Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Косовската претседателка му благодари на Гаши, обвинува за дипломатски скандал, се бунела за ташната и телефонот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
IMG_0675

По повод инцидентот на скопскиот аеродром, за кој информираше МВР, во кој обезбедувањето на косовската претседателка Вјоса Османи реагирало, како и лица од обезбедувањето на спикерот Африм Гаши, се огласија и од кабинетото на косовската претседелка Османи.

— реклама —

„Спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром се обиде да и го земе личниот телефон на претседателката. Претседателката не дозволи такво нешто, бидејќи тоа би било сериозно прекршување. И покрај образложението на правилата што тимот на претседателката му ги соопштила на аеродромскиот функционер, тој се обидел физички да ја турне претседателката, при што косовската полиција била принудена да реагира за да го отвори патот. Ваквото однесување на вработените на македонскиот аеродром е спротивно на секоја меѓународна практика, според која шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети. Прекршувајќи ги овие правила, македонската страна ја одзеде личната чанта на претседателот. Иако тоа беше спротивно на правилата, тимот на претседателот го дозволи тоа за да може претседателот да влезе на аеродромот, поточно во ВИП салонот, кој беше резервиран од нашата амбасада, како што е практика за патувањата на шефовите на држава. Но, од безбедносни причини не е дозволено предавање на личниот телефон на кој било начин. Арогантното и насилничко однесување на службеникот на скопскиот аеродром е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателот никаде во светот, вклучително и во непризнаени земји. Јасно се забележува дека во предметниот случај имаше тенденција да се испровоцира делегацијата на Република Косово и да се предизвика инцидент. За овој дипломатски скандал предизвикан од македонска страна, претседателката го известила претседателот на Собранието, г-дин Африм Гаши, кому му се заблагодарува за понудената помош. Вреди да се напомене дека по влегувањето на претседателот во авионот, скопскиот аеродром не дозволи комерцијалниот авион да полета повеќе од еден час, под изговор дека словенечката држава не дозволува полетување, бидејќи не бил подготвен за слетување. Кабинетот на претседателот стапи во контакт со словенечката страна, која не информираше дека такво нешто апсолутно немало, и дека авионот ќе може да слета во предвиденото време. Претседателството го смета секој напад и нерегуларно постапување во спротивност со меѓународните конвенции на високи државни функционери како напад врз самата држава Косово. Република Косово никогаш во својата историја не се однесувала на таков начин кон претседателот/претседателката, премиерот или министрите на Северна Македонија или која било друга земја, ниту пак некогаш ќе дозволи такво нешто“, стои во соопштението од Кабинетот на Османи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vjosa-osmani-2

Вјоса Османи ја потпиша одлуката за распуштање на косовскиот парламент, пропадна уште еден обид за формирање влада

Свет | пред 2 седмици

kosovo-parlament-2-35wp6vjnb3t34lhe2fy41s

Скандал во косовскиот парламент, заседава без кворум и без опозиција

Свет | пред 3 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ е згрозен од потегот на Ердоган: Во Приштина пристигнаа дроновите од Турција

Свет | пред 2 месеци

zemjotres

Почуствуван земјотрес во Косово

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања