Подржувачите на Вучиќ, членовите на СНС, вечерва ќе протестираат против студентските блокади.
Протести се најавени низ цела Србија. Според нив блокадите го нарушуваат секојдневното функционирање на државата и дека граѓаните сакаат да се вратат во нормалниот живот и работа.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека денес ќе присуствува на митинг и дека тоа ќе биде семеен собир кој ќе биде мирен и ќе испрати порака за тоа каква Србија сакаат мнозинството нејзини граѓани.
„Ќе учествувам а таму нема да има полиција. Тие ја напаѓаат полицијата затоа што знаат дека нашите полицајци се толерантни“, изјави Вучиќ вчера на гостување во ТВ Пинк.
Најавени е дека граѓаните ќе се соберат од 18:00 часот и тоа во 120 градови и населени места, по што се планирани мирни маршеви против блокадите.