Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

КОСОВО

Нема фотографија

Борел на годишнината од договорот склучен во Македонија: Крајно време е Косово и Србија да ги прекинат тензиите

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, изјави дека е крајно време Белград и Приштина да стават крај на кризата и напнатоста и да преминат во нова европска ера, со спроведување на договорот постигнат една година.„Сега е крајно време и Косово и Србија да стават крај на сегашниот маѓепсан круг на кризи и тензии и да преминат во нова европска ера. Договорот (на патот кон нормализација и Анексот за негова имплементација) нуди подобра иднина за граѓаните на Косово и Србија и на целиот регион“, се наведува во соопштението по повод годишнината од тој договор.Борел рече дека ЕУ очекува лидерите на Косово и Србија да покажат одговорност, визија и лидерство со тоа што ќе постигнат напредок во спроведувањето на договорот без натамошно одлагање.„Тоа е шанса што не треба да ја пропуштат. ЕУ е сè уште подготвена да им помогне на Косово и Србија на секој чекор од патот, но тие се оние кои треба да ги преземат тие чекори и да продолжат напред“, додаде тој.Договорот и анексот за негова имплементација беа постигнати по неколкумесечни интензивни преговори со посредство на ЕУ за да им се помогне на страните да направат чекор напред во нормализирање на односите.„Во време на невидена целосна војна на нашиот континент, постигнувањето договор кој ветува мир, стабилност и добрососедски односи беше значајно достигнување“, рече Борел.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Пукање во кафуле во Ѓаковица: Три лица повредени, се трага по напаѓачот

Најмалку три лица се ранети од огнено оружје во раните утрински часови во Ѓаковица, општина во Југозападно Косово. Портпаролот на полицијата Шеремет Елезај изјави дека повредените се испратени на лекување и дека нивната состојба е стабилна.Престрелката се случила во кафеана околу 00:10 часот.„Денеска околу 00:10 часот добивме информација за пукање во кафеана на улицата „Фан Стилијан Ноли“ во Ѓаковица, при што три лица се здобиле со повреди, за кои постои сомневање дека се предизвикани од огнено оружје. Полицијата веднаш реагирала и на настраданите им била понудена лекарска помош, според првите информации нивната здравствена состојба е стабилна“, изјави Елезај.Тој додаде дека ги водат потребните истражни постапки за расветлување на случајот и апсење на осомничениот.Исто така, соопштено е дека во консултација со државниот обвинител е покренат случајот „убиство во обид“ и „неовластено поседување, контрола или поседување оружје“, пишува Телеграф.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Вучиќ: Состојбата со динарот во Косово не е подобрена, ќе има поголем притисок да го признаеме

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во обраќањето до граѓаните изјави дека состојбата во однос на динарот во Косово на ниту еден начин не е подобрена или променета на подобро и покрај обидите на меѓународните претставници и додаде дека притисокот врз српскиот народ во Косово ќе бидат поголеми.„Ситуацијата во однос на динарите во Косово и Метохија на ниту еден начин не е подобрена или променета на подобро, и покрај обидите на меѓународните претставници да помогнат во тешката ситуација на српскиот народ и да ги убедат властите во Приштина да ги променат своите одлуки“, рече Вучиќ во Претседателството на Србија.Како што рече, нема индиции дека тие одлуки ќе бидат изменети.„И во согласност со тоа, во наредниот период ќе бидеме принудени да носиме различни одлуки со кои ќе се движиме или изнаоѓаме алтернативни решенија за понудата на пари, односно исплата на надоместоци, од плати до пензии на нашите луѓе во Косово и Метохија. Ова го кажав бидејќи е сосема јасно дека никој не брза по ова прашање“, истакна Вучиќ.Значи, притисокот врз Албанците нема да биде поголем, туку ќе има само поголем притисок врз српскиот народ и врз државата Србија, додаде Вучиќ.

Свет | пред 1 година

kurti-vucic-3-696x469-1

Борел: Разговорите со Вучиќ и Курти – неуспешни

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека одвоените средби што ги имал за време на Минхенската безбедносна конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Аљбин Курти, во врска со деескалацијата на тензиите меѓу Белград и Приштина, беа неуспешни, објави денеска РТС.Сумирајќи ги резултатите од Минхенската безбедносна конференција, Борељ во текст на веб-страницата на ЕУ наведува дека имал голем број билатерални средби со партнери на ЕУ од целиот свет, а на одделни средби разговарал и со Вучиќ и Курти, „но за жал без успех“.На тој состанок Борел ги претстави четирите главни задачи од геополитичката агенда на ЕУ - поголема и побрза поддршка за Украина, ставање крај на хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и спроведување на решението за формирање на две држави, подобрување на односите на ЕУ со „глобалниот југ“ и зајакнување на одбраната и безбедноста на ЕУ.Борел ја опиша атмосферата на конференцијата во Минхен како посебна бидејќи, како што наведе, сите станале свесни дека Европа е во опасност поради две војни во близина и мноштво потенцијални конфликти низ светот.Шефот на европската дипломатија потсети и дека на првиот ден од конференцијата учесниците дознале за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во казнената колонија во Сибир и дека му оддале почит во присуство на неговата сопруга.

Свет | пред 1 година

Osmani

Замрзнатиот конфликт помеѓу Белград и Приштина треба да заврши, вели Османи

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека мотивот на денешната седница на Советот за безбедност свикана од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е замрзнатиот конфликт помеѓу Белград и Приштина кој треба да заврши.Паралелно денеска на седницата на Владата на Србија ќе се разговара за германско-францускиот предлог за решавање на односите помеѓу Србија и Косово„Статус-квото не е во интерес на никого, како и отворени прашања кои имаат потенцијал за екскалција и злоупотреба од трети страни. Од замврзнати конфликти има корист Руската федерација во своите планови и стратегии.Тој статус-кво на замрзнати конфликти треба да заврши и ржавите да воспостават нормални односи помеѓу себе и затоа ние го охрабруваме дијалогот помеѓу Србија и Косово. Го следиме внимателно процесот како први соседи и членка на НАТО, а сега и претседавачи со ОБСЕ“, изјави Османи.

Македонија | пред 2 години

sobranie-obedineti-nacii

Русија: Косово сè уште е главниот извор на тензии на Балканот, создавањето невозможни услови за живот на Србите е нивна задача број еден

Жестоки дискусии на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која беше претставен шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН за работата на мисијата на ОН на Косово и Метохија.По говорот на министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, претставникот на т.н. Косовската Доника Гервала Шварц, која ги обвини „српските екстремисти и Вучиќ“ за порастот на тензиите, а ја спомна и „руската агресија во Украина“.Неа ѝ одговори претставникот на Руската Федерација, Василиј Небензја, кој ја советуваше да не се обидува да филозофира или да изнесува геополитички анализи.„Искрено, не го направивте тоа многу успешно. Подобро би било да се концентрирате на ситуацијата во Косово и Метохија, наместо да зборувате за внатрешната и надворешната политика на Србија, во која ги гледате постапките на Москва. Тоа е многу ласкаво“, рече тој.Небензја истакна дека ќе зборува за вистинската состојба на работите.„Косово сè уште е главниот извор на тензии на Балканот. Безбедносната ситуација се влоши, и заслужува поголемо внимание од меѓународната заедница и Советот за безбедност на ОН. Процесот на систематско кршење на правата на Србите започна во 1999 година, а сите овие години гледаме ползечко етничко чистење По 20 години бројот на Србите јужно од Ибар драстично е намален“, изјави рускиот претставник.Како пример наведе дека пред војната во Приштина живееле 40.000 Срби, а денес ги нема ни стотина.„Приштинските власти на чело со Курти се обидуваат да достигнат нови височини во угнетувањето на Србите. Создавањето невозможни услови за живот на Србите е нивна задача број 1 и тие продолжуваат да го заплашуваат српското население. Од почетокот на 2022 година има повеќе од 200 напади на Срби, како и на нивните имоти и верски места, што е двојно повеќе во споредба со претходната година“, рече претставникот на Руската Федерација.Василиј Небензја потсети и на заканата за забрана на неутралните регистарски таблички и рече дека 31 октомври е важен датум.„Постојано се кршат имотните права на Србите, а пример за тоа е манастирот Дечани, кој е на листата на загрозено наследство на УНЕСКО. Атмосферата на омраза кон Србите постојано се засилува. Веќе во 2013 година беше договорено да се формира Сојузот на српските општини. Ова на прифатлив начин ќе ги обезбеди правата на Србите на Косово. Но Приштина го одбива тоа, тврдејќи дека Србите се најзаштитеното национално малцинство во Европа. Во реалноста, никој не се ни обиде да ја принуди Приштина да го спроведе она што беше договорено, дури ни ЕУ“, рече Небензја.Тој вели дека на барање на САД, Брисел сега бара меѓусебно признавање.„Создадена е косовската армија, што е јасно кршење на резолуцијата 1244. Приштина сè уште бара воена поддршка, радио-електронски комплекси, како и артилерија со долг дострел. Тоа покажува дека нивните намери не се мирни. Западните земји се однесуваат како ако резолуцијата 1244 воопшто не постои, и се бара „алтернативно“ решение кое би ја фаворизирало Приштина“, рече рускиот амбасадор.Небензја вели дека Русија целосно ја поддржува мисијата на ОН на Косово и Метохија и дека таа е најважниот гарант за мирот во покраината.„Но, очекуваме мисијата да биде реална. Руските претставници беа малтретирани од таканаречената косовска полиција. Исто така, имаше кршење на меѓународното право кога претставникот Антонов беше прогласен за персона нон грата“, рече тој.Претставникот на Руската Федерација вели дека руската позиција за Косово е непроменета - ќе поддржиме решение кое е прифатливо за Белград и Приштина, кое би се засновало на резолуцијата 1244, во согласност со меѓународното право и поддржано од Советот за безбедност на ОН.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања