(Видео) Калиопи го доби најуникатниот подарок по три концерти за еден месец!
Македонската поп-дива за помалку од еден месец трипати ја исполни салата на Филхармонијата до последно место.На овие вечери, долги два и пол часа без пауза, ги изведе своите најголеми хитови, сподели позитивна енергија и раскажа моменти непознати за дел од публиката. Аплаузите не престануваа, а социјалните мрежи беа преплавени со пофални објави.Вториот концерт доби посебна магија уште пред да започне. Мила и Анастасија – едни од најмладите фанови на Калиопи – ја пречекаа зад сцената и ја изненадија со рачно изработени патики од „РВР бренд“. На нив биле испишани стихови од „Црно и бело“, нацртан ликот на Калиопи и нејзина карикатурна верзија во стилот на серијата „Симпсонови“. Вакви персонализирани модели брендот досега има создадено за десетина балкански и светски имиња, меѓу кои и за Џејсон Деруло, а поп-дивата се вброи меѓу нив.На концертот се развеа и македонското знаме, а Калиопи порача: „Знаете што, мои Македонци, браќа и сестри, благословени сме ние луѓе. Секаде нè сакаат, сега уште ние да научиме себеси да се сакаме повеќе.“Од сцената го спомена и Ромео Грил, за кого рече дека „ја знаел најдобро“ и ги пишувал зборовите што таа сакала да ги каже, а не можела да ги напише. Го прозва и Васил Зафирчев, кој доби громогласен аплауз.„Прагма продукција“ го најави и четвртиот концерт на Калиопи, закажан за 30 декември, кој е речиси целосно распродаден. Последните билети се достапни на kupikarta.com.
Магазин | пред 2 дена