Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Никезиќ до Вучиќ: Вие сте претседател само на Ќациленд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryuo0gf562190g8tmm7ow

Душан Никезиќ, потпретседател на партијата Странка на слобода и правда и пратеник, му упати отворено писмо на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој го обвинува Вучиќ дека на учениците од Петтата београдска гимназија им порачал дека, ако не им се допаѓа новата директорка, можат и да не одат во школа, бидејќи средното образование не било задолжително.

— реклама —

„Александре Вучиќ, вие сте денес само претседател на Ќацилед, што го поврдивте со пораката: ако не им се допаѓа вашата Dron Lady Danka, не треба ни да одат во училиште”, му напиша Никезиќ на Вучиќ.

Никезиќ на платформата Х поставува низа прашања, укажувајќи на проблеми во функционирањето на училиштето:

— реклама —

– дали учениците треба да престанат да одат на настава затоа што не се согласуваат со тоа што директорката отпуштила една третина од наставниците, поради што дневно се губат по два часа;

– дали треба да се откажат од училиштето ако сметаат дека е неприфатливо наставник по математика да чита решенија од мобилен телефон и да пишува „минус нула“;

– дали треба да го напуштат образованието затоа што директорката го укинала Советот на родители, матурската екскурзија и наградата за ученик на генерацијата;

– и дали е прифатливо директорката во работно време да гостува на таблоидни телевизиски канали.

Тој го прашува претседателот дали ваквата порака е достојна и примерена за земја која се соочува со недостиг на образование и од која секоја година околу 50.000 млади заминуваат во Европската унија во потрага по поквалитетни услови за живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ во Белград: ЕУ да нè прими сите заедно, инаку проблемите остануваат

Македонија | пред 1 ден

vucic-45345

Вучиќ: Изморен сум од претседателската функција, но премиерската е опција

Свет | пред 1 ден

vucic-41421

Напнатата реторика на Балканот – Вучиќ предупредува на „ескалација без преседан“

Балкан | пред 1 седмица

vucic

Вучиќ ќе ги тужи „Гардијан“ и „Дејли мејл“ за мешање на неговото име во „Сараево сафари“

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања