Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на денешниот фудбалски натпревар од Првата македонска фудбалска лига меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи, одигран на тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека лицата се приведени на две одделни локации во Скопје, поради фрлање пиротехнички средства спротивно на Законот за спречување насилство на спортски натпревари, како и поради дрско и непристојно однесување и непочитување наредби од полициски службеници.
Според МВР, против приведените ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Инцидентите се случиле непосредно по завршувањето на натпреварот, по што полицијата интервенирала за да спречи дополнително нарушување на јавниот ред.