Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

фемицид

semejno-nasilstvo

ОН алармира: Секои 10 минути е убивана по една жена – фемицидите достигнаа црн рекорд во 2024 година

Минатата година, светот повторно се соочи со застрашувачки размери на насилство врз жените. Според најновите процени на Обединетите нации, во просек на секои десет минути животот го губела една жена или девојка, убиена од свој партнер или член на семејството.Овие податоци се дел од најновиот глобален извештај за фемициди, што вчера го објавија Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДК) и UN Women. Според анализата, во 2024 година во светот биле убиени околу 83.000 жени и девојки, а речиси 60 отсто од нив биле жртви на лица со кои имале интимна или семејна врска.За споредба, кај мажите само околу 11 проценти од убиствата биле извршени од партнер или роднина – драматична разлика што дополнително ја потврдува родовата специфичност на фемицидот.Регионалните податоци покажуваат дека најголемиот број фемициди минатата година биле забележани во Африка – дури 22.600 случаи. Следува Азија со 17.400, Америка со 7.700, Европа со 2.100 жртви и Океанија со 300.Африканскиот континент, освен по бројот, е водечки и по стапката на фемициди извршени од партнери или семејни членови – три убиени жени или девојки на 100.000. Европа има најниска стапка, од 0,5 на 100.000.Податоците од 2023 година, наведени во минатогодишниот извештај, покажуваат дека од 85.000 жени и девојчиња убиени во насилни околности, 51.100 биле жртви на сопствени партнери или роднини. Новиот извештај потврдува дека трендот не само што продолжува, туку се продлабочува, поставувајќи уште поитна потреба за глобални мерки против насилството врз жените.

Свет | пред 2 седмици

rosica

По убиството на Росица — „Ниту една повеќе!“ повикува на блокада пред паркот „Жена Борец“

По убиството на Росица, феминистичкото движење за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните да се приклучат на блокадата што ќе се одржи денес од 18 часот пред паркот „Жена Борец“ во Скопје.Организаторите велат дека целта е јавно и солидарно да се испочитува барањето за еднаквост и живот без насилство. „Движењето е резултат на нашиот гнев – затоа што жените во оваа држава не се заштитени – и нашиот страв за тоа уште колку жени живеат во насилство или под ризик од насилство, чии крици за помош се задушени секој ден. Но, истовремено е и резултат на нашата храброст и одлучност: наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме дека нема да има ниту една повеќе. Целта ни е да изградиме заедништво и решително да покажеме дека не може да се продолжи како досега – да покажеме надеж за иднина без насилство, но и должна правда за сите жртви кои не беа навремено заштитени“, порачуваат од „Ниту една повеќе!“.Тие ги повикуваат сите граѓани да дојдат, да го искажат своето мислење и чувство, да предложат што треба да се подобри во системот и заедно да дискутираат за решенија против институциите кои, според нив, го загрозуваат животот на граѓанките.

Македонија | пред 2 месеци

rosica-1

Убиството на Росица ја отвори сликата за институционалните пропусти: Судија дал условна казна и покрај докажани напади, сторителот имал седум пријави и активни мерки за забрана

Илија С., кој на 15 септември во Велес ги уби својата поранешна девојка Росица Коцева и нејзиниот татко Киро, а потоа се самоуби, го сторил делото и покрај тоа што имал изречени судски забрани и условна казна.Канал 5 објави дека судијата Шефшет Адеми претходно му изрекол условна казна за две кривични дела – Насилство и Загрозување на сигурноста – иако биле докажани обвинувањата. Во еден случај ја нападнал Росица додека го шетала кучето, удирајќи ја по глава и лице, а во друг, пред неа физички го нападнал нејзиниот партнер. Наместо затворска, добил условна казна поради „олеснителни околности“ – тоа што бил неосудуван и се однесувал коректно во судница.Во меѓувреме, „Сакам да кажам“ објави дека во моментот на убиството против Илија биле активни две судски мерки: забрана за напуштање на местото на живеење – Скопје, како и забрана за приближување и контакт со Росица. Дополнително имал три заштитни мерки – забрана за закани, вознемирување и приближување на помалку од 100 метри од жртвата. Сепак, тој дошол во Велес и ги прекршил мерките. Ова го сторил и претходно, во месец мај, кога Росица пријавила во Обвинителството.Росица претходно седум пати го пријавила во полиција, вклучително и за палење на автомобил и за други акти на насилство.Граѓаните протестираа под мотото „Ниту една повеќе“, барајќи независна истрага за институционалните пропусти и пораката дека игнорирањето и минимизирањето на насилството врз жените може да има фатални последици.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn5vlo6dr4h2u11n4JSq

Протест пред МВР: Росица немаше да биде убиена ако се постапувало, бараме одговорност од обвинители, судии, полицајци

Пред МВР, граѓани се собраа на протест бидејќи сметаат дека институциите се виновни за фемицидите во Македонија. Иницијалната каписла за ова е убиството на Росица Коцева од Велес, убиена заедно со нејзиниот татко, од страна на поранешниот парнтер Илија кој се самоубил. Присутните упатија барања, „институционална одговорност и санкции, бараме оставки дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите на социјалните работа“. Потоа, упатија порака да се направат обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството, Центрите за социјална работа. На протестот се скандираше: „Ниту една повеќе“.„Се собираме скршени од тага, и разбеснети од колективниот крах на системот, игнорантскиот однос кон жртвите на насилство, кој доведува до фемициди. Се случи уште еден фемицид и сите институции кои минимизираат и релативизираат со години, поттикнуваат и дозволуваат насилство врз жените се виновни. И полицијата, и Центрите за социјална работа, и Обвинителството, и судовите. Образовниот систем наместо да промовира родова еднаквост и емпанија, со својот пристап придонесува кон креирање на сексисти и насилници. Покрај страшната некоординираност, и затајувањето на институциите, кон фемицидирите придонесуваат молкот, стигмата и срамот, немањето чувство за колективна одговорност“, рече активистка.„Росица немаше да биде убиена, ако се постапувало по протоколи, ако криците за помош беа слушнати, а реакциите беа навремени. Доколку сите претходни пријави од нејзиниот убиец, од неговите претходни жртви, беа сфатени сериозно. Каде се тие пријави? Постапил ли некој по нив или растела листата? Државата во која живееме, создава совршени услови, насилниците да просперираат, додека ние се плашиме и криеме, додека се плашиме за нашите животи“, додаде таа.

Македонија | пред 2 месеци

media-library4vop5uaakv2g5Su6XT1

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24. Каранфилова-Пановска порача дека овие настани го оправдуваат барањето на СДСМ за политичка одговорност на министерот за внатрешни работи Тошковски.„Некој неработењето на институциите го платил со живот. Бараме политичка одговорност од министерот за внатрешни работи Тошковски затоа што во низа во изминативе шест, седум месеци се редат настани во кои МВР е одговорно. ВМРО-ДПМНЕ покажува тенденција да ги игнорира проблемите, да ги става под тепих, да се труди да ги покрие со некакви други измислени политички манипулации.“, рече Каранфилова-Пановска.Во однос на убиството на младата девојка од Велес, Каранфилова-Пановска посочи дека Центарот за социјални работи и Подрачната единица на МВР во Велес имаат обврска да прават анализа и да предвидуваат ризици, ако веќе било познато дека жртвата неколку пати пријавувала насилство.„Трагичниот настан со фемицидот во Велес и практично двојното убиство покажува една историја на насилство кое не било санкционирано од институциите. Подрачната единица на МВР во Велес, со оглед на тоа дека жртвата повеќепати пријавувала дека е жртва на насилство од нејзиниот поранешен партнер, не презела сериозни мерки, за да истото го спречи. Затоа бараме политичка одговорност од министерот Тошковски, бараме независна истрага и кривична одговорност од сите полициски службеници и сите други службеници во Центарот за социјални работи кои што заради непостапување довеле до тоа младата девојка да биде брутално убиена иако за тоа имало сигнали“, рече Каранфилова-Пановска.Во дебатата таа посочи дека во време на владата на СДСМ се водеше сериозна сметка за родово-базираното насилство.„Фемицидот стана дел од Кривичниот законик како кривично дело, кое што точно одредува што и како треба да се прави за да тоа не се случува. Родово-базираното насилство беше третирано и од аспект на тоа како да се обезбеди заштита на жртвите и преку МТСП и преку шелтер-центри – сè што денеска гледаме дека не се случува. Нема еден денар во Министерството за труд и социјална политика кој што е наменет за шелтер-центрите“, рече Каранфилова-Пановска.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-09-17-at-14.47.11

Протест пред МВР поради фемицидот во Велес – граѓански организации повикуваат „Ниту една повеќе“

Утре, 18 септември, со почеток во 17:30 часот, пред главниот влез на Министерството за внатрешни работи ќе се одржи протест, а во 18:00 часот ќе следи блокада кај Жена Парк Борец, како заеднички крик против колапсот на институциите што, како што велат организаторите, дозволуваат континуирано насилство врз жени што завршува со фемициди.„Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да излеземе на улица – онаму каде што насилниците слободно чекорат и просперираат, додека жените се плашат за своите животи!“, порачуваат од Хелсиншкиот комитет, кој е меѓу организаторите.Под мотото „Ниту една повеќе“, протестот, според организаторите, има за цел да потсети дека фемицидите на кои им претходи сериозно партнерско или семејно насилство се зголемуваат, а убиството на 31-годишната Росица Коцева од Велес е последен трагичен пример.„Убиството на Росица, и на сите жени брутално убиени од свои сегашни или поранешни партнери, можеше и мораше да биде спречено, а тие да бидат заштитени. Секој глас е важен. Дојди и кажи гласно дека женските животи не се безвредни!“, велат од Хелсиншки.Организаторите предупредуваат дека институциите – полицијата, обвинителството, судовите и центрите за социјална работа – не постапиле согласно протоколите за заштита и законските обврски, што резултирало со уште една ненадоместлива загуба.

Македонија | пред 2 месеци

rosica

Статус на еден татко: „Татковците да ги научат синовите - жената не е трофеј, љубомората е болест, и „не“ навистина значи „не“!

Андреа Јанков, кандидат за советник во Град Скопје од „Левица“, за последниот фемицид во Велес, за убиството на Росица Коцева, со статус на Фејсбук проговори како татко – со апел до родителите да ги научат синовите дека жената не е трофеј, љубовта не е поседување, а „не“ навистина значи „не“.-Како татко на син, знам дека татковството носи со себе огромна одговорност, не е мое само да го нахранам, облечам и испратам на училиште, туку пред се да му покажам што значи да се биде човек и маж.Фемицидот кој се случи во Велес, покрај неспособноста на институциите, е последица и на невоспитаноста на деца кои подоцна растат во емоционално нестабилни луѓе, кои не разбираат што се граници, и кои не сфаќаат кога „не“ навистина значи „не“.Ние, татковците и мајките, сме првите што мора да ги научиме синовите:-дека жената не е трофеј или предмет-дека љубовта не е поседување-дека посесивноста и љубомората се форми на болест, а не љубов-дека достоинството на друг човек не смее да се гази заради моментална страст-дека не постои оправданост за насилно однесување во случај на одбивањеМора да ги научиме дека да сакаш некоја личност значи да ја оставиш слободна, а не да ја врзеш со синџири од љубомора.Јас го учам мојот син дека силата на мажот не е само во мускулите, туку во способноста да ја контролира својата агресија. Дека успехот и големината на мажот не се мери со бројот на девојки кои ќе ги има, туку со почитта што ќе ја добие од луѓето околу него.Затоа родители, разговарајте со вашите синови за љубовта, за границите, за почитта. Подобро е навидум непријатен разговор дома, отколку трагедија надвор.За подобра иднина, да се погрижиме децата да не ни бидат слепи слуги на своите нагони, туку емпатични битија кај кои императив во однесувањето ќе им биде благосостојбата на другите.

Коментари | пред 2 месеци

IMG_7454

Росица Коцева безброј пати го пријавувала Илија за насилства и закани - детална евиденција од СВР Велес

МВР информира дека во врска со Илија Стефановски (39) од Скопје, кој го изврши двојното убиство во Велес, извршени се проверки во евиденциите во СВР Велес во врска со кривично - правни настани пријавени од 31-годишната Р.К. од Велес, при што евидентирано е следното:-На 26.01.2025 во 23:30 часот во СВР Велес, Р.К.(31) пријавила поплака против И.С.(39) од Скопје дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес ја вознемирувал додека шетала куче. За наведеното И.С. е предупреден.-На 21.02.2025 во 01:40 часот во СВР Велес пријавила дека во периодот од 22:10 до 23:00 часот на 20.02.2025 во двор на основно училиште во Велес била физички нападната од И.С. од Скопје, со кого претходно била во врска.-На 04.ОЗ.2025 во 00:25 чaсот во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес го лишиле од слобода И.С.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во ходник од станбена зграда на улица „Христо Татарчев“ во Велес, физички го нападнал И.М.(35) од Велес, додека бил со неговата пријателка Р.К.(31) од Велес. И.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и поднесен е соодветен поднесок.За претходно наведените настани, а по барање на ОЈО Велес, во врска со пријавени настани од Р.К. против И.С. за временскиот период од 27.12.2024 до 01.03.2025, до ОЈО Велес доставени се примероци од сите службени материјали-На 18.05.2025 во 14:30 часот во СВР Велес пријавила дека на неколку локации во Велес, И.С.(39) од Скопје испишал графити со навредливи и заканувачки содржини во кои директно е наведено нејзиното име и презиме и нејзиниот полубрат, како и во повеќе наврати пишувал пораки на нејзиниот татко и на нејзина пријателка преку социјални мрежи, со навредлива содржина упатени кон неа и побарала И.С. да се предупреди.До СВР Скопје е испратен службен материјал, по однос на пријавата, каде бил извршен службен разговор со И.С. кој ја негирал поврзаноста со наведениот настан, за што бил изготвен и службен материјал.-На 18.05.2025 во 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на паркинг простор на улица „Петре Прличко“ во Велес настанал пожар во патничко возило „мицубиши“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на К.К.(74) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес. По преземени мерки е утврдено и пријавено од 31-годишната Р.К.од Велес дека во периодот од 22:00 часот на 17.05.2025 до околу 05:30 часот на 18.05.2025 возилото било одземено од пред домот на нејзиниот татко. Се работи на расчистување на случајот.-На 19.06.2025 во 14:30 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес, со која е извршен службен разговор во врска со пријава од вработена во продажен објект во Велес, дека пронашла УСБ залепено на влезна врата од објектот, на кое имало слики и видео записи со експлицитна содржина од нејзе и И.С.(39) од Скопје.-На 07.07.2025 во 13:00 часот во СВР Велес била повикана Р.К.(31) од Велес, по издадена наредба од ОЈО, каде таа пријавила дека И.С.(39) од Скопје не ја почитувал мерката забрана за приближување, за во СВР Велес да приложи доказен материјал во однос на пријавата и од страна на СВР Велес материјалот е доставен во ОЈО.Од извршените проверки, евидентирана е и кривична пријава поднесена од СВР Скопје против И.С. за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“ предвидено по член 130 став 2 од КЗ за настан случен на 27.12.2024.Исто така, извршени се и проверки во евиденциите во СВР Велес во врска со пријави од И.С. против Р.К., при што евидентирано е следното:-На 09.02.2025 во 19:20 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.-На 22.05.2025 во 14:30 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје, пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.-На 05.06.2025 во 17:00 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје, пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања