Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Тетовскиот ГУП ќе го изработи косовска компанија, но со пари од домашни фирми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-33-8670PM

ГУП-от за Тетово ќе го изработува фирма од Косово, а за тоа ќе платат приватни компании кои документот ќе ѝ го донираат на општината – ова, според граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“, било соопштено на јавната презентација на планот. Процесот, велат од иницијативата, ќе го спроведуваат општински службеници со контроверзно минато.

— реклама —

Оттаму детално во објава на ФБ ги појаснија сите детали:

Општина Тетово на ден 01.08.2025 година организираше јавна презентација на процесот за изработка на нов Генерален урбанистички план на Тетово. Презентацијата се одржа во пикот на сезоната на летни одмори и во очи на најголемиот државен празник Илинден, а Општината ја информираше јавноста за одржување на таков настан само два дена претходно. Нашиот повик за одложување се разбира дека не вроди со плод.

— реклама —

Бидејќи никаде не е објавена официјална информација, од нашите претставници присутни на настанот дознаваме дека ГУП-от ќе го изработува фирма од Косово. На средбата била споделена ваква информација, како и тоа дека изработката ќе биде финансирана од приватни фирми. Одговорни за спроведување на процесот од страна на Општина Тетово се претседателката на комисијата за урбанизам Ревиде Рамани-Мурсели и раководителот на секторот за урбанизам Рилинд Селмани.

Рамани-Мурсели е позната по скандалот во кој со злоупотреба на својата службена положба му дозволила на сопругот да изгради и легализира викендичка на Попова Шапка на туѓо земјиште.

Селмани е познат по изјавата дека не е спорно тоа што никнуваат згради и со по четири дивоизградени катови и не е спорно што тоа е кривично дело за кое се лежи затвор - важно е што Општината отпосле ќе го сменела ДУП-от и дополнително ќе им издала соодветно одобрение на таквите дивоградби. Потсетуваме дека плановите се подзаконски акти кои немаат и не можат да имаат ретроактивно дејство.

Прашуваме зошто се незаменливи непознатата фирма од Косово, Ревиде Рамани-Мурсели и Рилинд Селмани? Како е избрана косовската фирма и зошто не е објавен склучениот договор? Колку за тоа и кому сѐ ќе биде платено? Кои форми донираат изработка на ГУП и кој е нивниот интерес? Зошто ГУП не го изработува државната Агенција за планирање на просторот, имајќи предвид дека тоа беше неколку години во нејзината работна програма?

Потсетуваме и на јавното соопштение на Општина Тетово од 31 јули, во кое Општината тврди дека фирмата на која за смешни пари градоначалникот Касами го продаде јавниот паркинг кај Градскиот пазар донирала 200 000 евра за изработката на ГУП. Правдајќи го продавањето, признаваат корупција!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања