Слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во 22:43 часот, а беше почувствуван и во Скопје и неговата блиска околина со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека епицентарот на потресот бил на територијата на соседно Косово, на околу 39 километри североисточно од главниот град.
Земјотресот го регистрирала Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија преку сеизмолошките станици поставени низ целата држава и одржувани од страна на Сеизмолошката опсерваторија.