по денешното прифаќање на одлуката на Собранието на Косово во врска со неуспехот на вториот мандатар да формира влада, претседателката на Република Косово денеска го распушти деветтиот собраниски состав“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката.Кога ќе се одржат изборите?Претседателот на Демократската партија на Косово, Бедри Хамза, изјави дека на средбата со Османи побарал изборите да се одржат на 21 декември, бидејќи на земјата „итно ѝ се потребни институции“. Како втора опција бил предложен 28 декември.И претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, побара изборите да се одржат на 21 декември, додавајќи дека неговата партија ќе настапи самостојно.Од друга страна, лидерот на партијата Гуксо, Фатон Пеци, истакна дека нивниот предлог е изборите да бидат на 28 декември, „за да има Државната изборна комисија доволно време за подготовка“.Претседателот на Социјалдемократската иницијатива, Фатмир Лимај, оцени дека распишувањето вонредни избори е „лоша вест“. Тој посочи дека партиите девет месеци не успеале да изградат соработка, што, како што рече, покажува „неспособност и незрелост во процесот на градење држава“. Лимај сепак смета дека 21 декември е најсоодветниот термин.Неуспешни обиди за владаСредбата се одржа еден ден откако потпретседателот на движењето „Самоопределување“, Глаук Коњуфца, не успеа да обезбеди потребно мнозинство за формирање нова влада на 19 ноември. Претходно, на 26 октомври, и лидерот на „Самоопределување“ Албин Курти не успеа да формира кабинет.Поради тоа, Косово и понатаму функционира со техничка влада избрана на парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година. Најголемите партии на косовските Албанци не успеаја да постигнат договор за повеќе прашања, меѓу кои и за организацијата на изборниот процес, што доведе до серија одложувања.Според Уставот, доколку влада не формира ниту вториот мандатар, претседателката мора да распише нови избори, кои мора да се одржат во рок од 40 дена од денот на распишувањето. Кабинетот на претседателката сè уште нема дадено информација за точниот датум на распишувањето.

Свет | пред 2 седмици

kosovo-parlament-2-35wp6vjnb3t34lhe2fy41s

Скандал во косовскиот парламент, заседава без кворум и без опозиција

Состојбата во Парламентот на привремените институции на Косово не се смирува. Само пратениците од движењето Самоопределување се во салата и држат седница која е свикана на нивно барање со цел да се формираат парламентарни одбори и да се разгледа буџетот за 2026 година, како и буџетите за општините Приштина, Гњилане и Зубин Поток.Претседателот на парламентот, Дималj Баsа, и покрај немањето кворум повика на формирање парламентарни комисии задолжени за ратификација на меѓународни договори и за исплата на платите на вработените во јавниот сервис РТК.Препарим Груда, единствениот присутен од Демократската партија на Косово изјави дека седницата е неуставна, дека нема кворум и дека прво требало да се формира Влада па дури потоа да се расправа за комисии.Косовски институт за правда оцени дека вонредната седница на Собранието го загрозува уставниот и правниот поредок.Закажана е за денеска и нова седница на која треба да се разгледа изборот на новата влада на кандидатот Гљаук Коњуфца од Самоопределување. Рокот за ова истекува денес.На оваа седница присуство најавија сите партии, но најголемиот дел од нив веќе кажаа дека нема да гласаат за предложената влада и дека се залагаат за нови вонредни парламентарни избори.Српска листа поднесе жалба за конституирањето на новиот парламентарен состав, бидејќи нивниот кандидат не бил избран за потпретседател. На 26 октомври, кандидатот на Самоопределување, Албин Курти, не доби мнозинство за состав на влада.Според уставот на привремените институции, ако владата не биде избрана и во вториот обид, с

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ е згрозен од потегот на Ердоган: Во Приштина пристигнаа дроновите од Турција

Српскиот претседател Александар Вучиќ го осуди новото вооружување на приштинските власти од Турција, нагласувајќи дека е згрозен од однесувањето на Анкара и од бруталното кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.Сега е сосема јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува повторно да ја обнови Отоманската империја. Србија е мала земја, но ние добро ја разбравме пораката!“, напиша Вучиќ на Твитер.Претходно денеска во Приштина беше објавено дека пристигнале турските беспилотни летала „Skydagger“, а според премиерот на привремените приштински институции, Албин Курти, се набавени „илјадници беспилотни летала“. Приштина претходно купила и турски TB2 „Bayraktar“ и американски „Puma“ беспилотни летала.

Свет | пред 2 месеци

zemjotres

Почуствуван земјотрес во Косово

Околу два часот по полноќ, земјотрес го погоди регионот на Косово. Потресот имал јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.Епицентарот бил во близина на местото Качаник. Засега нема пријавено материјална штета или повредени лица.Сеизмолозите советуваат дека, иако земјотресот бил слаб, граѓаните треба да останат внимателни и да се придржуваат до основните правила за заштита при потреси.

Свет | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-33-8670PM

Тетовскиот ГУП ќе го изработи косовска компанија, но со пари од домашни фирми

ГУП-от за Тетово ќе го изработува фирма од Косово, а за тоа ќе платат приватни компании кои документот ќе ѝ го донираат на општината – ова, според граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“, било соопштено на јавната презентација на планот. Процесот, велат од иницијативата, ќе го спроведуваат општински службеници со контроверзно минато.Оттаму детално во објава на ФБ ги појаснија сите детали:Општина Тетово на ден 01.08.2025 година организираше јавна презентација на процесот за изработка на нов Генерален урбанистички план на Тетово. Презентацијата се одржа во пикот на сезоната на летни одмори и во очи на најголемиот државен празник Илинден, а Општината ја информираше јавноста за одржување на таков настан само два дена претходно. Нашиот повик за одложување се разбира дека не вроди со плод.Бидејќи никаде не е објавена официјална информација, од нашите претставници присутни на настанот дознаваме дека ГУП-от ќе го изработува фирма од Косово. На средбата била споделена ваква информација, како и тоа дека изработката ќе биде финансирана од приватни фирми. Одговорни за спроведување на процесот од страна на Општина Тетово се претседателката на комисијата за урбанизам Ревиде Рамани-Мурсели и раководителот на секторот за урбанизам Рилинд Селмани.Рамани-Мурсели е позната по скандалот во кој со злоупотреба на својата службена положба му дозволила на сопругот да изгради и легализира викендичка на Попова Шапка на туѓо земјиште.Селмани е познат по изјавата дека не е спорно тоа што никнуваат згради и со по четири дивоизградени катови и не е спорно што тоа е кривично дело за кое се лежи затвор - важно е што Општината отпосле ќе го сменела ДУП-от и дополнително ќе им издала соодветно одобрение на таквите дивоградби. Потсетуваме дека плановите се подзаконски акти кои немаат и не можат да имаат ретроактивно дејство.Прашуваме зошто се незаменливи непознатата фирма од Косово, Ревиде Рамани-Мурсели и Рилинд Селмани? Како е избрана косовската фирма и зошто не е објавен склучениот договор? Колку за тоа и кому сѐ ќе биде платено? Кои форми донираат изработка на ГУП и кој е нивниот интерес? Зошто ГУП не го изработува државната Агенција за планирање на просторот, имајќи предвид дека тоа беше неколку години во нејзината работна програма?Потсетуваме и на јавното соопштение на Општина Тетово од 31 јули, во кое Општината тврди дека фирмата на која за смешни пари градоначалникот Касами го продаде јавниот паркинг кај Градскиот пазар донирала 200 000 евра за изработката на ГУП. Правдајќи го продавањето, признаваат корупција!

Македонија | пред 3 месеци

seizmograf

Слаб земјотрес синоќа почувствуван во Скопје и околината, епицентарот во Косово

Слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во 22:43 часот, а беше почувствуван и во Скопје и неговата блиска околина со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека епицентарот на потресот бил на територијата на соседно Косово, на околу 39 километри североисточно од главниот град.Земјотресот го регистрирала Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија преку сеизмолошките станици поставени низ целата држава и одржувани од страна на Сеизмолошката опсерваторија.

Скопје | пред 4 месеци

AbulenaFB

Министерката за правда на Косово бара префрлање на својот зет и уште четворица осудени од „Диво Насеље“ во косовски затвор

Косовската министерка за правда, Албулена Хаџиу, побарала од македонските власти трансфер на петмина затвореници, меѓу кои и нејзиниот зет, кои се осудени за случајот „Диво Насеље“ и ја издржуваат казната во македонски затвори.Како што објави порталот Папараци, Хаџиу во август 2024 година испратила официјално писмо до македонското Министерство за правда со барање овие лица да бидат префрлени во казнено-поправни установи во Косово, кои се под надлежност на нејзиното министерство.Станува збор за Мухамет Красниќи – зет на Хаџиу, кој е осуден на доживотен затвор, како и за Бајрам Елшани, Бек Бајра, Бетим Кабаши и Деме Шеху. Тие се дел од групата која беше обвинета и осудена за терористички напад во скопското предградие Куманово во мај 2015 година.Иако барањето било доставено пред една година, македонските власти не го одобриле трансферот, а институциите од двете земји не даваат дополнителни информации.Министерствата за правда на Косово и Македонија одбиваат да го коментираат писмото и содржината на комуникацијата меѓу двете страни.фото: ФБ

Македонија | пред 5 месеци

kosovo-sobranie

Јубилеен, неуспешен 40-ти обид за конституирање на косовското Собрание

Ниту денеска, по 40-ти пат, пратениците на косовскиот Парламент не го избраа претседателот на Парламентот.Од 100 присутни пратеници, 51 гласаа за предлогот за формирање тајно гласачко тело за избор на претседател.Претходно, пратениците не го усвоија предлогот на движењето Самоопределување да се гласа за нивниот кандидат Аљбуљена Хаџи за претседателка на Собранието, на тајно гласање.Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово побараа од претседателот Авни Дехари да се врати на почитување на Уставот на Косово и пресудата на Уставниот суд, но тој нареди службата да ги исклучи нивните микрофони.Пратеникот Аљбин Курти беше предложен за член на комисијата од коалицијата на Алијансата за иднината на Косово и НИСМА. Пратениците од овие две партии и Српската листа не учествуваа во гласањето.Следното гласање е закажано за четврток, 3 јули.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-28-at-21.43.43

(Видео) Приведени 17 лица на Видовден во Косово: Косовската полиција и Српската листа со спротивставени ставови

Косовската полиција соопшти дека привела вкупно 17 лица за време на прославата на Видовден, меѓу кои дел за „поттикнување омраза“ и „носење облека со провокативна содржина“. Еден од приведените е осомничен за нелегално поседување оружје, друг за прекршок, четворица се ослободени, а 11 остануваат под истрага, се наведува во официјалното полициско соопштение.Полициските активности, според властите, биле извршени во координација со правосудните институции и според судски одлуки.Од друга страна, Српската листа обвини дека косовската полиција привела повеќе од 15 Срби само поради тоа што носеле српски знамиња или облека со „историски симболи“. Во нивното соопштение се вели дека „официјална Приштина денес јасно покажа дека не ги почитува верските и граѓанските права на српскиот народ“.Тие остро го обвинија премиерот во оставка, Албин Курти, дека ја „инструментализира полицијата со цел заплашување и притисок врз Србите“, и побараа меѓународната заедница да не остане глув набљудувач.„Молчењето за ваквите постапки значи соучество во систематското угнетување на Србите во Косово“, се наведува во соопштението.Прославата на Видовден се одржа во Газиместан, на десетина километри од Приштина, каде традиционално се собираат Срби од Косово, Србија и регионот за да го одбележат денот на Косовската битка од 1389 година. Годинава, присуството беше засенето од засиленото полициско присуство и инцидентите со приведувања, кои дополнително ги влошија тензиите меѓу Белград и Приштина.

Свет | пред 5 месеци

Нема фотографија

Курти поднесе оставка од премиерската функција во Косово

Косовскиот прмеиер Албин Курти денеска писмено поднесе оставка од функцијата, пишува Клан Косова. Курти испратил писмо до Секретаријатот на косовското Собрание. Согласно законот, оние кои добиваат мандат за пратеници и истовремено имаат функции во Владата на Косово, како премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од владината функција.„Од 23 март, кога истече полниот четиригодишен мандат на нашата влада, таа функционираше како техничка или во оставка. Заради полагање заклетва за пратеник во деветтиот состав на парламентот на Косово, со ова и официјално ја доставувам мојата оставка“, стои во писмото што Курти го испрати до спикерот на парламентот.Конститутивната седница на косовското Собрание денеска беше прекината откако не беше усвоен извештајот на комисијата за верификација на пратеничките мандати. Неизвесно е дали на денешната седница ќе биде избран претседател на Собранието.

Свет | пред 7 месеци

20191016070724_563639

Акција на косовската полиција на неколку локации јужно од Ибар: Во тек е затворање на српските институции

Косовската полиција започна операција за затворање на канцелариите на српските институции на десетици локации јужно од Ибар во Косово, јави приштинска КОХА.Дејството се одвива во повеќе региони.Косовската полиција не соопшти детали зошто се спроведува операцијата, но соопшти дека информациите ќе бидат дадени кога ќе биде завршена.„Можеме да потврдиме дека денеска во раните утрински часови косовската полиција во соработка и координација со надлежните институции започна со спроведување на полициска акција која опфаќа повеќе региони на Косово, како што е полициското одделение на Приштина, Полициското одделение Гњилане, Полициското одделение Ѓаковица и „Јужна Митровица“, соопшти полицијата, пренесува КОХА.Во моментов нема полициски акции на север, потврдија за порталот Алтернатива од косовската полиција за северниот регион.

Свет | пред 10 месеци

kosovo-kanal

И ФБИ ја истражува саботажата на каналот Ибар-Лепенац во Косово кој е наречен терористички напад

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер во емисијата „Рубикон“ изјави дека ФБИ го истражува терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенац.Тој рече дека Соединетите Американски Држави обезбедиле поддршка од ФБИ за овој случај и дека истрагата е во тек, пренесува КоСсев.„Ние обезбедивме и донесовме поддршка на ФБИ овде на Косово за да работи директно и со полно работно време со косовските органи за спроведување на законот за да ги идентификуваат одговорните и да се осигураме дека истрагата е веродостојна, сеопфатна и води до соодветни заклучоци“, рече тој.„Никогаш не е добра идеја амбасадорите да коментираат за истрагите за спроведување на законот, а истрагите се уште се во тек. „Значи, сè што можам да кажам за податоците, сугестиите или насоката на истрагата е дека американската влада сè уште не е во позиција да каже дека дојдовме до какви било заклучоци или дека знаеме кој е одговорен за овој напад. рече тој.Понатаму, Ховениер изјави дека кога ќе се открие вистината, ќе соработува со косовските власти за одговорните за ова злосторство да бидат изведени пред лицето на правдата, пренесува Клан Косова.„Откако ќе дојдеме до заклучоци, тесно ќе соработуваме со косовските власти за да ги изведеме пред лицето на правдата криминалците одговорни за овој напад“, рече американскиот амбасадор.

Свет | пред 11 месец

kosovo

Резултати од пописот во Косово: двојно повеќе Срби од пред 13 години

Населението во Косово е намалено во последните 13 години од 1,74 милиони на 1,6 милиони, покажуваат резултатите од пописот на населението објавени вчера. Оваа година беше спроведен вториот попис на населението, откако Косово прогласи независност.Агенцијата за статистика соопшти дека Србите го бојкотирале пописот „во значителна мера“ по повиците на српските политички партии да го сторат тоа. Агенцијата го процени вкупното српско население на околу 53.000, што е за 28.000 повеќе отколку на пописот во 2011 година.Мнозинството Срби живеат во четири северни општини - Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Северна Митровица. Ги има речиси 37.000, пишува Асошиејтед прес.Просечната возраст во Косово е под 35 години, втора најмлада во Европа. Просечната возраст на пописот од 2011 година беше близу 30 години. Пописот покажа и дека војната 1998-1999 г резултираше со 11.417 мртви и 1.047 исчезнати. Материјалната штета се проценува на 5 милијарди евра.Муслиманите се огромно мнозинство со учество од 93,49 отсто. Православните христијани сочинуваат 2,31 отсто, а католиците 1,75 отсто.„Резултатите од пописот претставуваат основа за креирање политики за реалните потреби на граѓаните“, рече премиерот Албин Курти.Косово беше српска покраина сè додека 78-дневната воздушна кампања на НАТО во 1999 година не стави крај на војната меѓу српските владини сили и албанските сепаратисти во Косово и ги протера српските сили. Белград не ја признава независноста на Косово од 2008 година. Односите меѓу Косово и Србија остануваат напнати и покрај напорите на меѓународната заедница да ги нормализира.

Свет | пред 11 месец

viber_image_2024-12-18_14-08-54-404

Почесниот конзул на Косово, Папранику во полициска станица за бегството на Груби

Почесениот конзул на Косово во Македонија и познат бизнисмен, Арсим Папранику е повикан на информативен разговор во полициската станица Карпош.Во медиумите Папранику посочен како сопатник на поранешниот вицепремиер Артан Груби кога тој ја напушти државата и замина за Косово. Тие се возеле со возило со дипломатски таблички.Тоа беше еден ден пред спроведување на акцијата „Лотарија“.Папранику е газдата на Нептун и косопственик на трговскиот центар Ист Гејт.За поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами и поранешниот вицепремиер Артан Груби се распишани меѓународни потерници.Двајцата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување при процесот на јавни набавки во Државна лотарија.

Македонија | пред 11 месец

aljbin_kurti_i_marta_kos_1

Курти: Одговорните за нападот на критичната инфраструктура на Косово мора да сносат одговорност

Косовскиот премиер Албин Курти на вчерашниот разговор со еврокомесарката за проширување и соседска политика Марта Кос истакна дека одговорните за терористичкиот напад врз критичната инфраструктура на Косово мора да одговараат. Курти преку платформата „Х“ изјави дека со Марта Кос разговарал за односите со Европската унија, за демократскиот и социо-економскиот напредок на Косово.„Ја истакнав важноста на добрососедските односи за регионалната соработка и истакнав дека безбедносните закани мора да завршат и одговорните за неодамнешниот терористички напад врз нашата критична инфраструктура мора да одговараат. Нападот беше од руска играна што ја нападна критичната цивилна инфраструктура во Украина. Тоа е причината поради која алармираме за сојузот на Русија со Србија“, рече Курти.Тој посочи дека Косово е посветено на реформите во Европската унија и на Планот за раст и дека со нетрпение очекува да го добие прашалникот на Европската комисија за напредок кон членство во ЕУ.Со нетрпение очекувам да работам со неа за да ги унапредиме нашите заеднички цели и да обезбедиме мир и безбедност во регионот“, заклучи Курти.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања