Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Голем протест во Скопје – се бара ослободување на Тачи и лидерите на ОВК од Хаг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Скопје
media-library0i20al20rdrt4k99z23

Плоштадот „Скендербег“ во Скопје оваа сабота, на 13 декември, ќе биде центар на регионален собир на кој ќе се побара ослободување на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Хашим Тачи, Кадри Весели и други притворени од Специјализираните совети во Хаг. Организаторите најавуваат мирен протест и велат дека целта е „побарување правда“ за, како што тврдат, неправедно притворените.

— реклама —

Иницијативата е поддржана од организации произлезени од конфликтот во Косово, кои сметаат дека хашкиот процес е политички мотивиран и дека има за цел ревизија на историјата на косовскиот конфликт.

Џавит Јашари, претседател на Здружението на семејствата на паднатите борци на ОВК, изјави дека протестот не е насочен против правдата, туку против неправдата.

— реклама —

„Нашата единствена цел е да побараме правда и да изразиме солидарност со Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и сите други кои неправедно се држат во Специјалниот суд во Хаг. Ние не повикуваме на спротивставување на правдата,“ рече Јашари, обвинувајќи дека судот тесно соработува со обвинителството на Србија за да ја оцрни ОВК.

Организаторите велат дека се чека само формално одобрение од Град Скопје за одржување на протестот.

„Според законот, поднесовме две барања до Град Скопје. Добивме заклучок да ја платиме комуналната такса, што го направивме, и очекуваме дозволата да биде издадена без пречки, бидејќи тоа е уставно право,“ истакна Бујар Дардишта од Организацискиот совет.

Организаторите очекуваат голема мобилизација од регионот.
„Упатуваме повик до сите граѓани на РСМ и до Албанците во Албанија, Црна Гора и Косово, како и до сите организации и здруженија, на 13 декември во 13 часот да ни се придружат на плоштад ’Скендербег‘,“ порача Фадил Шурџај, претседател на Здружението на инвалидите од војната на Косово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

taci_i_ahmeti-35890

Тачи и официјално му сврте грб на Ахмети: ДПА и јас нема да бидеме дел од Европскиот фронт

Македонија | пред 1 година

rama

Рама ли ќе ни ја крои судбината? - Бура во јавноста пред албанските политичари од Македонија да заминат во Тирана

Коментари | пред 2 години

ljube-boskovski-2

Aко на СДСМ им пречи црната листа на САД дали тоа значи дека Бошкоски и Тачи ќе ги исфрлат од коалицијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања