Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Од омаловажување до восхит: Енди Родик со најсилни пофалби за Новак Ѓоковиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Спорт
IMG_0656

Новак Ѓоковиќ и поранешниот американски ас Енди Родик низ годините имаа бурна историја исполнета со несогласувања, провокации и отворени судири. Родик, некогаш еден од најгласните критичари на српскиот тенисер, долго време го обвинуваше дека глуми повреди и намерно предава мечеви, а самиот призна дека еднаш дошло и до физички контакт меѓу нив во соблекувална.

— реклама —

„Не сакам да откријам со кого имав судир, но ќе ви кажам дека името му се римува со ‘Шмовак Шмоковиќ’“, изјави Родик.

Според него, инцидентот се случил на еден УС Опен, кога, по неговите провокации пред мечот, Ѓоковиќ го победил на теренот, а потоа продолжил да го „цврчори“ во соблекувалната.

— реклама —

„Веднаш скокнав кон него, го фатив и го турнав во ормарите“, откри Американецот. Тогашните медиуми тврдеа дека се работи за турнирот во 2008 година, кога Родик цинично изјави дека Ѓоковиќ е „единствениот играч на светот кој со 16 повреди може да добие меч“.

RPgWoOon8-w

Две децении подоцна, реториката е сосема поинаква. Додека уште траат шпекулациите за евентуалната пензија на Ѓоковиќ, 38-годишниот Србин неодамна го освои својот 101. трофеј и покажа дека крајот не е на повидок. Родик, негов поранешен ривал и критичар, денес зборува со огромно почитување, споредувајќи го со Леброн Џејмс.

„Во спортот сè земаме здраво за готово“, рече тој. „Леброн се врати по еден месец пауза и веднаш запиша 12 асистенции. Тоа е неверојатно. Тој е во својата 23-та НБА сезона и сè уште знае како да биде најдобрата верзија од себе. Исто е и со Новак“.

Родик посочува дека и Ѓоковиќ и Леброн се соочуваат со годините и повредите, но успеваат да останат врвни благодарение на интелигентна адаптација, искуство и неверојатна ментална сила.

Американецот ја истакна и сезоната 2025 како една од најимпресивните што ги видел, потсетувајќи на легендарниот поход на Џими Конорс на УС Опен во 1991 година, кој на 39 години стигна до едно полуфинале – подвиг што тогаш беше прогласен за чудо.

„Новак е една до една и пол година помлад од Конорс во таа сезона, а успеа да стигне до четири полуфиналиња на Грен слем турнирите оваа година“, рече Родик. „Не смееме да го земаме тоа здраво за готово. Тоа што го направи е навистина неверојатно.“

Од некогашна соблекувална полна со искри до денешни јавни пофалби, врската меѓу Родик и Ѓоковиќ најдобро го одразува она што многумина го немаат храброст да го признаат: дека тенисерот од Србија, и на 38 години, го продолжува својот пат како најконстантен и најуспешен играч на својата ера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_0656

Ѓоковиќ по тешка битка во Шангај: „Публиката ме крена – неверојатна поддршка, и покрај бруталните услови“

Свет | пред 2 месеци

IMG_0656

Ѓоковиќ повторно испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Спорт | пред 3 месеци

453504765_18456274717030927_4996560107650704942_n

Ѓоковиќ го собори рекордот на Федерер

Спорт | пред 10 месеци

novak-severina

Ѓоковиќ и Северина со силна поддршка на студентите во Србија

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања